Автор: инфодеск
Post Views: 318 Протоколарна средба, денес, оствари градоначалникот Кирил Пецаков со новиот бугарски конзул Николај Димитров.На средбата соговорниците разговараа на повeќе теми, меѓу кои беа остварување соработка во насока на исполнување на препораките од УНЕСКО, поддршката на проекти од повеќе области и унапредување на соработката во областа на туризмот.Заеднички беше констатирано дека добрата меѓусебна соработка треба да продолжи и да се надогради.
Намалување на цените на горивата од полноќ
Post Views: 327 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,34 % во однос на одлуката од 28.4.2023 година.Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 2,00 денара/л.Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се намалува 1,00 денар/л, а малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-98“ се намалува 1,50 денар/л.Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.Малопродажната цена...
Женскиот фудбалски клуб „Билјанини Извори“ доби спортска опрема од ФФМ
Post Views: 430 Женскиот фудбалски клуб Билјанини Извори од Охрид, од страна на Фудбалската федерација на Македонија, а согласно проектот на УЕФА за развој на женскиот младински фудбал во рамките на „Хет трик V” програмата, доби нова спортска опрема.Во просториите на „Куќата на фудбалот“, покрај ЖФК Билјанини Извори од Охрид, опрема добија уште 20 екипи кои се натпреваруваат во Првата и Втората женска фудбалска лига, како и оние во младинските категории.Новата спортска опрема е голема помош и поддршка за женските фудбалски клубови, а со цел поголем развој на...
Откриена бесправна сеча на Мазатар
Post Views: 320 Од ЈП Национални шуми информираат дека на 28 април во спроведена акција од страна на шумочуварската служба од Подружница Галичица од Охрид, во Шумско стопанската единица Мазатар, оддел 135, запленети се 27 борови стебла од бесправна сеча.Запленетата количина на обло и ситно техничко дрво од бел и црн бор, во количина од 5,5м3 е транспортирана до складот на подружница Галичица. Против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од Национални шуми.
Целосно исплатени општинските стипендии за учениците и студентите
Post Views: 263 Општина Охрид целосно ги исплати стипендиите за учениците и студентите предвидени во рамки на програмите за основно и средно образование Н1 и Н2 и програмата за социјална и здравствена заштита Т1. На вкупно 177 ученици во основното образование им се исплатени стипендии во износ од 3.186.000,00 денари, на 112 ученици од средното образование им се исплатени вкупно 2.016.000,00 денари а на 31 студент им се исплатени вкупно 837.000,00 денари. На 40 ученици во основното и средното образование и 4 студенти, лица со посебни потреби и ретки болести им се исплатени...
Полесно секојдневие со Нега центарот и лична асистенција на Црвен Крст Охрид
Post Views: 340 Во рамки на Општинската организација на Црвениот Крст од Охрид функционира и нега центарот. Во рамки на центарот се нуди услугата „Помош и нега во домот“, преку која лица од охридскиот Црвен крст им пружаат помош на старите и изнемоштени лица. Времетраењето на оваа услуга зависи од потребите кои се најразлични. Од купување намирници и пружање на хигиенски услуги па се до администрација на лекови.„Ги опфаќа старите лица и лицата со попреченост. најчесто тоа се стари лица кои сакаат да бидат во домашни услови, домашна средина а имаат потреби кои треба да се...
Времето денеска претежно облачно
Post Views: 376 Времето во Македонија денеска претежно облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец.Во среда и четврток ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, на места поинтензивен и проследен со грмежи. Дневната температура ќе се намали. Од петок се очекува посончево и потопло време, со услови за локален краткотраен дожд во попладневните часови.Во Охрид претежно облачно со утринска температура од 10 степени и...
Tаксист нападнат од патник во Охрид
Post Views: 423 На 01.05.2023 во 02,10 часот во Полициска станица Охрид 53 годишен таксист од Охрид, пријавил дека околу 00,20 часот во Охрид бил физички нападнат од патник кој го превезувал, информираат од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Кошаркарите на Охрид и Соколи 1933 последни полуфиналисти од второлигашкиот плеј-оф
Post Views: 431 Екипите на ГКК Охрид и на Соколи 1933 од Штип ја продолжуваа борбата за двете места кои водат во кошаркарската елита на Македонија.Како што веќе објави ТВМ, екипата на Охрид ја доби третата и најважна средба од борбата за пласман во Првата лига против Работнички со резултат од 77:58.Соколи 1933 беа подобри од МКК КУманово со 66:59 или 2:1 во серијата. Штипјани ја искористија предноста која ја носи играњето „мајсторка” на домашен терен.Претходно место во полуфиналето во само два одиграни натпревари обезбедија скопските ривали Вардар и...
Струга чекор поблиску до историска титула во ПМФЛ
Post Views: 384Лидерот Струга Трим Љум ја продолжува доминантната игра во домашниот шампионат, откако со високи 0:3 ја доби Брегалница во Штип и со тоа сигурно чекори кон историска титула во Првата македонска фудбалска лига.Стружани брзо го отворија резултатот во Штип, откако веќе во 8. минута од мечот, Христијан Малески постигна убав гол за водство на гостинот од 0:1.Струга продолжи да прави притисок на Градскиот стадион во Штип, каде штипската публика не беше задоволна од изданието на „сините”, па пред крајот на првиот дел најдобриот стрелец во историјата на...
Кајакарење од Охридското Езеро, преку Црн Дрим до Глобочица
Post Views: 535 Кајакарење од Охридското Езеро, преку реката Црн Дрим до Глобочица и оваа сезона е главната туристичка атракција во струшко. Се повеќе туристи се заинтересирани за активен туризам. Кајакарат низ живописната природа запознавајќи го раскошот на најстарото езеро во Европа, клисурата на Дрим и потопеното село Глобочица.Активистите велат потребна е поголема поддршка и промоција од страна на институциите, да се искористат сите потенцијали за развој на активен туризам.„Докажано е и во светски рамки дека алтернативниот туризам обезбедува и поголем внес на...
МНР прави напори за евакуација на осумчлено семејство од Судан
Post Views: 321 По добиената информација дека осумчлено семејство, државјани на Македонија, се наоѓа во загрозените подрачја на Судан. По добиената информација, Министерството за надворешни работи, преку својата амбасада во Каиро веднаш стапило во контакт по што добило потврда дека сите членови се во добра здравствена состојба.„Министерството преку дипломатската мрежа во регионот е во постојана комуникација со колегите од пријателските земји, чии амбасади се сѐ уште активни на територијата на Судан. Во тек се активности за да се обезбеди нивна скора евакуација, и трансфер...
