Автор: инфодеск
Views: 78 Оваа славна девица и маченичка за Христа има потекло од сицилијанскиот град Палермо, од благородни и имотни родители. Кога царот Декиј подигна гонење на христијаните, света Агатија беше фатена и изведена пред судијата Квинтијан. Тој кога ја виде прекрасна на лице, посака да ја има за жена. Но штом ѝ предложи, Агатија му одговори дека таа е невеста Христова и дека не може да го изневери својот вереник. Судијата ја подложи на тешки маки. Ја биеја, ја исмеваа врзана за едно дрво и ја тепаа до крв. Потоа Квинтијан повторно ја посоветува да се одрече од Христа и да ги избегне...
Променливо облачно и студено време со ниски утрински температури
Views: 55 Променливо облачно со повремени слаби врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а кон кон крајот на денот и во текот на ноќта засилен ветер од северен правец.Денес ќе има повремени слаби врнежи од снег. Ќе дува умерен, а кон крајот на денот, во текот на ноќта и утре засилен северен ветер. Од утре облачноста ќе се намали и ќе преовладува стабилно и студено време со ниски утрински температури кои наместа ќе се спуштат и под -10 степени., информираат од УХМР.Во Охрид температурите ќе бидат во интервал од 0 до 7 степени Целзиусови.
Од полноќ ново поскапување на горивата
Views: 78 Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за еден денар по литар, а цената на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,33 отсто.Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 80 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 82, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 74, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 73,5...
Двајца охриѓани ограбиле црква во Опеница
Views: 72 На 16.02.2025 во 16.10 часот во охридското село Опеница, полициски службеници од СВР Охрид приведoa 38 и 29 годишен охриѓанец, кои се сомничат дека претходно во црква во истото село извршиле кражба, при што одзеле пари. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
Клубот на млади од Црвен крст Охрид организираше работилница на тема: „Како полесно да донесам одлука за на факултет“
Views: 68 Клубот на млади при Црвен крст Охрид, овој викенд организираше многу интересна и корисна работилница за младите на тема кариерно советување насловена „Како полесно да донесам одлука за на факултет“.На оваа работилница присуствуваа 23 млади, а истата беше одржана од страна на Борче Исакоски – поранешен Лидер на Клуб на млади, а присутните ги идентификуваа своите професионални интереси, вештини и можности, со цел да донесат информирани одлуки за својата кариера.– На истата тема продолжуваме да дискутираме заедно со Марија Коваческа – лиценциран...
Николоски: Градежништвото ќе помогне во економскиот развој на државата, се очекува да се изградат нови 67 километри автопатишта
Views: 86 Градежништвото посебно нискоградбата ќе помогне во економскиот развој на државата и очекуваме Македонија да има најголем раст во регионот оваа година, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.-Ние очекуваме градежништвото да биде главен двигател на економскиот раст, очекуваме оваа година Македонија да е најдобра по раст во целиот регион и тука да помогнеме со инвестициите во градежништвото. Очекуваме да отвориме 67 километри фронт за нови автопатишта на делниците на коридор 8 и 10 д. Ќе се работи на Прилеп-Битола, на Тетово-Гостивар и Гостивар...
Одржано четвртото издание на Рапид турнир во шах „Езерски Бисер 2025“
Views: 143 Шаховскиот клуб „Ласкер“ со поддршка на Општина Охрид во ООУ „Братство Единство“, вчера го организираа четвртиот рапид турнир во шах „Езерски бисери 2025”. Натпреварот се одвиваше по Швајцарски систем во 9 кола, а учество зедоа 55 шахисти од Македонија.Најдобро пласирана шахистка беше Елена Лушеска од ШК „Ласкер“ Охрид, најдобро пласиран млад шахист беше Димитар Симоноски од ШК „Шах Шех“ Битола, а титулата за најдобро пласиран шахист во категорија 60+ ја освои Шкриељ Зеца ШК „Прилеп“ Прилеп.Прво место, златен медал и сувенирот, бисерна кралица, го освои Дејан...
Ги запознаваме ретките болести во охридско – струшкиот регион: Идиопатска апластична анемијa
Views: 65 MKБ-10 D61.0ПРЕВАЛЕНЦАИдиопатската апластична анемија е забележана кај приближно 1 – 9/1 000 000 лица.ВОВЕДАпластичната анемија се дефинира како хематолошка состојба која се карактеризира со намалување на клеточните елементи на периферната крв. Тоа е ретка, но исклучително сериозна состојба што произлегува од необјаснетиот неуспех на коскената срцевина да произведе крвни клетки. Апластичната анемија, генерално се развива пред возраст од 30 – 40 години како резултат на вродена хромозомска абнормалност, како што е анемија на Фанкони или вродена дискератоза....








