Skip to main content

Автор: инфодеск

Ги запознаваме ретките болести во охридско – струшкиот регион: Х-поврзана ретиношиза

Views: 50 Оштетувањето на мрежницата ја нарушува острината на видот (визуелната острина) на двете очи. Типично, Х-поврзаната јувенилна ретиношиза влијае на клетките во централната област на мрежницата наречена макула. Макулата е одговорна за остар централен вид, кој е потребен за детални задачи како што се читање, возење и препознавање лица. Х-поврзана јувенилна ретиношиза е еден вид на пошироко нарушување наречено макуларна дегенерација, што го нарушува нормалното функционирање на макулата. Повремено, страничниот (периферен) вид е засегнат кај луѓето со Х-поврзана јувенилна...

Продолжи со читање

Франција: Фрлена бомба во кафуле, повредени 12 лица

Views: 111 Во францускиот град Гренобл, на југоистокот на земјата, синоќа во кафуле експлодирала рачна бомба, при што биле повредени 12 лица.„Лицето влегло, фрлило граната, очигледно не кажало ниту збор, а потоа избегало. Напаѓачот носел и автоматска пушка од типот калашников која не ја користел.“, изјавил јавниот обвинител.Сите повредени биле веднаш префрлени во Универзитетската болница Гренобл-Алпи, а здравствените работници се борат за животите на оние во најтешка состојба.Градоначалникот на Гренобл, Ерик Пиол, остро го осуди овој „невиден чин на насилство“ што ја...

Продолжи со читање

Пецаков: Во тек се градежни активности за асфалтирање на улица во Подмоље

Views: 75 Градоначалникот Кирил Пецаков информира дека во тек се градежни активности за асфалтирање на улица во село Подмоље во должина од 380 метри и ширина од 3 метри.Вкупната вредност на проектот е 2.416.000 денари, а средствата се обезбедени преку Јавниот повик за финанасирање на инфраструктурни проекти од Министерството за локална самоуправа.-Подобрување на условите за живеење во сите урбани и рурални средини во Општина Охрид е наш приоритет и во текот на наредниот период ќе продолжиме да реализираме низа проекти во комуналната сфера, кои се во интерес на граѓаните,...

Продолжи со читање

Бесребреници маченици Кир и Јован и со нив маченичките Атанасија и нејзините ќерки: Теоктиста, Теодотија, и Евдоксија

Views: 56 Овие милосрдни и прекрасни светители не беа браќа по крв, но беа браќа по дух. Кир најнапред живееше во Александрија и како лекар ги лечеше луѓето со силата Христова и со материјални лекови. Кога дозна дека болестите ги напаѓаат луѓето најмногу заради гревовите, почна непрестано да ги упатува болните со пост и покајание да си ја очистат душата од гревовите и така да си го повратат телесното здравје. Кога настана гонењето на христијаните од страна на Диоклецијан, Кир се оддалечи во Арабија и таму се замонаши. Но, како што беше прочуен во Александрија исто така се прочу и во...

Продолжи со читање

облачно Охрид

Променливо облачно со максимални температури до 5 степени

Views: 55 Променливо облачно со повремен локален снег претежно во планинските региони, а на повисоките места во западните и северните делови понекаде со повремен дожд кој ќе преминува во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарие.Ќе продолжи период на променливо облачно време, претежно во планинските региони со услови за појава на слаб повремен дожд, а на планините со услови за слаб повремен снег. Во петок ќе засилува југоисточен ветер, информираат од УХМР.

Продолжи со читање

Св Кирил и Методиј

Јавен повик за избор на младинска организација која ќе раководи со Младинскиот центар – Охрид

Views: 134 Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 34 од Статутот на Општина Охрид („Службен гласник на општина Охрид“ бр.8/07, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14 и 15/20), а во врска со член 22 од Законот за младинско учество и младински политики (Сл. Весник на РМ 10/20), Правилникот за стандарди за квалитет на младинските центри бр. 12-923/1 од 07.04.2021 година, донесен од страна на Агенцијата за млади и спорт како и Одлуката бр.08-7251/10 од 22.07.2021 година за отстапување на времено користење простор и спроведување...

Продолжи со читање

Прекинат шверц на меѓународен транспорт на дрога

Views: 88 Во рамки на заеднички оперативни активности на полициските и царинските службеници, спречен е обид за меѓународен транспорт на наркотична дрога – марихуана.МВР соопшти дека при детална контрола на товарно моторно возило – камион со скопски регистраски ознаки, извршена на граничен премин Богородица, пронајдена е и запленета значителна количина наркотична дрога марихуана, за која дополнително ќе биде извршена форензича анализа и вештачење. Според првичните информации товарното возило влегло од Косово, кое преку Македонија требало да транзитира кон Грција, со крајна...

Продолжи со читање

Магна Мирорс со поддршка за Вестите за глуви и наглуви лица на ТВМ

Views: 157 Компанијата Магна Мирорс како општествено одговорна компанија го препознава значењето на информираноста на глувите и наглуви лица во заедницата и дава поддршка во реализирањето на специјалното издание на вестите за лица со оштетен слух на ТВМ Телевизија.Регионална ТВМ Телевизија веќе 16 години го подготвува и емитува специјалното дневно издание на вестите за глуви и наглуви лица, за навремено, точно и прилагодено информирање за оваа категорија наши сограѓани, кои истото го доживуваат како “прозорец кон светот.Прилагодено видео издание на Дневникот на толковен јазик им...

Продолжи со читање