Skip to main content

Автор: инфодеск

Трамп сака Канада да биде 51. земја на САД

Views: 79 Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју емитувано во неделата изјави дека сака Канада да стане 51-та држава во САД.-Мислам дека на Канада би ѝ било многу подобро ако стане 51. држава, зашто ние губиме 200 милијарди долари годишно поради неа. Нема да дозволам тоа да се случува. Зошто да плаќаме 200 милијарди долари годишно, што е всушност субвенција за Канада, кажа Трамп во интервјуто за „Фокс њуз“.Идејата не е добро прифатена меѓу Канаѓаните. Премиерот Трудо кажа дека заканите од Трамп се реални, и се однесуваат на желбата на САД да добијат пристап до...

Продолжи со читање

Во Охрид има 15 скривници, дел се во солидна состојба, но дел потполно уништени

Views: 104 Во Охрид има 15  скривници, дел се во уредна состојба, но дел потполно уништени,  некои и поплавени под вода. Некои се депонии и дувла за отпад,  дел се  ограбени. Градот има капацитет за  засолнување на 2000 луѓе, а согласно  законот, кој налага да се има можност за засолнување на 30 % од жителите, во општина Охрид  потребно е да има скривници со капацитет за 15 000 жители. Што значи недостига простор за 13 000.Две од засолништата, кои се  затворени и херметизирани по сите стандарди  се во сопственост на ДЗС. Тие се во најдобра кондиција и располагаат и...

Продолжи со читање

Денес ќе биде пуштена во употреба новата компресорска станица за хируршките клиники

Views: 95 Новата компресорска станица за хируршките клиники, денеска официјално ќе биде пуштена во употреба. На настанот, како што информираат од Министерството за здравство, ќе присуствува и министерот Арбен Таравари.Во месец мај, минатата година, операционите сали на Клинички центар беа затворени поради непријатна миризба. За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември”. Компресорската станица, изградена пред околу 33 години, требалo да биде променета уште пред три...

Продолжи со читање

Ги запознаваме ретките болести во охридско – струшкиот регион: Дифузна капиларна малформација со прекумерен раст

Views: 50 ДИФУЗНА КАПИЛАРНА МАЛФОРМАЦИЈА СО ПРЕКУМЕРЕН РАСТ/DIFFUSE CAPILLARY MALFORMATION WITH OVERGROWTH (DCMO)MKБ-10 Q27.9ПРЕВАЛЕНЦАДифузната капиларна малформација со прекумерен раст најчесто се нарекува “дамка од вино”, која се јавува кај околу 0.5 % од населението.ВОВЕДДифузната капиларна малформација со прекумерен раст (DCMO) е подгрупа на капиларни малформации поврзани со хипертрофија, т.е. зголемена големина на телесните структури. Карактеристиките се комбинација на дифузни капиларни малформации и непрогресивен, релативно бениген регионален раст, нормално...

Продолжи со читање

Преподобен Ефрем Сирин

Views: 54 Роден е во Сирија, од бедни родители, во времето на царот Константин Велики. Раната младост ја помина прилично бурно, но одеднаш во неговата душа настана пресврт и тој почна сиот да гори од љубов кон Господа Исуса Христа. Му беше ученик на свети Јаков Нисибиски (13 јануари). Од големата Божја благодат од неговата уста извираше мудрост како меден поток, а од очите непрестано му течеа солзи. Трудољубив како пчела. Непрестајно пишуваше книги или ги поучуваше монасите во манастирот и народот во градот Едеса или пак самиот се предаваше на молитва и богомислие. Неговите книги се...

Продолжи со читање

УХМР: Утрото студено, преку денот сончево

Views: 99 Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.До среда времето ќе се задржи стабилно со студени утра, а потоа утринските температури ќе бидат во постепен пораст. Во вторник попладне на југозападот ќе има појава на повремен снег, а во среда, потоа преку ноќта и во четврток се очекуваат повремени локални врнежи претежно од снег. Постојната снежна покривка особено во западниот дел ќе се прошири и понекаде и на повисоките места.Во Охрид денес температурите во интервал од-3 до 6 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

yoga, outdoors, sunrise, meditation, fitness, workout, exercise, woman, twilight, dusk, yoga, yoga, yoga, yoga, yoga, nature, meditation, fitness, exercise

Здравје: Важноста на јогата за менталното и физичкото здравје

Views: 94 Јогата е древна вежба која ги поддржува и телото и умот, нудејќи мноштво здравствени придобивки. Тоа дури може да помогне во решавањето на здравствените проблеми, од хормонална нерамнотежа до проблеми со менталното здравје.Практикувањето јога им помага на своите практичари да го намалат нивото на стрес и анксиозност и, во исто време, промовира благосостојба, внатрешен мир и спокојство. Во врска со физичките и менталните вежби, постојат и други предности како што се подобрување на спиењетo и намалување на проблемите како депресија.Јогата, и покрај тоа што нема...

Продолжи со читање

Недела на митарот и фарисејот, трета недела пред великиот пост

Views: 81 Неделата на митарот и фарисејот е првата од трите недели, подготвителни за Великиот Пост. Тие се од светите отци смислени како обука и поттик, за да бидеме готови за духовниот подвиг на постот, оставајќи ги скверните обичаи и навики. Оние кои се готват за телесна битка, најпрвин од војсководците го дознаваат времето на битката, за навремено да го исчистат оружјето, и сè друго добро да устројат, и откако ќе ги отстранат сите пречки, усрдно да се нафатат на подвигот, и да се снабдат со сè што ќе им биде потребно. Многупати пред битката, тие кажуваат истории, споредби и приказни кои...

Продолжи со читање