Автор: инфодеск
Post Views: 306 Уште неколку дена останаа до завршување на активностите од овогодинешниот циклус Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ) во кој преку 50 млади од Клубот на млади на Црвен крст Охрид изработуваат проектни активности насочени кон помош на ранливите категории во нашата заедница.Една од ПХВ групите на вредни и хумани младинци која работи со деца со попреченост организира настан-парада под мотото „ПЕРФЕКТНО РАЗЛИЧНИ“. Парадата ќе се реализира во недела, 30 април, со старт во 12 ч. од плоштадот Крушевска Република-Чинар.Од Црвен крст Охрид...
МИСА:Не можеме да продаваме нешто што нема од каде да го набавиме, ниту можеме да го произведеме
Post Views: 363 Миса ланецот на супермаркети реагира на објавата во медиумите дека на компанијата и била изречена казна поради непочитување на одлуката на Владата за замрзнување на цените на овошје и зеленчук. Не е точно дека Миса маркети не го почитуваат ограничувањето на цените на одредени производи опфатени со владините мерки, децидни се од компанијата МКБ Миса.Во реакцијата посочуваат дека во еден од нивните маркети бил извршен инспекциски надзор од пазарен инспекторат при што им била изречена глоба, но не затоа што продавале по повисоки цени од утврдените туку затоа што...
Специјални душеци по физичко доби ОУ „Григор Прличев“
Post Views: 386 Нова радост на часовите по физичко деновиве во ОУ „Григор Прличев“- Охрид.Прличевци добија “Ер Трекови” – современа специјализирана подлога за физички активности. Подлогите се донација од компанијата “Ховер крафт адриа” која има специјализиран погон во Охрид за изработка на овие спортски реквизити.„За правилен физички развој, психомоторни вештини, здрав дух и физички активен живот потребна и е соодветна опрема која е дел од наставната програма по предметот ФЗО. Ова се само некои од заложбите на училиштето, но и на сите...
Претставници од ДИЖС на состанок со Пецаков
Post Views: 330 Денеска претставници на Државниот инспекторат за животна средина одржаа работен состанок со градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.Од ДИЖС на состанокот присуствуваа директорот м-р Сретен Стојковски, Државниот инспектор за животна средина, Канцеларија Охрид Игор Трајкоски, Главниот инспектор за природа Пејо Кировски и Генералниот Инспектор за животна средина.„Теми за разговор беа инспекцискиот надзор во животната средина во индустриски објекти, управување со отпад, отпадни води, заштита на природата, спроведување на законските одредби од...
Реконструкција на зградата на Подружницата Галичица во Охрид
Post Views: 304 Согласно Инвестиционата програма за 2022 година, Јавното претпријатие Национални шуми преку постапка за јавна набавка, спроведе демонтажа и монтажа на нови ПВЦ прозори и врати на управната зграда во подружницата Галичица од Охрид.„Инвестицијата е вредна 400.000,00 денари, исклучиво од сопствени средства и е во делот на реконструкција на објекти во сопственост на Јавното претпријатие.Адаптацијата на управната зграда во Охрид е уште еден реконструиран објект во сопственост на претпријатието. “ – информираат од ЈП Национални шуми.Додаваат дека со...
Експертите од Бернската и Рамсарска конвенција и УНЕСКО во НУНП Галичица
Post Views: 283 Претставниците на Бернската и Рамсарска конвенција како и експерти од комисиите на УНЕСКО кои се во мониторинг мисија во Охридскиот регион беа во посета на Национален парк Галичица.„На средбата беше претставена работната верзија на Посебниот план за управување со локалитетот Св. Наум, ПУ со НПГ за 2021-2030, илегалните градби во строго заштитените зони во паркот. Од страна на претставниците беше истакнато дека согласно позитивните законски прописи, многу важно е активностите предвидени во планските документи да бидат соодветно и ефективно применети во...
Попушта потпорен ѕид на ул “Аргир Маринчев“
Post Views: 740 Во рубриката „Ти Си Твојот Град“ жител на Месокастро се жали на оштетен потпорен ѕид на ул.Аргир Маринчев.„Минатата седмица попушти потпорниот ѕид и земјата се таложи на скаличоњата кои водат кон централниот дел на чаршијата. Секој момент очекуваме дрвената врата да падне и целосно да го попречи движењето.“ – пишува граѓанинот.Не е безбедно за минување на тој потег по тесната уличка, вели граѓанинот и додава дека се создава и грда слика која секој ден ја гледаат голем број туристи кои шетаат низ Стар град. Состојбата може да се види од...
Волшебна изведба на „Чернодрински се враќа дома„
Post Views: 434 Изведба на НАТГ „Аматер“ на „Чернодрински се враќа дома“ по текст на Горан Стефановски достојна за почит. Претставата ја одиграа премиерно по повод 10 години од нивното постоење како Независна Аматерска Театарска Група, но се надеваат истата да доживее уште изведби.„Им се заблагодаруваме на сите кои беа присутни во публика и за повратната енергија и реакции кои ги добивме на сцената и по завршувањето на претставата! Се заблагодаруваме на целосната екипа која работеше на овој проект во претходните 3 месеци, актерската екипа, техничка екипа, музика...
„Најсреќниот човек на светот” на кино репертоарот на ЦК „Григор Прличев“
Post Views: 377 „Најсреќниот човек на светот”, во режија на Теона Стругар Митевска на кино репертоарот во НУЦК Григор Прличев- Охрид во деновите 3-ти мај (среда) и 4-ти мај (четврток) почеток 20.00 часот.Асја е 40 годишна самостојна жена која живее во Сараево. Таа го запознава Зоран, 43 годишен банкар на настан за состаноци. Но Зоран не е таму за да ја пронајде љубовта на неговиот живот, туку прошка. За време на војната во 1993 Зоран пукал врџз градот од спротивната страна и сака да ја запознае неговата прва жртва. Сега, двајцата ќе треба повторно да ја преживуваат...
Во Охрид по свежото утро, сончев ден
Post Views: 323 Времето денеска во Македонија наутро со ниски температури, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Во Охрид по свежото утро со температура до 1 степен, а преку денот сончево со максимална дневна тем до 17 степени. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
„Несфатената цивилизација“ повторно пред охриѓани
Post Views: 431 Гротескната комедија во два чина „Несфатената цивилизација“ од Добри Војников утревечер (петок, 28.04.2023) повторно пред охридската публика.Народен театар Охрид ќе ја одигра претставата во ЦК „Григор Прличев“ со почеток во 20:00 часот.Несфатената цивилизација“ е претстава за припадноста, честа, етиката и моралот. Претстава за културолошкиот и социолошки идентитет на човекот. Претстава за глобализацијата и традицијата, како и за ефектите од нив врз целокупното општествено живеење. „Несфатената цивилизација“ е комедија, што преминува во ГРОТЕСКА И ИРОНИЈА, и...
Типизирани куќарки ќе има, но ќе се преиначи Огласот за нивно издавање
Post Views: 416 Во туристички Охрид постојано е актуелна темата за панаѓурскиот изглед на Кеј Македонија за време на летната сезона. Дел од граѓаните негодуваат дека на најголем дел од урбаната опрема не и е местото тука. На други не им смета и додаваат дека на лето треба да се заработува. И ова лето на Кеј Македонија ќе се издаваат типизираните куќарки за продажба на храна , пијалоци и сувенири. Граѓаните со поделени мислења за тоа.„Мене лично не ми се допаѓа локацијата покрај езеро. Не знам дали грешам. Никаде не им е местото, има продавници, ама од друга страна треба...
