Skip to main content

Автор: инфодеск

Магна Мирорс со поддршка за Вестите за глуви и наглуви лица на ТВМ

Views: 157 Компанијата Магна Мирорс како општествено одговорна компанија го препознава значењето на информираноста на глувите и наглуви лица во заедницата и дава поддршка во реализирањето на специјалното издание на вестите за лица со оштетен слух на ТВМ Телевизија.Регионална ТВМ Телевизија веќе 16 години го подготвува и емитува специјалното дневно издание на вестите за глуви и наглуви лица, за навремено, точно и прилагодено информирање за оваа категорија наши сограѓани, кои истото го доживуваат како “прозорец кон светот.Прилагодено видео издание на Дневникот на толковен јазик им...

Продолжи со читање

одобренија за градба

Во декември лани во Охрид издадени 6 одобренија за градба

Views: 88 Шест одобренија за градење се издадени во општина Охрид во декември минатата година, објави Државниот завод за статистика. Како инвеститори на градбите се јавуваат физички лица на три објекти и исто толку деловни субјекти. Планирана е изградба на 133 станови со корисна површина од 7 995м2.Во општините од регионов, Струга, Дебрца и Вевчани во декември не било издадено ниту едно решение за градба.Според податоците на Државниот завод за статистика, на ниво на државата, во декември 2024 година се издадени 287 одобренија за градење, што е за 2.0 % помалку во однос на истиот...

Продолжи со читање

Фонтана Чинар

Објавен вториот јавен повик за финансиска поддршка на општините за инфраструктурни проекти

Views: 99 Министерството за локална самоуправа го објави јавниот повик за изразување на интерес од страна на општините за финансирање на инфраструктурни проекти од Потпрограмата АА. Ова е втор повик за финансиска поддршка на општините за реализација на капитални инфраструктурни проекти со кој на располагање се 15 милијарди денари.„Предмет на овој јавен повик е поднесување на предлог – проекти, врз основа на претходно утврдени критериуми и процедури на Министерството за транспорт, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за образование и наука,...

Продолжи со читање

Охридската итна медицинска служба солидно екипирана и опремена да одговори на предизвиците

Views: 154 Брзата помош во Охрид има доволно амбулантни возила. За територијата, која ја покрива,  над 50 000 жители има седум амбулантни возила, од кои шест санитетски комбиња. Набавени се уште две кои наскоро ќе бидат ставени во функција. Сите  се опремени  со потребната медицинска апаратура за укажување на прва помош„Комбињата се со потполна современа опрема, сите имаат дефибрилатори со монитори., боци за кислородна поддршка, шанцови графати, аспиратор вентилатор со опрема сме можамд а кажам добри. Во однос на објектот  сепак се работи за стара...

Продолжи со читање

Откриен камион полн со рециклирана хартија и дрога од Косово, крајна цел била Турција

Views: 65 Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи (МВР) и Царинската управа, во заедничка акција, откриле поголема количина дрога на граничниот премин Богородица. Според неофицијални информации, акцијата била координирана, а на преминот биле извршени детални проверки на камиони од страна на тимови на Царина и полиција.Според првичните информации, камионот во кој имало рециклирана отпадна хартија влегол од Косово и требало да оди за Грција, а крајната дестинација била Турција. Од Министерството за внатрешни работи и од Царинската управа засега не...

Продолжи со читање

Ги запознаваме ретките болести во охридско – струшкиот регион: Хепатоцитен нуклеарен фактор 1β

Views: 57 Хепатоцитен нуклеарен фактор 1 Бета-асоцирана болест (HNF1β асоцирани болести) се група генетски состојби кои влијаат на бубрезите, како и на другите органски системи. Болеста поврзана со хепатоцитен нуклеарен фактор 1β (HNF1β) од неодамна е препознаена како клинички ентитет со променлив, мултисистемски фенотип.Мутациите на HNF1β за првпат биле опишани во 1997 година како ретка генетска причина за дијабетес кај младите и дисфункција на β-клетките на панкреасот. Ова е еден од гените одговорни за регулирање на раниот развој на многу органи на телото. Мутациите во HNF1β се...

Продолжи со читање

Ќе се реконструира болницата ,,Св. Еразмо”

Views: 49 На вчерашната седница на Владата се донесе одлука за реконструкција и изградба на болницата ,,Св. Еразмо ” – Костозголбна во Охрид. – Со одлуката предвидени се 2 милиони евра за оваа намена и со ова исполнуваме уште едно ветување – информираше на социјалните мрежи вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.-Св.Еразмо – специјална болница за ортопедија и траумотологија е од огромно значење за жителите на општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Ресен, а се вршат и посложени медицински операции за жителите од цела Македонија. Продолжуваме...

Продолжи со читање

МОН со промоција на мобилна апликација за напредокот на децата на училиште

Views: 96 Министерството за образование и наука (МОН) информира дека развило мобилна апликација која им овозможува на родителите и старателите на учениците едноставен пристап до електронскиот дневник и со тоа, лесно и на дневна основа, да го следат образовниот напредок на децата.Според министерката Весна Јаневска, апликацијата овозможува увид во распоредот и содржината на часовите на учениците, во редовноста на настава – оправдани и неоправдани изостаноци, зададените домашни задачи, добиените оценки и издадените свидетелства.„Апликацијата може да се симне на ednevnik.edu.mk или...

Продолжи со читање