Skip to main content

Автор: инфодеск

Историски успех на ГКК Охрид на патот кон влез во Прва лига

Post Views: 394 Охрид од следната сезона би можел повторно да добие прволигашка кошарка, откако Градскиот кошаркарски клуб Охрид, кој постои само три сезони го победи Работнички 2018 со 77:58 во „мајсторката” од четвртфиналето на второлигашкиот плеј-оф и обезбеди пласман во следната фаза.Следен противник за охридските кошаркарки ќе биде победникот од дуелот помеѓу Соколи од Штип и МКК Куманово и доколку биде помината и оваа фаза, тогаш ГКК Охрид ќе се пласира во Првата лига, без разлика од исходот во финалето, што за овој клуб ќе биде историски успех, а Охрид одново ќе...

Продолжи со читање

Пренесување на германски искуства за унапредување на јавните сервиси

Post Views: 241 Во просториите на Касарна Хаб во Охрид вчера се одржа дискусија со цел пренесување на германски искуства и знаења за унапредување на работењето на јавните сервиси на полето на урбаната мобилност, сообраќајни решенија, дигитализација на јавниот сектор, туризам, винарство и останати добри бизнис пракси.На почетокот на настанот присутните ги поздрави градоначалникот, Кирил Пецаков:„ Дозволете да ја изразам мојата благодарност за организација на овој настан на кој преку дискусија се настојува да се пренесат идеи и знаења од врвни експерти од Германија,...

Продолжи со читање

Струга нема право на грешка против Брегалница

Post Views: 320Лидерот на табелата во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Струга Трим Љум, в недела гостува во Штип, каде ја очекува тежок натпревар против Брегалница, во рамки на 30. коло.Струга е на добар пат дa освои историска титула во фудбалската елита на Македонија, како најмлад прволигаш, но за тоа нема право на грешка во градот под Исарот, каде ќе игра со одличната Брегалница.Штипските „сини” иако во претходните две кола забележаа порази од Шкендија и Шкупи, сепак играат одлично, а теренот во Штип е повеќе од „жежок”, со оглед на тоа што...

Продолжи со читање

Се поставува новата ограда на охридската гимназија

Post Views: 303 Aктивностите за реконструкција на дворот и на објектот на ОСУ „СВ Климент Охридски“ продолжуваат.Денеска започна поставувањето на новата ограда околу зградата на гимназијата.Дворот ќе биде целосно партерно уреден и ќе се изгради атлетска патека околу училиштето.

Продолжи со читање

ЕУ го турка Законот за регулација на вештачката интелигенција

Post Views: 375 Комисиите на Европскиот парламент постигнаа прелиминарен договор за Законот за вештачка интелигенција, кој ќе го отвори патот за првото регулирање на вештачката интелигенција, пренесува Хина.„И покрај конзервативните желби за поголем надзор и левичарските фантазии за прекумерна регулатива, парламентот најде солиден компромис кој пропорционално ќе ја регулира вештачката интелигенција, ќе ги заштити правата на граѓаните, ќе ги поттикне иновациите и ќе ја зајакне економијата“, рече европратеничката Свења Хан.Европската комисија ги предложи нацрт-правилата...

Продолжи со читање

Лео Нелоски и Иво Георгиески трети на Првата Олимпијада за Вселената

Post Views: 521 Лео Нелоски и Иво Георгиески од ООУ „Григор Прличев“ го освоија ТРЕТО МЕСТО на Првата Национална Олимпијада за Вселената која вчера се одржа во Охрид. Олимпијадата е во организација на ЊуМенс Бизнис Акцелератор, фондацијата Голдилокс, а со поддршка на Амбасадата на САД.„Младите истражувачи Лео и Иво, ученици кои и наставните и воннаставните активности ги посветуваат на надоградба и дружба со своите врсници, на промоција на своите дела и на школото, овој пат ќе одат на големото Суперфинале кое ќе се одржи во октомври годинава, со големи шанси за пласман и...

Продолжи со читање

ЦКА-ПХВ акција, купете слика за помош на 9-члено семејство од Охрид

Post Views: 389 Во склоп на овогодинешниот ПХВ циклус една од групите која работи со социјално загрозено семејство во период од 28 април до 1 мај организира хуманитарна акција за продажба на рачно нацртани слики изработени од страна на младите таленти од нашиот град. Парите собрани од продажбата на слики ќе бидат наменети за социјално загрозеното семејство.Групата која ја организира акцијата има за цел да обезбеди доволно финансиски средства за подобрување на лошите услови за живот на едно деветчлено социјално загрозено семејство со 6 деца од околината на Охрид....

Продолжи со читање

Воска Спорт денес против Арсими за историски пласман во Прва лига

Post Views: 386 Денес на стадионот „Билјанини Извори” во Охрид, лидерот Воска Спорт ќе биде домаќин на новајлијата Арсими, во 27 -то коло од Втората македонска фудбалска лига. За Воска ова е меч каде охриѓани со триумф ќе стават печат на историски влез во фудбалската елита на Македонија.Воска Спорт игра перфектна сезона и на своето конто има 65 бодови собрани во 26 натпревари, на кои забележа 20 победи, пет ремија и само еден пораз. Според формата од последните пет натпревари, Воска Спорт има пет победи од исто толку одиграни натпревари и ја прави тим со најдобра...

Продолжи со читање

Цените на зеленчук и овошје остануваат замрзнати до крај на мај

Post Views: 348 Владата на вчерашната 150-та седница донесе Одлука за изменување на Одлуката за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало.Со Одлуката, се продолжува примената на веќе утврдени највисоки трговски цени, од 30 април 2023 година, до 31 мај 2023 година, на одреден дел од овошјето и на зеленчукот и тоа во висина:до 95 денари за килограм свежи домати,до 95 денари за килограм свежи краставици,до 70 денари за килограм кромид,до 100 денари за килограм свежи зелени пиперки,до 95 денари за килограм грав,до 110 денари...

Продолжи со читање

Во Охрид денеска променливо облачно

Post Views: 292 Времето денеска во Македонија променливо облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови, претежно во северните делови ќе има услови за појава на слаб краткотраен дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 22 степена.Во Охрид променливо облачно, со сончеви периоди. Максималната температура ќе достигне 18 степени.

Продолжи со читање

Меморандум за соработка меѓу УИНТ „Св. Апостол Павле“ и НУБ „Св. Климент Охридски“

Post Views: 315 На маргините на Третата меѓународна научна конференција на библиотекари што се одржа деновиве на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, Проректорката проф. д-р Устијана Речкоска Шикоска и г-дин Рахметула Куќи, директор на Националната и униврезитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје, склучија Меморандум за меѓусебна соработка.„Oвој документ предвидува заеднички договорени активности како воспоставување на заедничка соработка и реализација на заеднички проекти од научен, административен и развоен карактер, реализација на едукативна, научна,...

Продолжи со читање

Убиен македонски државјанин со колец во Сончев брег

Post Views: 25114-годишно момче од Несебар е приведено за убиство на македонски државјанин во Сончев Брег, соопшти полицијата во Бургас. Во текот на вчерашниот ден во Бугарија било пронајдено безживотно тело на 50-годишен државјанин на Македонија. Телото на жртвата било откриено во шумска област а според бугарските медиуми смртта настанала како последица на нанесени удари со колец во пределот на главата. Според изјавите на органите на прогонот жртвата и момчето не се познавале, оствариле контакт на улица. Сомнежите за можниот мотив за убиството се движат од педофилија до...

Продолжи со читање