Skip to main content

Автор: инфодеск

Се асфалтира улицата Никола Петров Русински

Post Views: 364 Активностите за асфалтирање на улици и патишта на територија на Општина Охрид продолжуваат, информира градоначалникот Кирил Пецаков.Од вчера се асфалтира улицата „Никола Петров Русински“.

Продолжи со читање

Се издаваат тезги за продажба на украси и цвеќе

Post Views: 578 По повод празникот 8-ми март, ЈП „Градски Пазар“ Охрид, издава под закуп тезги за продажба на украси и цвеќе на плоштадот Крушевска Република (кај Стариот чинар).Дополнителни информации можат да се добијат во административните простории на ЈП „Градски Пазар“ Охрид на бул. Туристичка бр.79.Лицата заинтересирани за изнајмување на тезгите да се пријават во административните простории на ЈП „Градски Пазар“ Охрид. Огласот трае до 02.03.2023 година.

Продолжи со читање

Кривична пријава за жител на Љубаништа

Post Views: 285 СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.С.(63) од селото Љубаништа, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”.Во текот на 2022 година, пријавениот, како вработен во Национален парк „Галичица”, ја злоупотребил својата службена положба и овластување на начин што на катастарски парцели во владение на Национален парк „Галичица” свесно дозволил бесправна сеча на 377 стебла и со тоа се стекнал со противправна имотна корист во износ од 114.150 денари – информира...

Продолжи со читање

Приведен охриѓанец, пронајдена дрога

Post Views: 427 На 27.02.2023 во 22.00 часот  на булевар „Железничка” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа Д.А.(24) од Охрид.При преглед во патничко возило „ауди” со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Психо-социјално советувалиште Збор по збор

Post Views: 242 Современото живеење наметнува динамично темпо на живот, исполнето со обврски и рокови кои бараат целосен ангажман од лицето на секое поле: лично, семејно и професионално, па често доаѓа до конфликти (внатрешни и надворешни) во неможноста подеднакво да се одговори на барањата.Од друга страна, во услови на низок економски, образовен, културен и социјален статус се наметнуваат потешкотии кои произлегуваат од неможноста за задоволување на основните лични потреби и потребите на семејството и стремежот да се следат современите текови на живеење.Со разивањето на...

Продолжи со читање

Романтичниот балет Жизел на репертоарот на НОБ

Post Views: 424 Романтичниот балет во два чина „Жизел“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 28 февруари и 2 март со почеток во 20 часот.Магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам, а во кореографија на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа, Леонид Лавровски. Адаптацијата на кореографијата е на Ирена Пасариќ од Хрватска. Диригент на претставите е Иван Еминовиќ. Костимографијата е на Александар Ношпал, сценографијата на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, светло-дизајн: Милчо...

Продолжи со читање

Охриѓанец нападнал сограѓанин во казино

Post Views: 340 На 26.02.2023 година, во СВР Охрид приведен е А.П.(41) од Охрид.Тој, во 23:50 часот во казино лоцирано на булеварот „Македонски просветители”, го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз С.Б.(22) од Охрид. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Пецаков оствари средба со Гордана Лолеска

Post Views: 266 Во насока на подддршка на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“, градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со претседателка на здружението „Ретко е да си редок“, Гордана Лолеска.На средбата се разговараше за поддршката која Општина Охрид, втора година по ред ја обезбедува за лицата со ретки болести во вид на редовни стипендии за ученици, студенти и магистранти.Градоначалникот Пецаков потенцираше дека само преку заедничка соработка, конкретни мерки и гласно зборување за ретките болести ќе се овозможи полесно надминување на предизвиците со...

Продолжи со читање

115 години од смртта на Марко Бошнаков

Post Views: 355 Делегации на Општина Охрид и останати институции во градов положија свежо цвеќе пред спомен куќата на Марко Бошнаков со што се одбележаа 115 години од неговата смрт. Чествувањата продолжија со културно-уметничка програма во спомен куќата на Христо Узунов.Пред присутните меѓу кои беа и членовите од семејството на Бошнаков се обрати заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиновски.Денеска одбележувајќи 115 години од смртта на Марко Бошнаков се потсетуваме на неговиот огромен патриотизам, на храброста да се биде дел од малкумината кои вршејќи ги...

Продолжи со читање

Забрана за паркирање на ул. Ѓорче Петров

Post Views: 589 Поради изведување на градежни активности за асфалтирање на улицата „Ѓорче Петров“ на 28.02.2023 година (вторник) и на 01.03.2023 година (среда) ќе има забрана за паркирање на оваа улица, на потегот од крстосницата со улица „Марко Несторовски“ до пресекот со уличниот крак кој води кон станбениот комплекс „Христо Узунов“.Се упатува молба до жителите од овој дел на градот да ја почитуваат забраната за паркирање и да ја намалат фреквенцијата на сообраќај на овој потег, додека траат градежните активности.

Продолжи со читање

Сукова ги бара Билјана и Зорица од Охрид

Post Views: 533 Германската актерка Барбара Сукова вчера го доби почесното признание „Белградски победник“ на ФЕСТ, за севкупен придонес на филмската уметност.Таа на 51то издание на фестивалот го претстави филмот „Далиленд“ во режија на Мери Харон, во којшто ја игра Гала, сопругата на познатиот сликар Салвадор Дали кого во филмот го игра Бен Кингсли.На прес конференција, пред доделувањето на наградата, Сукова преку медиумите испрати интересна и невообичаена молба. Таа побара јавноста да и помогне да пронајде две жени од Охрид кои ги запознала пред 60 години.Beograd...

Продолжи со читање

Нова терминална зграда за охридскиот аеродром

Post Views: 623 Изградбата на нова терминална зграда за Аеродромот „Св Апостол Павле“предвидено е да започне оваа година. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, вели дека реализацијата на проектот дополнително ќе го зголеми неговиот капацитет и можноста за развој.„Една од најважните политики за Охридскиот аеродром е изградбата на новата Терминална зграда, којашто очекувам да започне во текот на оваа година. Во координација со ТАВ Македонија, ние разговаравме за отпочнување на овој проект, Тие ги подготвуваат нивните проекти и дел од договор којшто го имаат...

Продолжи со читање