Автор: инфодеск
Views: 119 Здружението за зачувување и истражување на животната средина Охрид / Дебрца објави дека викендов намерно е опожарен дел од Белчишко Блато на 4 места и изгорена е трска и ниска вегетација на површина од околу 7 хектари. Во нивното соопштение додаваат дека интервенирано е од охридската противпожарна единица, а органите на МВР извршиле увид.-За скоро ќе биде инсталиран видео надзор и ќе го минимизираме уништувањето на природното богатство, се додава во нивната објава.
„Не пиј кога возиш“, превентивна активност на СВР Охрид
Views: 69 Изминатиов викенд, Отсекот за превенција при СВР Охрид, на подрачјето на Охрид, ја реализираше едукативно-превентивната кампања – „Не пиј кога возиш“.-Целта на кампањата е насочена кон подигнување на степенот на безбедносна култура и на свеста кај граѓаните за зголемена внимателност и будност кај сите учесници во сообраќајот а пред се кај возачите на моторни и други возила што треба да придонесе за повисока безбедност во сообраќајот. Притоа, полициските службеници од Отсекот за превенција, во соработка со полициската станица за безбедност во сообраќајот на...
Љутков ќе го соопшти проектот кој ќе не претставува на 19. Биенале на архитектурата во Венеција
Views: 55 Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска на прес-конференција во Националната галерија – Даут-пашин амам ќе го соопшти проектот кој ќе ја претставува нашата држава на 19. Биенале на архитектурата во Венеција.Годинашното издание на Биеналето на архитектурата во Венеција ќе се одржи од 10 мај до 23 ноември.
Пренос на моштите на свештеномаченик Игнатиј Богоносец
Views: 120 Главното празнување на свети Игнатиј е на 20 декември. На овој датум се празнува преносот на неговите мошти од Рим, каде што маченички пострада, во Антиохија, во којашто порано беше архијереј. Кога свети Игнатиј беше повикан во Рим за да одговара пред царот Трајан за својата вера, на тој долг пат го придружуваа неколкумина граѓани од Антиохија, побудени од голема љубов кон својот прекрасен архипастир. Бидејќи Божјиот светител никако не сакаше да се одрече од верата и ги презре сите ласкања и ветувања на царот Трајан, беше осуден на смрт и фрлен пред ѕверовите во Големиот...
УХМР: Наутро студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди
Views: 48 Наутро студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди, повеќе во источните делови. Во југозападните претежно планински региони од пладневните часови ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Температурите во Охрид од -3 до 4 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека утре најпрвин во планинските региони, потоа преку ноќта и во четврток ќе има повремени локални врнежи претежно од снег, а на пониските места од повремен дожд и снег. Постојната снежна покривка особено во западниот дел ќе се прошири понекаде и...
Државата ќе гради комерцијална зграда во Охрид по цена од 1.000 евра за м2
Views: 300 АД за стопанисување со станбен и деловен простор за годинава најави изградба на пет згради со комерцијални станови во Охрид, Битола, Скопје и Штип.Вицепремиерот Александар Николоски потенцираше дека сегашната цена е превисока за животниот стандард на граѓаните и затоа државата ќе се обидува да интервенира преку изградба на комерцијални станови. Во јануари Владата на седница усвои одлука дека 65 стана ќе се продаваат по 1.000 евра за квадратен метар, 11 дуќани по 2.000 евра за квадратен метар и 71 паркинг место по 500 евра за квадрат.„Моментaлно цената на комерцијaлни...
Малолетниците што вандализираат јавни добра да вршат општокорисна работа
Views: 83 Вандализмот зема замав во сите општини. Охрид не е поштеден од уништување на јавните добра. Искршени клупи во парковите, канти за отпадоци, вандализирани детски игралишта, споменици. Ова е сериозен проблем што бара итна реакција.Во таа насока, Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) едногласно ја усвои иницијативата предложена од Општина Центар за меѓуинституционална соработка и воведување општокорисна работа за малолетни сторители на вандализам. Малолетните сторители мора да се соочат со соодветни мерки, а одговорноста ја делат и нивните родители, истакна...
Граѓаните се жалат на високите цени на угостителските услуги
Views: 73 Во постојан пораст цените на угостителските услуги. Инфлацијата, зголемените трошоци и порастот на платите на вработените во секторот, се клучни за поскапувањето. Во главниот туристички центар во земјава цената на едно кафе се движи од 120 до 250 денари, зависно од близината на езерото, услугата и амбиентот, но во локалите надвор од центарот цените се доста пониски.Најгласни за високите цени во кафулињата и рестораните се охриѓани, често критикуваат и домашните туристи, но за странските гости цените...








