Skip to main content

Автор: инфодеск

Видео од ученици од ЕМУЦ, за притисокот и стресот на училиште, наградено на МАССУМ

Post Views: 850 Учениците Бобан Кочески, Иво Јовчески, Ален Бајрам и Димитар Димоски од паралелката III-3 од ЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” од Охрид, под менторство на професорот Ацо Вретоски, изработија видеоспот (видеореклама) за натпреварот Образовно рандеву МАССУМ 2023 на тема: ,,Притисокот и стресот во врска со учењето и успехот на училиште”, под наслов: ,,Голема цена за големи достигнувања: Совладување на стресот и постигнување успех”.Оваа видеореклама го освои второто место на МАССУМ во конкуренција од средните стручни училишта во Македонија.

Продолжи со читање

Воска ја пречекува Детонит Плачковица, Охрид гостува кај Слога

Post Views: 380 Утре се играат натпреварите од претпоследното вонредно 29. коло од Втората македонска фудбалска лига.Фудбалерите на Воска Спорт, кои веќе обезбедија историски влез во Првата македонска фудбалска лига, утре на „Билјанини Извори” ќе играат против екипата на Детонит Плачковица од Радовиш. Воска нема право на грешка доколку сака да стане шампион во Втората лига, со оглед на тоа што Гостивар има само два бода негатива во однос на охриѓани.Триумф над Детонит Плачковица ќе значи дека Воска Спорт ќе биде шампион во Втората лига, со оглед на тоа што во...

Продолжи со читање

Спасовски: Интерпол е клучна организација за глобалната безбедност

Post Views: 318 Улогата на Европа во борбата против новите облици на криминалот и важноста од споделувањето на информациите низ регионот и низ целиот свет во борбата против криминалот, се двете основни поенти на педесеттата по ред Европска регионална конференција на Интерпол, која во наредните три дена се одржува во Охрид.Претседателот на Интерпол Генерал Мајор Ахмед Насер Ал-Раиси , истакна дека и покрај оперативните успеси на Интерпол, на хоризонтот има навистина големи закани. Меѓународните убиства се повторно во пораст после еден период на опаѓање, но и новата...

Продолжи со читање

Укинување на сите задолжителни Ковид мерки

Post Views: 333 Комисијата за заразни болести ќе им препорача на Министерството за здравство, Владата и Главниот координативен кризен штаб да бидат укинат сите задолжителни мерки против ковид-19, изјави денеска портпаролот на Комисијата, д-р Злате Мехмедовиќ. На сила се четири мерки и тоа: носење на маски во болници, јавен превоз, аптеки и домови за стари лица и лица со посебни потреби.Оваа одлука следи откако минатата недела Светската здравствена организација (СЗО) прогласи крај на пандемијата на ковид-19, додавајќи дека веќе не претставува глобална здравствена вонредна...

Продолжи со читање

Се асфалтира улицата „Пирин Планина“

Post Views: 363 Денеска започнаа активностите за асфалтирање на улицата „Пирин Планина“.Изведувач на асфалтирањето е АД „Илинеден“, а активностите се во рамки на годишната програма за асфалтирање на пристапни улици и патишта. Асфалтираната површина на улицата „Пирин Планина“ изнесува околу 1300 метри квадратни.

Продолжи со читање

Започна уредување на шеталиштето на Црн Дрим од десната страна на течението

Post Views: 365 Денес почнаа работите за санирање на шеталиштето кај Црн Дрим од десната страна на течението, со многу поквалитетни камени плочки од досегашните кои се во лоша состојба.„Проектот има за цел да ја подобри состојбата за сите пешаци кои слободно и безбедно ќе се движат во овој дел, за локалното население и за туристите. Работите ќе продолжат со побрзо темпо, бидејќи во Струга во претстојниот период ќе се одржат повеќе форуми и слични настани од меѓународен карактер.“– велат од Општина Струга.На еден дел од ова шеталиште општината ќе воведе...

