Автор: инфодеск
Post Views: 276 Времето денеска во Македонија променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Во Охрид променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната до 10 степени, а максималната дневна температура до 14 степени целзиусови.ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ денови : Во четврток во Македонија ќе се задржи облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Во петок и сабота ќе биде посончево, а во петок попладне на места ќе биде нестабилно со пороен...
Воска Спорт со триумф над Детонит, Охрид загуби од Слога
Post Views: 388 Екипата на Воска Спорт која покрај тоа што и офицјално обезбеди историски пласман во Првата македонска фудбалска лига, со триумфот на Детонит Плачковица во претпоследното коло од Втора лига, речиси сигурно ќе биде и шампион.Воска на „Билјанини Извори” го доби Детонит Плачковица во меч со осум погодоци (5:3), со што во последното коло ќе гостува во Велес кај „фенерџијата” Борец, каде повеќе од сигурно е нов триумф за Воска, која покрај обезбедениот влез во елитата на Македонија ќе биде и шампион во Втората македонска фудбалска лига.Најдобриот...
Продолжен рокот на Јавниот повик за членови на Локалното собрание на млади
Post Views: 311 Општина Охрид го продолжи рокот за пријавување на Јавниот повик за членови на Локалното собрание на млади на Општина Охрид. Рокот се продолжува за 10 дена.Повикот можете да го прочитатае ТУКА.
Турнир во баскет за Светскиот ден на физичката активност
Post Views: 254 По повод Светскиот ден на физичка активност, утре на 10.05.2023 година (среда) во ООУ „Св.Климент Охридски“ ќе се одржи завршен турнир во баскет од сезона 2022/2023 за основните училишта во рамките на училишните спортски лиги.Турнирот го организира Сојузот на училиштен спорт во соработка со Одделение за спорт и млади при Општина Охрид.Натпреварите започнуваат во 8:30 часот, а официјалниот дел од настанот ќе се одржи во 11:00 часот.
Со исказ на дежурната акушерка продолжи судењето за родилката од Дебар
Post Views: 358 Со сослушување на единствениот повикан сведок, медицинска сестра од општата болница Струга денес продолжи судскиот процес за родилката од Дебар, која во август 2020 година при породување остана без три органи. Акушерката Сарита Пешиноска раскажа дека родилката Јилдаз Веапоска се жалела на болка, но сакала да си оди од болницата. Дежурната докторка Лилјана Јованоска, денес третообвинета , не ја пуштала туку направила анализи и го повикала првообвинетиот доктор, па родилката ја внеле на повторна операција во сала.Веапоска за медиумите рече сакала да си оди...
78 години од победата над фашизмот одбележани во Дебрца
Post Views: 303 Положено свежо цвеќе на Споменикот на револуцијата, победата и слободата „Кременатец“ во Белчишта, Општина Дебрца. Градоначалникот Зоран Ногачески, претставници од Сојузот на борците од Народноослободителната и Антифашистичката војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи од Охрид и Дебрца го одбележаа 9ти Мај Денот на победата над фашизмот.„Ние, граѓаните на Дебрца сме посебно горди на овој Ден, бидејќи Дебрца е местото каде се исковани најголемите придобивки од Народноослободителната и Антифашистичката војна на Македонија, 1941-1945 година.“...
Повторена јавна анкета и презентација за Предлог ДУП во УЗ 16, КО Велестово
Post Views: 419 Општина Охрид соопштува дека ќе биде повторена јавна анкета и јавна презентација за Предлог Дуп во УЗ 16 дел од УБ 16.1 опфат 3, КО Велестово, Охрид 2017-2022 со тех. бр. 28/2017 од февруари 2023 год. изработен Трговско друштво за производство, трговија и услуги НЈУ ВИЖЕН ДОО увоз-извоз Охрид. Планскиот опфат на Предлог ДУП во УЗ 16 дел од УБ 16.1 опфат 3, КО Велестово, Охрид 2017-2022 е со површина од 8.74 хектари.Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 15.05.2023 год. со почеток во 12.00 часот.Заради обезбедување...
Јавен оглас за поставување реклами на автобуски постојки во Охрид
Post Views: 362 Општина Охрид објави јавен оглас за добивање право за поставување на реклами на урбана опрема – автобуски постојки на подрачјето на општина Охрид за периодот 2023-2028 година.Локациите и бројот на автобуските постојки на кои ќе се поставуваат реклами се утврдени во Програмата за поставување на урбана опрема бр.08-17370/42 од 22.12.2022 година.Локациите за поставување на реклами на урбана опрема-автобуски постојки се вкупно 15 и се наоѓаат на територијата на општина Охрид и тоа на Бул.Туристичка, Јане Сандански, Питу Гули, 7-ми Ноември, Гоце...
Прво регионално првенство во Шах ,,Lake Queen School Cup 2023”
Post Views: 478 Вкупно 115 основци од општините Охрид, Дебарца, Струга и Вевчани беа дел од првото регионално младинско првенство во шах ,,Lake Queen School Cup 2023” што се одржа изминатиов викенд во ПУ „Јахја Кемал“ во Струга. Турнирот се организираше од страна на шаховскиот клуб „Младинска шаховска школа“ од Струга во соработка со шаховскиот клуб „Ласкер“.Учесниците на настанот ги поздрави заменик градоначалникот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, а свои обраќања имаа и Јусуф Сахин, директор на ПУ „Јахја Кемал“ и Сурија Таук, член на управниот одбор на Шаховската...
Во продажба билетите за ракометниот Куп во Охрид
Post Views: 320 Организаторот на завршните турнири во Купот на Македонија, ГРК Охрид објави дека oд денеска од 12 часот започнува продажбата на билети за сите натпревари.Поединечни билети за полуфиналните пресметки во машка и женска конкуренција ќе се продаваат по цена од 100 денари, за финалињата во двете конкуренции билетите ќе чинат 200 денари, додека пак блок карта за сите шест средби ќе чини 600 денари.Технички организатор на завршниот турнир на ракомениот Куп на Македонија е ГРК Охрид. Купот ќе се одржи од 11 до 13 мај во Спортската сала „Билјанини Извори”.
Во Охрид денеска облачно и посвежо време
Post Views: 330 Денеска во Македонија времето ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни над 25 л/24часа. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.Во Охрид претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура до 11 степени , а максималната дневна до 16 степени целзјусови.
Ресторанот „Томато“ во туристичка репортажа на германската RTL+
Post Views: 560 Убавините на градот Охрид, вкусната храна во ресторанот „Томато“ во центарот на Охрид и пристапните цени претставени во репортажа на германската RTL.Екипата на RTL три денови беше во Охрид и изработи репортажа за емисијата „Луѓе, моменти и приказни“. Во емисијата на гледачите им се претставува она што го интересира секој турист, сместувањето, интересни активности како крстарење по Охридското Езеро и вкусната храна.Целта на репортажата е на германската публика да им се прeтстават нови туристички дестинации за летен одмор со пристапни и прифатливи...