Автор: инфодеск
Post Views: 287 „Преекспонирано”, првиот игран филм на Елеонора Венинова, ќе ја има охридската премиера во НУЦК Григор Прличев-Охрид на 10 мај (среда) и 11 мај (четврток) 2023 година.Дејството на филмот се одвива околу проблематична тинејџерка ја нарушува кревката рамнотежа на брачна двојка откако доаѓа кај нив на гости на неколку дена. Филмот е сниман на неколку локации во Охрид. Освен препознатливите пејзажи крај Охридското Езеро, го содржи и урбаниот дел на градот.Азиската премиера на филмот беше на фестивалот во Пуне (Индија) во февруари, а следниот...
Сончево со умерена облачност денеска во Охрид
Post Views: 381 Времето во Македонија денес, претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме.Во Охрид сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со услови за краткотрајни врнежи од дожд. Утринската температура до 10 степени, а максималната дневна до 22 степени.Од вторник следува период на променливо облачно и значително посвежо време со повремени врнежи од дожд и со умерен, наместа засилен ветер од југоисточен правец.
ГКК Охрид со голема победа над Соколи
Post Views: 404 Екипата на Охрид стигна до голема победа над Соколи со 84:68 во првиот полуфинален меч, со што охридските кошаркари се чекор поблиску до пласман во Прва лига.Охриѓани има контрола над играта и над резултатот во текот на сите 40 минути, односно во текот на целиот натпревар беа во водство. Пресудна беше третата четвртина кога Охрид направи осетна разлика во водство.Најдобар со 20 поени кај ГКК Охрид беше Стојаноски, додека кај гостите од Штип најефикасен со 14 поени беше Кацарски.Второто соочување од серијата ќе се одигра за неколку дена во Штип.
Струга Трим Лум е новиот шампион на Македонија во Прва лига
Post Views: 368Струга Трим Лум е нов шампион во Првата македонска фудбалска лига, откако „најмладиот” клуб по само осум години од своето формирање од Четврта лига стигна до шампион во „елитата” на Македонија.Струга со 3:0 го доби Силекс, а благодарение на триумфот на Шкупи од 2:1 над Шкендија во дерби на Чаир, стружани на две кола до крајот станаа нови шампиони.Најдобриот стрелец во историјата на Прва лига, но најдобар и во тековната сезона, Бесарт Ибраими во 41. минута го отвори резултатот за 1:0 на полувреме.Во вториот дел Буњамин Шабани од пенал...
ГРК Охрид слави голема победа над Пролет во борба за влез во Европа
Post Views: 344 Ракометарите на Охрид забележаа висок и важен триумф над екипата на Пролет на домашен терен со 28:19, победа со која охриѓани сериозно остануваа во трката за влез во европските купови.ГРК Охрид одигра одличен натпревар и на полувреме имаше три гола предност (12:8). Во вториот дел охридските ракометари тргнаа со една цел – триумф и радост кај домашната публика.Разликата во второто полувреме растеше за ГРК Охрид, откако направи серија погоди за водство од 16:8, со што веќе беше најавена победата. До крајот домашните ракометари рутински го одиграа...
Пријавете се на обуки за млади за меѓучовечки вештини
Post Views: 341 Официјално започнува повикот за пријавување за обуките за млади за јавен говор, CV, мотивационо писмо, интервју, професионална етика, критичко размислување и емоционална интелигенција. Обуките за млади се организирани од страна на Факултетското студентско собрание при Факултетот за туризам и угостителство-Охрид и Граѓанското здружение Инклузија.„Ова е наша втора година како што соработуваме со Граѓанското здружение Инклузија. Минатата година успешно организиравме Обуки за млади менаџери, оваа година се насочуваме на меѓучовечките вештини коишто се од големо...
