Автор: инфодеск
Post Views: 373 14-годишниот Коста К. седмооделенец, утрово влегол во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградската општина Врачар, и со пиштол почнал да пука во учениците што биле на час по историја. 8 ученици, седум девојчиња и едно момче биле смртно ранети. Чуварот се обидел да ја спречи трагедијата, по што и тој бил убиен. Шест деца и наставничката по историја биле повредени. Една ученичка со тешки повреди на главата и наставничката со прострелни рани во стомакот се борат за живот, другите со прострелни рани во екстремитетите се на интензивна нега во стабилна...
Продолжува масовна и безмилосна илегална сеча на шумата на Јабланица
Post Views: 358 Продолжува безмислосната илегална сеча на шумите на идниот национален парк Јабланица . Во изминативе месеци во атарите на селата Вишни, Радолишта, Франгово и Лабуништа, сечата добива на интензитет, реагираат до Редакцијата на ТВМ , од Месна заедница с. Вишни, Здруженијата на грѓани Св.Спаса Вишенска и Св.Атанасие од Вишни и Здружение за екологија и туризам Екотуризам 2016, Охрид.„ Речиси и да нема педа од Јабланица во која не продреле шумските мафијаши. Шумската полиција е немоќна и не реагира, шумското стопанство одамна кренало раце, а највредните букови...
Масакар во Белград, убиени 8 ученици и двајца вработени во училиштето
Post Views: 479 Во пукањето што утринава се случи во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар животот го загубиле осум ученици, наставничка и работник од училишното обезбедување, неофицијално дознава Еуроњуз Србија.Повредени се вкупно седум ученици и професори. . Наскоро се очекува и официјално соопштение од МВР на Србија. По тој повод, Владата на Србија закажа прес-конференција за 13 часот и 15 минути.Како што потврдија за Euronews Србија на Универзитетската детска клиника во Тиршова, згрижени се три деца. Едно дете има повреда на главата и итно е пренесено во операциона...
Превентивна дезинфекција на апартмани и соби во пресрет на туристичката сезона
Post Views: 300 Во пресрет на претстојната туристичка сезона, од Центарот за јавно здравје Охрид, а во рамки на своите законски надлежности и овластувања, ги потсетуваат и повикуваат давателите на угостителски услуги во станови/куќи, апартмани и соби за одмор (станоиздавачи) во Охрид и Струга, да се обратат до Одделението за Епидемиологија при ЦЈЗ Охрид со цел спроведување на задолжителната превентивна дезинфекција на просторот кој се користи за давање на угостителски услуги согласно Законот за заштита на населението од заразни болести.„Центар за јавно здравје Охрид за...
Од 16-ти мај стартуваат холандските тури во Охрид
Post Views: 438 Од дванаесет до 15 илјади холанѓани и оваа сезона ќе летуваат на брегот на Охридското Езеро. На 16 мај пристигнуваат првите туристи од Холандија. Од Амстердам за Охрид преку тур операторот ТУИ во шпицот на сезона од јуни до август ќе има шест летови неделно. Тие се веќе традиционални гости кои остануваат во градот од седум до 14 денови.„Ќе имаме по шест летови неделно, очекуваме добар наплив на холандски туристи,тие врпочем се повеќе години во нашиот град, задоволни се и имаат убав престој овде. Морам да напоменам дека тие гости кои доаѓаат се со подолг...
Уапсен ученикот кој утрово пукаше во основно училиште во Белград
Post Views: 428 Момче (14 год) уби чувар во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград . Неколку ученици се повредени, дознава „Телеграф.рс“.„Како што дознаваме, ученик од тоа училиште, кој е седмо одделение, дошол во училиштето вооружен и почнал да пука, сето тоа траело околу пет минути. На местото на настанот се испратени три екипи на Брза помош. На терен има голем број полицајци.“ – објави Телеграф.Српското МВР потврди дека го уапсила малолетникот кој утринава пукаше во ОУ „Владислав Рибникар“ каде има и мртви и ранети. Тие наведуваат дека во 8 часот и 40 минути...
Работнички ја обедини двојната круна во македонската женска одбојка
Post Views: 342 Одбојкарките на Работнички-Жени се старо-новите шампионки на Македонија, откако во финалната серија со конкурентот Јанта Волеј од Скопје беа подобри со 3:1 во победи.Четвртиот натпревар беше повеќе од драматичен и траеше повеќе од два часа. Работнички беше фаворит, но Јанта Волеј не се предаде така лесно. Дуелот заврши со резултат од 3:2 во сетови за одбојкарките во „црвено-белите” дресови.Втора година по ред Работнички ја обединува двојната круна во македонската женска одбојка, а во својата клупска историја, ова е шеснаесеттиот пехар за Работнички.
Авторски концерт на Љупчо Коскаров на Охридско лето
Post Views: 313 НУ Охридско лето продолжува со реализација на концерти надвор од традиционалната рамка 12 јули-20 август. По повод денот на Македонската книжевност, на 5 мај (петок) со почеток од 20 часот во црквата Св. Софија авторски концерт на уметничка вокално-инструментална музика ќе одржи Љупчо Коскаров заедно со Марина Јаневска – сопран, Илија Белистојаноски – тенор, Иван Трајковски – виолина, Филип Михајловски – канон и Дарко Мариновски – пијано.„Концертите кои ги реализиравме изминатиов период се само доказ дека градот, нашата верна публика, има потреба преку цела...
Голем интерес за бесплатна помош и нега во домашни услови во струшко
Post Views: 308 Голем интересот за социјалните услуги семејна грижа и нега во домот во струшко. Месечно во просек 25 лица добиваат бесплатна помош и поддршка од здружението Порака Нова.Помош во домашни услови добиваат лица со Алцхајмер, мултиплекс склероза и болни на кои им е потребна палијативна нега. Овие услуги го олеснуваат животот на лицата со посебни потреби и нивните семејства.„Услуги во домот се услуги за обезбедување помош и нега во домот на лица кои се со привремено или трајно намален функционален капацитет, однодно лица кои што не можат да се грижат за себево...
9 медали и пехар за охридските стрелци
Post Views: 313 Изминатиов викенд на стрелиштето во Сандански се одржа 10-тиот јубилеен традиционален меѓународен Турнир ,,ЗПГ-2023″ во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма.9 медали и пехар за комплексно класирање за најмногу освоени медали на натпреварот е исходот од овај натпревар, на кој учество зедоа клубови од Р. Македонија и Р. Бугарија.Со личен рекорд, а воедно и рекорд на досегашните Турнири во Сандански, од 614,8 кругови, Бојан Спасеновски од ЖСК ,,Лихнидос” е освојувач на злато во конкуренција на јуниори со воздушна пушка. Во истата...
Во Охрид променливо облачно со повремен дожд
Post Views: 243 Времето денес во Македонија променливо облачно, од изутрина со врнежи од дожд кои попладне повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.Во Охрид променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура до 9 степени, а максималната дневна до 15 степени.
Пет години од смртта на академик Цветан Грозданов
Post Views: 520 Академик Цветан Грозданов почина во 2018тата година на 82 годишна возраст. Тој беше еден од најеминентните македонски и балкански византолози, историчар на уметноста, политичар, прв министер за култура на Македонија и поранешен Претседател на Македонската академија на науките и уметностите.Својот богат научен век го посвети на духовното јадро на словенскиот свет, Охрид. Неговиот роден град Охрид беше негова опсесија.Колосалниот опус од над 300 научни трудови на Грозданов е од огромно значење за македонската историја на уметност.Во целокупниот тој...