Skip to main content

Автор: инфодеск

Првачиња

Утре започнува уписот на првачињата во учебната 2023/2024 год

Post Views: 283 Од утре до крајот на мај ќе трае електронското запишување ученици во прво одделение во учебната 2023/2024 година. Уписот е преку порталот uslugi.gov.mk каде што родителите/старателите треба да пополнат апликација, да изберат училиште и да ги прикачат потребните скенирани документи. Откако апликацијата ќе биде прифатена, се одредува термин во кој ученикот ќе треба да дојде на разговор со педагогот во училиштето.Условите за запишување прваче се да има наполнето шест години до крајот на календарската година, да биде доставена потврда за примените задолжителни...

Продолжи со читање

На 07 мај, во Струга ќе се одржи Ѓурѓовденската литија

Post Views: 340 В недела, на 7-ми мај, моштите на Великомаченикот Георгиј Победоносец, кој со своите молитви ја закрилува Струга, ќе го осветат древниот град.Голем број врници и свештеници, монаштвото од Бигорскиот манастир и манастирот во Рајчица ќе учествуваат на традиционалната древна струшка Еордија – литијата со Чудотворната икона на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец, неговите чесни мошти од неговиот Манастир во Рајчица, како и Чудотворната икона на Пресвета Богородица – Крнинска.Во храмот на Светиот Великомаченик Георгиј во Струга, претходно ќе биде...

Продолжи со читање

Пендаровски: Да ги унапредиме работничките права и да спречуваме експлоатација

Post Views: 288 Претседателот на државата, Стево Пендаровски со порака до граѓаните по повод 1 Мај – Денот на трудот.„На 1 Мај – Денот на трудот, да се потсетиме и да им оддадеме признание на сите оние кои придонесоа за поправеден однос кон работниците. Благодарни сме и на сите кои и денес се борат за обезбедување на пристојни услови за работа, соодветни плати и социјална сигурност, градејќи општество каде чесната работа, достоинствено ќе се цени и ќе бидат целосно заштитени работничките права“, вели Пендаровски.Развојот и напредокот на Северна Македонија, воедно и...

Продолжи со читање

Запуштена алејата на писателите во поетска Струга

Post Views: 317 Искршени клупи, обрасната трева и грмушки, опустошени спомен обележја, исшкртани со графити, девастирани постаменти и обезглавени бисти на великаните. Ваква е денес сликата, во светската престолнина на поезијата Струга. Наместо културно катче, Алејата на писателите е комплетно запуштено место. Нема ниту обележје дека токму овде се овековечува споменот и името на познатите културни дејци, писатели и поети.„Поизразено е во последниве години кога имаме зачестено сквернавење на спомениците и уништување на бистите од личностите кои се значајни за македонската...

Продолжи со читање

Струга Трим Љум настапите во ЛШ ќе ги игра во Охрид

Post Views: 406Лидерот во Првата македонска фудбалска лига, Струга Трим Љум на четири кола до крајот објави дека настапите во Лигата на шампионите или Лига Европа како домаќин ќе ги игра на стадионот „Билјанини Извори” во Охрид.Победата против Тиквеш во претходното коло од 2:0 и математички донесе „виза” за Европа за екипата на Струга, која се бори за двојна титула што за овој млад клуб ќе биде историски успех.Стадионот во Охрид е лиценциран за европски натпревари, а на овој терен македонската репрезентација до 21 година играше квалификационен натпревар...

Продолжи со читање

Медиумите ќе можат да наплаќаат за читање текстови на Твитер

Post Views: 300 Сопственикот на Твитер, Илон Маск, најави дека социјалната мрежа од следниот месец ќе воведе опција која на медиумите ќе им даде можност да наплаќаат за читање на нивните текстови.„Ова за корисниците кои не би се регистрирале за месечна претплата ќе значи дека ќе плаќаат повисока цена по напис кога сакаат да го прочитаат“, напиша Маск на Твитер.Тој изјави дека новата опција треба да биде од голема корист и за медиумските организации и за јавноста.Откако ја презеде компанијата во октомври минатата година, Маск воведе низа промени во обид да ги...

Продолжи со читање

Првомајски во Охрид облачно со услови за дожд и грмежи

Post Views: 243 Времето денес во Македонија променливо облачно со сончеви периоди, во попладневните часови со повремен локален дожд и појава на грмежи. Минималните температури во интервал од 2 до 9 степени, а максималните дневни од 15 до 22 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Во Охрид облачно со сончеви периоди. Попладне со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Утринската температура од 6 степени , додека максималната дневна ќе се искачи до 18 степени.

Продолжи со читање

Денот на трудот во Хавана откажан поради недостиг на бензин

Post Views: 410 Комунистичката партија на Куба го откажа овогодинешното одбележување на Меѓународниот ден на трудот 1 мај во Хавана поради недостиг на бензин.Претседателот, Мигел Дијаз-Канел изјави дека Куба добива само две третини од бензинот што му е потребен, а недостигот е последица на тоа што земјите снабдувачи не ги исполнуваат договорите, објави британски „Гардијан“.Куба и Венецуела имаат договор за размена од 2000 година: Куба испраќа лекари, наставници и наводно контраразузнавачи во Венецуела во замена за сурова нафта.Тој договор сега се чини дека пропадна. Извозот...

Продолжи со читање

Приведени скопјани во угостителски објект во Охрид

Post Views: 293 На 30-ти април 2023 година, во 02:10 часот во угостителски објект во Охрид од полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје се лишени од слобода двајца 30-годишни лица од Скопје, затоа што кај еден од нив била пронајдена и одземена прашкаста материја.По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, информираат од МВР.

Продолжи со читање

Воска Спорт убедлива против Арсими, висок пораз на Охрид од Гостивар

Post Views: 368 Воска Спорт продолжува со победничката серија во Втората македонска фудбалска лига, а вчера на „Билјанини Извори” во меч од 27. коло забележа нова победа откако со 3:1 го доби Арсими од Чегране.Воска Спорт ја имаше улогата на фаворит, а избраниците на Берат Имери истата ја оправдаа со сигурна победа за голема радост кај публиката и навивачите. Охриѓани одиграа квалитетен натпревар, особено офанзивно каде што Воска беше добро поставена, со креирање на одлични шанси за погодоци, а тоа резултираше ефективно со три погодоци во мрежата на противникот....

Продолжи со читање

Поради дефект прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Post Views: 289 Поради настанат дефект на водоводната мрежа ( пукната цевка со профил ф160мм), денес од 12:30 часот ќе има неколкучасовен прекин во водоснабдувањето на улиците: „Стив Наумов“ , „Крали Марко”, “8ми Март” и дел од “Железничка”. – информираат од ЈП Водовод Охрид.

Продолжи со читање

Првомајски протест „Работниците се државата“

Post Views: 263 Сојузот на синдкатите на Македонија (ССМ) на Денот на трудот – 1 Мај организира првомајски протест под мотото „Работниците се државата“.Протестот, што ќе почне во 12 часот пред зградата на ССМ, се организира поради неправдите кон работниците. Во годината со највисока инфлација кога народот се радува на замрзнати цени, а функционерите добија енормно зголемени плати додека вработените чекаат две илјади плус, очекуваат масовност од сите градови.„Сметаме дека покачувањето на функционерските плати за 78 проценти или по 2.000 денари дневно, воведувањето на 12...

Продолжи со читање