Skip to main content

Автор: инфодеск

Пецаков: Подготвителни активности за асфалтирање денеска се одвиваат во Пештани

Views: 81 Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, информира дека во тек се подготвителни активности за асфалтирање во Пештани, каде предвидено е да се асфалтираат 7 краци од улици со вкупна должина од повеќе од 900 метри.Вкупната вредност на овој проект изнесува околу 6 милиони денари.-Продолжуваме и понатака со инвестиции во комуналната сфера во реални проекти кои се од значење за граѓаните, вели градоначалникот во своето соопштение.

Продолжи со читање

Св. Трифун Чудотворец и покровител на земјоделците и лозарите

Views: 64 Православната црква на 14 февруари или на 1 февруари според јулијанскиот календар го слави Свети Трифун.Името на светителот доаѓа од грчкиот збор τρυφή што значи мекост, нежност, деликатност. Св. Трифун е ранохристијански маченик кој денес е почитуван како од Православната на Исток, така и од Римокатоличката црква на Запад. Момчето што на 17-годишна возраст со Божја помош ја излекува царската ќерка Гордана која што не можеше да ја излекува ниту еден лекар во империјата се стекна со голема слава и настрада на 21-годишна возраст, но остана во споменот на целиот...

Продолжи со читање

Облачно со повремен локален дожд

Views: 49 Умерено до значително облачно. Претежно во југозападните делови ќе има повремен локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува, велат од УХМР.Температурите во Охрид денес ќе се движат во интервал од 2 до 8 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

АХВ изрече казни од 82 илјади евра за големите ланци на маркети

Views: 82 Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во изминативе три дена, на целата територија во државава, спровеле 124 вонредни контроли кај големите маркети кои имаат ланци на супермаркети, дисконти и хипер маркети.-Целта на контролите беше проверка дали операторите се регистрирани во АХВ за сите дејности и активности во секој од објектите, дали и колку се исполнети општите и посебните хигиенски услови за храна, со акцент на спроведување на контроли во деликатес одделите и месарниците, како и во месарниците кои изработуваат свежи подготовки од месо,...

Продолжи со читање

Зголемен број на пожари оваа грејна сезона

Views: 51 Противпожарната единица Охрид оваа грејна сезона со полни раце работа. Пожарникарите интервенирале на 33 пожари, десеттина повеќе од лани.  Најчеста причина се оџачките  канали, односно пожари настанати од неисчистени оџаци. За среќа нема повредени и најважно ниту една жртва во пожари.Од ТППЕ Охрид апелираат  граѓаните да бидат внимателни и совесни.„Најголем број имаме пожари на оџачки канали, угостителски објекти, пожарипредизвикани од електрични инсталации и уреди, пожари на сообраќајни средства и пожари на отворен простор. Да се...

Продолжи со читање

Да му помогнеме на Петар

Views: 61 Нашата помош му е потребна на Петар да да се ослободи од болката и деформитетот и да застане на нозе. Го пренесуваме апелот од неговата мајка Гордана Попоска.Почитувани !Пријатели познати и не познати, драги Хумани луѓе од Македонија и од Дијаспората , драги наши сограѓани ОхриѓаниБлагодарение на вашата Хуманост пред една година мојот син Петар беше успешно опериран од Сколиоза вие му го спасивме животот, му дадовте нова шанса за подобар живот. Но денес ние се соочуваме со уште еден предизвик уште една последица од неговата ретка болест Tyrosine Hydroxylase...

Продолжи со читање

Можна промена на државниот грб

Views: 99 Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека партиите од владејачката коалиција, ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, го отвориле прашањето за промена на државниот грб на Македонија.„Ова прашање го отворивме. Ние сме една од двете постсоцијалистички држави што се уште го имаат стариот државен грб, со некои мали модификации,“ рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања. Премиерот потсети дека договор за менување на државниот грб имало и меѓу ВМРО-ДМПНЕ и ДУИ кога тие во истата влада.Последен пат промена на грбот предложи Владата на Никола...

Продолжи со читање

Викендов ќе се одржи Минхенска безбедносна конференција

Views: 103 Викендов, светските лидери ќе се соберат во хотелот „Бајеришер Хоф“ на тридневната Минхенска безбедносна конференција. Минхенската безбедносна конференција ќе почне во петок, 14 февруари и ќе трае до недела, 16 февруари, осум дена до одбележување на третата година од руско-украинската војна.Блумберг, повикувајќи се на разузнавачки избори објави дека САД ќе објават план за решавање на војната во Украина. Aмериканската делегација ќе ја претставатпретседателот Доналд Трамп, потпретседателот Џеј-Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио. Предвидено е Венс во Минхен да се сретне...

Продолжи со читање