Автор: инфодеск
Post Views: 13 Во стандардниот фестивалски термин од 21 часот, „Охридско лето“ вечерва во црквата „Света Софија“ организира концерт на австрискиот контрабасист Доминик Вагнер и српско-австриската пијанистка Софија Палуровиќ.Роден во 1997 година во Виена, Доминик Вагнер е посветен на идеалот да го извади контрабасот од сенката на виолончелото и да ги прикаже индивидуалните можности на овој најдлабок инструмент во групата гудачки инструменти. Успева во неговата намера, не само со неговото сценско присуство, туку и со импресивната виртуозност, лирска мелодичност, како и со...
Одржан состанок на Локалниот совет за превенција на пожари во шумите
Post Views: 16 Вчера на иницијатива на СВР Охрид и локалната самоуправа во просториите на општина Охрид, состанок одржа Локалниот совет за превенција и Штабот за заштита и спасување на општина Охрид.-Целта на средбата беше анализа на степенот на загрозеност на шумите од пожари во регионов, поефикасна превенција, рано предупредување и спречување пожари на отворен простор и во шумски предели, зајакнување на комуникациите и координацијата помеѓу надлежните субјекти што стопанисуваат и управуваат со шумите и други мерки за нивна поефикасна заштита од пожари. Според изнесените...
20 спортско-рекреативни настани во рамките на второто издание на Ohrid Water Festival
Post Views: 12 Од 23-ти до 31-ви август 2024 година во Охрид ќе се организира второто издание на големата промотивно-спортска манифестација Ohrid Water Festival.Целта на фестивалот е популаризација на водените спортови на Охридското Езеро и промоција на уникатните потенцијали со кои располага Охрид како најголем туристички центар во Република Македонија.Во рамки на спортско-рекреативниот дел од програмата предвидена е организација на 20 спортски настани.Повеќе информации на официјалната веб-страница на фестивалот: www.ohridwaterfestival.mk
Прекин на водоснабдувањето на ул. „Гоце Делчев“
Post Views: 11 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 11:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“, од пресекот со улицата „Македонски Просветители“ до Здружение на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици од населбите, Кошишта, Воска и Далјан, информираат од ЈП Водовод Охрид.
Претставници од Општина Охрид учествуваа на турнир од Јадранската Текбал лига
Post Views: 23 Претставници на Општина Охрид беа дел од турнирот на Јадранската Текбал лига која се одржуваше иминатиот викенд во Бар, Република Црна Гора.На турнирот учествуваа натпреварувачи и спортски работници од Балканските земји, вклучувајќи ја и Полска.Во рамките на настанот, раководителот на Секторот за спорт, млади и невладини организации при Општина Охрид, Јоне Станковски оствари средби со претставници на Текбал федерациите од повеќе земји, на кој се дискутираше за поголема промоција на овој спорт во Охрид и Македонија. Исто така, на средбите било...
Јули поскап од јуни, синдикалната кошничка за јули 60.570 ден
Post Views: 11 Минималната синдикална кошничка за јули изнесувала 60.570 денари, објави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Ова претставува зголемување за 245 денари од јуни кога таа изнесувала 60.325 денари.Со изнајмен стан од 60 квадрати за јуни, минималната синдикална кошничка изнесува 75.945 денари.Вообичаено, најмногу пари се потребни за храна за што во јули за основните потреби биле потребни 22.008 денари, односно 36.3 отсто. Најголемиот трошок потоа се однесува на образованието – 7.022 денари по домаќинство (11.6%), потоа на станарина, вода, електрична...
„Полициско-родителска патрола” – превентивна кампања реализирана во Охрид
Post Views: 20 Викендов, Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Охрид во Охрид ја спроведе превентивната кампања „Полициско-родителска патрола”.Мешаните патроли составени од полициски службеници од Одделението за превенција, родители, претставници на Советот на родители во основните училишта, на Секторот за образование при локалната самоуправа, како и на Центарот за социјални работи извршија обиколка на угостителските објекти, како и на одредени места на отворен простор каде во ноќните часови најчесто се собираат и задржуваат младите.Целта на...
СВР Охрид апелира да не се палат огнови на отворено
Post Views: 11 Пради сѐ позачестените регистрирани пожари на подрачјето на СВР Охрид во кои е опожарена нискостеблеста вегетација, депонии, стрништа, СВР Охрид упатува апел до граѓаните, посебно до земјоделците и другите лица кои работат или се движат на отворен простор, да не палат огнови, од кои лесно и брзо може да избувнат пожари од големи размери и да предизвикаат значителна имотна и материјална штета. СВР Охрид потсетува дека предизвикувањето пожар, намерно или од невнимание, претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни пријави.-СВР Охрид ќе ги вклучи...