Автор: инфодеск
Post Views: 230 Времето во Македонија сончево со мала до умерена облачност, во попладневните часови претежно во југоисточните делови ќе има повремен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Во Охрид сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура до 7 степени, a максималната дневна ќе се искачи до 18-тиот степен.
Дружба со ракометарите на ГРК Охрид, утре на градскиот плоштад
Post Views: 315 ГРК Охрид претстојниот викенд го игра еден од клучните натпревари сезонава за пласман во топ 4 во Супер лигата, против Пролет Тинекс.Пред мечот, во петок, 5 мај, на градскиот плоштад од 12 до 14 часот, ГРК Охрид организира дружба со ракометарите на ГРК Охрид, најдобриот стрелец сезонава Гал Цирар и најдобриот спортист од странство кој игра за Охрид Владимир Бојаниќ.На настанот ќе можат да се купат карти за мечот Охрид – Пролет, кој се игра во недела во салата „Билјанини извори“ со почеток во 18:30 часот.„Неопходна е поддршка за остварување на...
Одлични резултати на гимназијалците на државниот натпревар по физика
Post Views: 248 На 29.4.2023 на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа Државниот натпревар по физика. На натпреварот учениците од Гимназијата Св Климент Охридски успешно го претставија своето училиште и градот.Од прва година Дарио Павлески –II награда, ментор Виолета Никовска.Од трета година Горазд Блажески – пофалница, ментор Димитрија Паункоски.Од четврта година Ева Китрозоска – II награда и Кристијан Шишкоски – III награда, ментор Јасмина Јанева.На Републичкиот натпревар успешно учество имаа: Горазд Тримчев ,Илија Волканоски и Софија Ставрева од...
Македонската женска репрезентација до 17г втора во Италија
Post Views: 351 Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години во периодот од 29 април до 2 мај учествуваше на силен меѓународен турнир што се одржа во Италија. Нашата репрезентација имаше одличен настап, а тоа се потврдува со освоеното второ место на контролниот турнир.На првиот натпревар Македонија загуби убедливи од домаќинот Италија со високи 5:0, но веќе во вториот меч се поправи нашата репрезентација, па забележа триумф од 2:1 над Босна и Херцеговина со погодоците на Ева Величковска и Анастасија Илиевска.Селекторот на женската репрезентација на Македонија...
Денот на македонскиот јазик и азбука ќе се одбележи во охридската библиотека
Post Views: 384 Националната установа Библиотека „Григор Прличев“од Охрид, утре ( петок ) на свечен начин ќе го одбележи Денот на македонскиот јазик и азбука.На 5 мај 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија била усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца, Министерството за просвета го озаконува првиот правопис на македонскиот јазик.„Петти мај е ден за паметење и славење. Утре во нашата Библиотека од 10.00 часот во соработка со градинките и училиштата и граѓаните ќе бидат промовирани македонскиот јазик и литература.“ – велат од...
ЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ домаќин на јубилеен државен натпревар
Post Views: 356 Во наредните два дена Електромашинскиот училишен центар Св.Наум Охридски во Охрид, ќе биде арената на докажување на стекнатите знаења во електротехничките, машинските и сообраќајните стручни училишта од државава. Стотина деца од трета година од седумнаесет средни стручни училишта заедно со своите ментори ќе ги бранат боите на своите училишта и ќе се натпреваруваат за тутлата најдобар од најдобрите во своето звање.Стотина деца од трета година од седумнаесет средни стручни училишта од Македонија, во наредните два дена ќе се натпреваруваат во стекнатите...
Реконструкција на кровот на општинската зграда и спомен собата на НОБ во Дебрца
Post Views: 399 Заврши реконструкцијата на општинската зграда на Општина Дебрца. Изминатиот месец, во овој објект, се изврши целосна реконструкција на кровната конструкција и кровниот покривач како и изолација на самиот кров. Во рамки на општинската зграда, се реконструираше и Спомен собата на НОБ од Дебрца. Вкупната вредност на работите изнесува 4.461.007 денари, од кои 3.695.600 денари се обезбедени преку Бирото за регионален развој, додека 729.544 денари од буџетот на Општина Дебрца. Активностите беа дел од регионалниот проект „Подобрена енергетска ефикасност во Југозападен...
Во сабота ќе се одржи општински натпревар во прва помош
Post Views: 267 Несреќите се случуваат секојдневно и насекаде: во домот, на улица, на училиште, на работно место, на игралиште, во природа и каде ли уште не. Во таквите ситуации правилното укажување прва помош значи спасување човечки живот.Во рамките на своите активности во делот на првата помош Црвен крст Охрид на 06.05.2023 (сабота) во периодот од 9-15 ч., под мотото „БИДИ ХЕРОЈ, УКАЖИ ПРВА ПОМОШ”, Ќе го организира традиционалниот, 49-ти по ред, Општински натпревар по прва помош.На натпреварот, стекнатите знаења и техники за укажување на прва помош ќе ги покажат...
Објавен јавниот оглас за поставување урбана опрема – шанкови
Post Views: 415 Врз основа на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2023 год. донесена со Одлука бр.08-17370/41 од 22.12.2022 год. и Програмата за измена и дополнување на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2023 год. донесена со Одлука бр. 08-5339/3 од 11.04.2023 год., Записник од Комисија за утврдување фактичка состојба на лице место бр. 15-5357/1од 04.04.2023 година, како и врз основа на член 4 од Oдлуката бр.08-5339/5 од 11.04.2023 год. за поставување урбана опрема –покриени и непокриени шанкови со локации на...
ГРК Охрид интензивно се подготвува за завршницата од плеј-офот во Супер лигата
Post Views: 366 Ракометарите на Охрид ја искористија репрезентативната пауза за интензивни подготовки за завршницата од плеј-офот во Супер лигата, кој продолжува викендот.„Гладијаторите” изминатата недела работеа под полна пареа, со исклучок на турскиот интернационалец Каракоч и грузијците Рустамов и Цинцадѕе, кои имаа репрезентативни обврски.ГРК Охрид предводен од Горан Андоновски веќе викендот во рамки на 12. коло на домашен терен ја пречекува екипата на Пролет, во битка за задржување на шансите за освојување на четврото место кое води во еврокуповите.
Општина Охрид дел од „Биди хуман, сподели радост, израдувај непознато дете“
Post Views: 266 Општина Охрид учествуваше во завршниот настан на акцијата „Биди хуман, сподели радост, израдувај непознато дете“, во организација на авторката на книгата за Рисот, Весна Константинова. Завршниот настан се одржа во просториите на НП „Галичица“. Општина Охрид во целокупниот настан кој започна во мај 2021 година учествуваше со обезбедување финасиски и материјални средства.Завршниот настан беше во форма на едукативна и креативна работилница за децата од ОУ „Григор Прличец“ од Рача, а на децата им беа подарени книги.
Во четврток и петок цела Струга без вода од 9 до 15 часот
Post Views: 478 Од ЈП „Водовод и Канализација“ – Струга известуваат дека утре, 04.05.2023 година (четврток) и задутре, 05.05.2023 (петок), ќе има прекин во водоснабдувањето, или притисокот ќе биде низок на целата територија на Општина Струга, во периодот од 09:00 часот до 15:00 часот.Прекинот во водоснабдувањето е поради изведување работи од страна на „ЕВН“.