Автор: инфодеск
Post Views: 136 Поради изведување на градежни работи за поврзување на новиот цевковод со профил ф300 мм, со постоечката водоводна линија на улицата „Кленоец“ денес од 08:30 часот, повеќе часа без вода односно до завршување со активностите, ќе бидат корисниците од населбата Црногорци, с.Лескоец и с.Лакочереј.
Светата великомаченичка Варвара
Post Views: 160 Таткото на оваа славна Христова следбеничка, којашто на млади години му се посвети на Христа, се викаше Диоскор и беше познат според положбата и богатството во градот Илиопол Египетски, а во верата беше незнабожец. Својата ќерка единица, мудра во умот и убава во ликот, Диоскор ја затвори во висока кула, ја опкружи со секакви удобности, ѝ даде слугинки да ја служат, ѝ постави идоли за поклонување, ѝ изгради бања со два прозорци. Гледајќи ги низ прозорецот земјата долу и ѕвезденото небо во висините, на Варвара ѝ се отвори умот со Божествената благодат, па Го позна...
Магливо утро, сончев и тивок ден со умерена облачност
Post Views: 130 Во утринските часови наместа ќе има појава на магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност и претежно тивко. Во северозападните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд.Денес во Охрид минималните температури од 1, а максималните до 11 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека продолжува периодот стабилно и претежно тивко време. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла.
Новогодишен базар во Вевчани
Post Views: 219 На 26 декември на плоштадот во Вевчани, ЈОУДДГ „Планински Цвет“ организира Новогодишен базар.-И оваа година не очекува волшебен детски базар полн со насмевки и новогодишна магија, во организација на ЈОУДДГ „Планински Цвет“, дечињата и родителите, велат организаторите.Новогодишниот базар во Вевчани ќе биде збогатен со музика, забава, храна, креатицни изработки, аниматори и Дедо Мраз.
Општина Охрид со богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници
Post Views: 179 Општина Охрид и оваа година подготви богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници. На 31-ви декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2026 година, охриѓани и туристите ќе може да уживаат во настапот на македонската поп ѕвезда Влатко Лозановски, охридската фолк икона Ефто Пупиноски, охридскиот музички ас Ѓоко Танески, DJ Yuxell и DJ Bagzi. Музичкиот дел започнува во 20:00 часот.На 1-ви јануари на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ со почеток во 20:00 часот за забавата ќе се...
Утре премиера на тетарската претстава „Генијална идеја“
Post Views: 165 Утре ќе се одржи премиера на тетарската претстава „Генијална идеја“ на Народен Театар Охрид во малата сала на НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид. Претставата е по текст на повеќе автори во драматургија и режија на Ненад Витанов. Ова е втора премиера финансирана од Министертвото за култура и туризам на Р. Македонија.Во оваа дуо драма улогите ги толкуваат Ивица Цонев и Филип Кипровски. Сценографијата е на Филип Витанов, костимиограф Мимоза Тодоровска.Цена на карта 300 денари, почеток 20.00 часот.Билетарата работи секој работен ден од...
„Волшебна елка“ во Охрид Мол: Заедно да ги исполниме новогодишните желби на децата од социјално загрозените семејства
Post Views: 188 Од Црвен крст Охрид информираат дека во полн ек е хуманитарната акција „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ што ја спроведуваат во соработка со OHRID MALL, а наменета е за помош на децата од социјално загрозените семејства. Волшебните лампиони во кои се напишани новогодишни желби на деца што живеат во социјален ризик од Охрид и Дебрца -Ве очекуваат во посебни подготвен новогодишен пакет-кутија веднаш покрај големата новогодишна елка во Ohrid mall, велат организаторите. Тие изразуваат благодарност до голем број наши сограѓани што од почетокот на акцијата на 11.12.2025 до денес...
Утре прекин во водоснабдувањето во населбата Црногорци, селата Лескоец и Лакочереј
Post Views: 175 Поради изведување на градежни работи за поврзување на новиот цевковод со профил ф300 мм, со постоечката водоводна линија на улицата „Кленоец“ , на ден 17.12.2025 година (Среда), од 08:30 часот, повеќе часа без вода односно до завршување со активностите, ќе бидат корисниците од населбата Црногорци, С.Лескоец и С.Лакочереј.
Запленети 300 теписони и стази кај Подмоље – приведен 52-годишник од Скопје
Post Views: 163 На 15 декември 2025 година, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на подрачје на СВР Охрид, поточно на место викано Подмоље, лишија од слобода 52-годишно лице од Скопје.– Имено, откако било сопрено товарно возило марка „Форд Транзит” со скопски регистарски ознаки, управувано од лицето, при преглед на возилото во товарниот дел пронајдени се 300 теписони и стази, без соодветна документација. Лицето е лишено од слобода, а возилото и стоката се одземени. По целосно документирање на случајот ќе...
Светиот пророк Софониј
Post Views: 157 Родум од гората Саварат, од племето Симеоново. Живееше и пророкуваше во 7 век пред Христа, за време на благочестивиот цар Јосија. Современик на Пророкот Јеремија. Имајќи голема смерност и чист ум воздигнат кон Бога, се удостои со проѕирање во иднината. Го прорече денот на гневот Божји; казната над Газа, Аскалон, Азот, Акарон, Ниневејија, Јерусалим, Египет. Јерусалим го виде како „град одметнички, осквернет, насилнички, во кого кнезовите се лавови што рикаат; судиите му се волци вечерни; пророците – фалбаџии, измамници; свештениците ја сквернат светоста, го...
Прекин во водоснабдувањето во Мешеишта
Post Views: 137 Од Оштина Дебрца ги известуваат жителите на селото Мешеишта дека денес ќе има прекин на водоснабдувањето од 08:00ч до 12:00ч, поради монтажа и инсталирање на регулатори за притисок, и поправка на дефект на водоводната мрежа.
Магловито утро, сончев и тивок ден со умерена облачност
Post Views: 141 Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена локална облачност.Денес минималните температури во Охрид од -1, а максималните д 9 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека до крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла.Фото: Ѓоко Симјаноски