Mладите и учениците најбројни посетители на Саемот на книга
Post Views: 281 Јубилејното 35. издание на Саем на книга веќе е во полн ек, а широките коридори во Арена – Борис Трајковски, секојдневно се исполнети со посетители, кои ги разгледуваат саемските понуди на штандовите на повеќе од 60 издавачки куќи. Толку многу жанрови и авторски стилови, што има сѐ за секого, дури и за читателите со најмногу желби, барања, очекувања.Организаторот посочува на позитивен раст од 25% поголема посетеност во првите три дена од годинешниот Саем на книга, во однос на минатата година. Истото не е изненадувачко, имајќи ги во предвид програмата во...
Место поглед на Билјанини извори, гледајте тезги
Post Views: 522 Во рубриката „ТиСиТвојотГрад“ граѓанка на Охрид реагира на поставени тезги за продажба на накит и сувенири на Билјанини извори.Од приложените фотографии се гледа дека до изворите поставена е тезга, камениот ѕид околу изворите исто така е искористен за изложување накит и сувенири за продажба, а неколку комерцијални паноа за изложување накит се поставени на самиот пристап до изворите.„Убаво си се наместиле. Да не може човек да ги види изворите ниту од блиску, ниту од далеку“- коментира граѓанката.Тезгите и паноата за продажба на...
Плоштадот во Охрид пулсираше во духот на младоста и хуманоста, во боите на Црвен крст
Post Views: 232 На 49-от општински натпревар по прва помош, кој во организација на Црвен крст Охрид вчера се одржа во Охрид учениците од сите основните и средните училишта од Охрид и Дебарца организирани во 10 екипи подмладок и 3 младина се натпреваруваа во укажување прва помош.Преку 100 млади на 6 пунктови низ градот ги презентираа стекнатите знаења, вештини и техники за укажување прва помош. Најуспешни, во категоријата подмладок беше екипата на ОУ Св.Климент Охридски, второто место го освои екипата на ОУ Дебрца-Требеништа, а трета беше екипата на ОУ Христо Узунов. Во...
Охрид изрази почит кон жртвите и сочувство со болката на српскиот народ
Post Views: 718 Охриѓани, српската заедница во Охрид како и туристи денеска, во организација на почесниот конзулат на Р Србија во Македонија со седиште во Охрид, на градскиот плоштад „Св Климент Охридски“ оддадоа почит за жртвите во Белград и Младеновац. Граѓаните палејќи свеќи пред црквата на плоштадот изразија тага за загинатите и сочувство до нивните семејства и до народот на Србија.„Испраќаме порака до народот на Србија во овие тешки мигови дека народот на Македонија е со нив. Изразуваме искрено и длабоко сочувство за загубените животи, силна емпатија и...
7 Мај – Ден на македонската полиција
Post Views: 318 Денеска го одбележуваме Денот на македонската полиција – 7 Мај. Со реализација на процесот на реформи придонесовме кон повисока професионализација на полицијата, која денес е препознаена како сервис на граѓаните, бранејќи ги нивните права и штитејќи ги јавниот мир и безбедност.„ Како одговорна влада ги подобривме условите за сите припадници на полицијата, за коишто обезбедивме континуиран пораст на платите и подобри услови за работа, за што и понатаму ќе продолжиме да бидеме посветени. Упатуваме честитки за операционализацијата на Договорот помеѓу Република...
Воска го прослави влезот во Прва лига
Post Views: 384 Градското дерби помеѓу Охрид Лихнидос и Воска Спорт заврши без победник со четири погодоци (2:2), од кои два беа постигнати од пенал, одличен натпревар со многу публика и прослава за историскиот влез на Воска Спорт во Првата македонска фудбалска лига.Натпреварот на „Билјанини Извори” тргна со брз и неочекуван гол за Охрид, откако голманот на Воска Спорт, Хадис Велии направи една грешка при додавањето, а тоа најдобро го искористи и казни Аљтин Лога за водство од 1:0 за Охрид.Во 12. минута од натпреварот судијата Јован Качевски покажа на белата...