Автор: инфодеск
Views: 158 Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.Денес во Охрид минималните температури од 17, а максималните до 30 степени Целзиусови.До средината на следната работна седмица времето ќе биде сончево и топло со слаба до умерена облачност во текот на денот. До понеделник ќе дува северозападен ветер кој во недела и понеделник долж Повардарието ќе надминува брзина од 40 km/h. Од Вторник ветерот ќе го смени правецот во југозападен.
Само 213 регистрирани станоиздавачи во Струга
Views: 183 Само 213 станоиздавачи се регистрирани во Струга. Реалната бројка, се претпоставува дека е повеќекратно поголема. Голем дел од оние кои сместуваат туристи не се категоризирани , не ги пријавуваат приходите и не плаќаат ниту туристичка такса.Проблемот со сивата економија во туризмот е главниот фокус на кампањата „Фер туризам“ на Управата за јавни приходи, која денеска продолжи во Струга со едукативна средба со туристичките работници и даночните обврзници.-„ Она што го очекуваме од ваквите состаноци се позитивни промени, промени во јавната свест на...
Охрид ќе добие нови возила и специјализирана опрема за комунална хигиена
Views: 159 Нови специјализирани возила и опрема за одржување на комуналната хигиена ќе добијат Градот Скопје и 8 општини меѓу кои и Охрид, како дел од проектот реализиран со поддршка на Светската банка. Вкупно се набавени 49 возила, кои денеска беа промовирани од премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓеоргиевски.Вкупно се набавени 19 мултифункционални камиони од различен тип, девет специјализирани камиони цистерни и 21 мултифункционално возило, наменети за подобрување на комуналната хигиена и...
Во октомври стартува м.Услуги, личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни на мобилен телефон
Views: 215 Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вчерашното гостување во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 Телевизија официјално најави дека во октомври ќе биде промовирана новата мобилна апликација м.Услуги.„Можам официјално да најавам дека во октомври ќе организираме настан на кој ќе ја промовираме мобилната апликација м.Услуги. Во неа ќе бидат достапни електронски верзии на личната карта и возачката дозвола, како и две електронски услуги за граѓаните“, истакна Андоновски.Како што појасни министерот, преку м.Услуги, граѓаните на едно место ќе можат да...
Во сообраќајната несреќа на патот Охрид-Кичево загина 33-годишниот кошаркарски тренер Антонио Савевски
Views: 368 Во синоќешната тешка сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево животот го загуби 33-годишниот младински кошаркарски тренер Антонио Савевски од Охрид.Савевски беше кошаркарски тренер на младински категории во Македонија, голем вљубеник во спортот и колекционерството. Последниот ангажман го имаше во клубот Ангели, каде минатата сезона ја водеше кадетската екипа, а предходно работеше во Вардар, Водно Санс и Охрид. Савевски беше познат и како колекционер кој имаше збирка од околу 500 кошаркарски дресовиОд Кошаркарската федерација на Македонија со голема тага се простија...
Купете учеснички број и бидете дел од хуманитарната и спортско-рекреативна акција „За посреќно детство“
Views: 158 Традиционалната хуманитарна и спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира на 19 септември 2026 година (сабота).Настанот ќе започне во 11 чaсот со „главна трка“ на младите чиј старт ќе биде од Кеј Македонија пред хотел „Палас“, а цел на Кеј Македонија пред Центар за култура „Григор Прличев“, каде ќе продолжат спортските, културно-забавни и здравствено-едукативни содржини проследени со голем број награди.Целта на оваа акција е промовирање на спортскиот дух меѓу младите преку нивно учество во различни спортско-рекреативни...
Дали очилата со филтер за сина светлина навистина ги штитат очите
Views: 232 Суви и уморни очи, печење, повремено заматен вид и главоболка се чести кај луѓето кои поминуваат многу време пред компјутер или мобилен телефон. Токму поради тоа, очилата со филтер за сина светлина станаа сè попопуларни. Но, дали навистина помагаат?Иако лесно се достапни во оптичарниците и онлајн, научните истражувања досега не покажале дека овие очила значително го намалуваат заморот на очите или ги штитат од оштетување предизвикано од екраните.Најсеопфатната анализа, објавена од Cochrane, опфати 17 рандомизирани студии со вкупно 619 учесници. Резултатите покажале дека...
Во Охрид утре ќе се одбележат 82 години од формирањето на Шестата народноослободителна бригада
Views: 146 Во петок, 4 септември, со почеток во 10 часот, во просторот на поранешната касарна во Охрид, пред Спомен-паркот посветен на генерал Михајло Апостолски, ќе се одбележат 82 години од формирањето на Шестата народноослободителна бригада и 33 години од формирањето на Шестата пешадиска бригада на АРМ.Одбележувањето ќе се одржи пред новоподигнатата биста на генерал Михајло Апостолски, првиот командант на Главниот штаб на партизанските единици во антифашистичката и ослободителната војна.Свеченоста ја организира Асоцијацијата на ветераните од одбраната и заштитата од Охрид, а...









