Автор: инфодеск
Views: 57 Родум Египќанец, син на угледни родители и роднина на александриските патријарси Теофил и Кирил. Откако ги изучи сите светски науки, се одрече од богатството и светската слава и сиот му се предаде на духовниот живот заради љубовта Христова. Беше голем и усрден бранител и толкувач на православната вера. Според тврдењето на историчарот Никифор, свети Исидор им напиша над десет илјади писма на разни лица, во кои едни ги укорува, други ги советува, трети ги теши, четврти ги поучува: „Поважно е да се поучуваш на добродетелен живот, одошто на красноречиво проповедање“, пишува тој во...
УХМР: Променливо облачно со повремени врнежи
Views: 64 Променливо облачно со повремени врнежи, на планините и на некои повисоки места од снег, а во пониските од дожд кој повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен, уште од претпладне, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Слаб снег ќе има и преку ноќта понекаде во планинските региони. Од вторник облачноста ќе се намалува, а од среда времето ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури, информираат од УХМР.Во Охрид температурите ќе бидат во интервал од 3 до 8 степени Целзиусови.
Вечерва премиера на претставата „Напуштени простори, напуштени тела, напуштени сеќавања“
Views: 63 Вечерва со почеток во 20:00 часот во Културниот центар НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи премиерата на претставата „Напуштени простори, напуштени тела, напуштени сеќавања“.Станува збор за третата етапа од трилогијата на проектот „Сиот свет е сцена-имерзивен и партиципативен театар како алатка за адресирање на општествени прашања и предизвици” на Здружението на уметници Културен центар „Медиа Артес“.– Се однесува на неискористените потенцијали на просторите и културното наследство-места полни со сеќавања, метаморфоза, нови перцепции, регенерација, мистерија,...
Недела на блудниот син, втора недела пред великиот пост
Views: 89 Во овој ден го празнуваме враќањето на блудниот син. Има некои коишто живеат мошне блудно уште од млада возраст, и во пијанство и во нечистотија, и откако ќе паднат во длабочината на тие зла, доаѓаат до очај, кој, пак, е пород на гордоста. И затоа не сакаат да дојдат до грижа за добродетелите, туку уште подлабоко запаѓаат во злото. Светите отци човекољубиво имаат одговор за таквиот човек, и сакајќи да го одвлечат од очајанието таквиот, му ја принесуваат тука оваа приказна која страстите на очајот ги истргнува од корен, а луѓето ги упатува кон добродетелите. Покажувајќи дека никој...
Ги запознаваме ретките болести во охридско – струшкиот регион: Гастрошиза
Views: 102 Гастрошизата е тешко конгенитално заболување на предниот абдоминален ѕид, односно вроден дефект во кој цревата на новороденчето се протегаат надвор од абдоменот низ дупка до папокот. Големината на дупката е променлива, а другите органи, вклучувајќи го желудникот и црниот дроб, исто така можат да се појават надвор од телото на бебето.Компликациите можат да вклучуваат проблеми со хранење, недоносеност, интестинална атрезија и интраутерино ограничување на растот. Повеќето мажи можат да создадат потомство преку вештачко оплодување (ИВФ). Самите оперативни техники за корекција на...
Во четврток започнува новата театарска сезона на охридскиот театар
Views: 74 Народен театар Охрид новата театарска сезона ја започнува во четврток, 20-ти февруари, со хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Марк Камолети во режија на Коле Ангеловски.Улогите ги толкуваат актерите: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ- Вељаноска, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска-Јандреовска и Марија Новак.Почетокот на претставата е во 20:00 часот. Билетите по цена од 300 денари ќе бидат во продажба од понеделник, 17-ти февруари. Билетарата работи секој работен ден од 10:00 до 17:00 часот и од 13:00 до 20:00 часот на денот на...
Утре премиера на претставата „Напуштени простори, напуштени тела, напуштени сеќавања“
Views: 92 Утре, недела, на 16-ти февруари 2025 година, со почеток во 20:00 часот во Културниот центар НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи премиерата на претставата „Напуштени простори, напуштени тела, напуштени сеќавања“.Станува збор за третата етапа од трилогијата на проектот „Сиот свет е сцена-имерзивен и партиципативен театар како алатка за адресирање на општествени прашања и предизвици” на Здружението на уметници Културен центар „Медиа Артес“.– Се однесува на неискористените потенцијали на просторите и културното наследство-места полни со сеќавања, метаморфоза, нови...
Делегација од Општина Охрид положи цвеќе пред спомен обележјето на Андон Дуков
Views: 73 Делегација на Локалната самоуправа, предводена од претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски вчера положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на Андон Дуков, по повод годишнината од неговата смрт.Свежо цвеќе положија и претставници на Сојузот на борци од Охрид и Дебарца и граѓани.Андон Дуков бил резбар од првата генерација на современи македонски уметници, воедно и сликар и борец во НОБ. Тој бил роден во Охрид на 20-ти јануари 1909 година. Во родниот град завршил копаничарско училиште, а во Белград студирал на Уметничката академија. Работел како...