Продолжи со читање

Црвен Крст Охрид го одбележува Денот на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Post Views: 316 Со положување свежо цвеќе на спомен бистата на големиот хуманист Анри Динан денеска охридскиот Црвен крст оддаде почит кон основоположникот на најголемата хуманитарна организација во светот. Денеска на неговиот роденден се одбележува Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина.Пред спомен обележјето на Динан, кое е единствено во земјава пред седиштето на охридскиот Црвен крст, се поклонија претставници и волонтери од Црвен крст Охрид и Црвен крст на Репбулика Македонија и претставници од Советот на Општина Охрид.Претседателот на Црвен крст...

Продолжи со читање

Реставрација и конзервација на објектот на првиот хотел во Струга

Post Views: 635 Завршија предвидените работи од првата фаза на непосредна заштита при реализација на Конзерваторски проект за конзерватоско – реставраторски работи на архитектонски објект на ул. „Партизанска“ бб Струга. На објектот се изврши препокривање.„Стариот оштетен кров се демонтира и по извршена статичка пресметка се поставија нови кровни елементи. Се постави нов патос од даски , од внатрешната страна се постави термоизолација од минерална волна поставена меѓу роговите кои се затворија со гипсено картонски плочи. Над дасчениот под се постави паропропусна...

Продолжи со читање

Одблокирана сметката на охридската Општа болница

Post Views: 279 По скоро две години со намалување на долгот за речиси еден милион евра, одблокирана сметката на Општата болница во Охрид. Финансиската поддршка од Фондот за здравство и Владата , трпеливоста на добавувачите и домаќинското работење на менаџментот на установата, доведоа до решавање на овој проблем и враќање во нормала на функционирањето на болницата, кажа директорот на болницата Асен Шајн.„Долгот е намален за околу 1 милион евра и ќе се потрудиме во периодот што претстои да се сервисира и останатиот дел. Ова е многу важно, бидејќи охридската болница е...

Продолжи со читање

Архив Охрид: Наум Џуклески и првото училиште во Лескоец

Post Views: 658Архивот Охрид како регионален за повеќе општини, а во склоп на Државниот Архив се залага за откривање и публикување на личности кои имале големо значење низ минатото. Архивот постојано настојува да се збогатува со нови приватни и семејни фондови, кои сведочат за животот и дејствувањето на личности кои оставиле траен белег во колективната меморија на градот.„Еден од многуте е и Наум Џуклески, којшто од денешна перспектива има огромно историско значење. Според усмените и писмените сведоштва особено од с. Лескоец, Охрид, Наум Џуклески со неговото несебично...

Продолжи со читање

Полиција на секој чекор и разоружување од денеска во Србија

Post Views: 331 Од денеска, во Србија, полициски патроли ќе бидат распоредени во близина на секое училиште. Засилено полициско присуство ќе има на сите јавни места каде што се собираат поголем број луѓе како трговските центри, парковите и на плоштадите.Ова е една од мерките што ги најавија српските власти по двата крвави масакри што се случија во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ и во селата кај Младеновац и Смедерево, во кои беа убиени 17 лица, а над 20 се ранети.Српското Министерство за внатрешни работи ја покрена и акцијата за предавање на нелегалното...

Продолжи со читање

На е-адресата на МОН за два дена 10 пријави за врсничко насилство

Post Views: 440 Министерството за образование и наука информира дека на e-адресата prijavinasilstvo@mon.gov.mk и paraqitdhune@mon.gov.mk на албански јазик изминатите два дена пристигнаа 10-ина пораки. Дел од нив се однесуваат на врсничко насилство, а има и од поранешни професори, со сугестии како да се превенира и намали насилството меѓу децата и младите од училишна возраст.Со отворањето на електронската адреса, Министерството за образование и наука воспоставува брз, доверлив и безбеден начин, преку кој учениците, родителите и граѓаните можат да пријават инциденти, како дел...

Продолжи со читање