Автор: инфодеск
Views: 110 Денес, во свет каде живееме динамичен и брз начин на живот, често ја занемаруваме важноста на одморот. Но, дали знаевте дека одморот е клучна компонента на здрав начин на живот? Придобивките од одморот често се занемаруваат, но тој навистина е многу важен за нашиот секојдневен живот и за функција на нашето ментално здравје.Човечкото тело е изградено да напредува во серија кратки спринтови. Ова е причината зошто одморот – дури и само на неколку минути – може да ви го понуди освежувањето што ви треба за да истраете во текот на денот. Паузите се кратки прекини со...
Ги запознаваме ретките болести во охридско – струшкиот регион: Примарен перзистирачки хиперпластичен витреус (PHPV)
Views: 138ВОВЕДПостојана фетална васкулатура (PFV), претходно позната како Примарен перзистирачки хиперпластичен витреус (PHPV) е неуспех на регресија на компонента на феталните садови во окото. Постојаната (перзистирачка) фетална васкулатура може да биде катастрофална развојна аномалија која останува важна причина за амблиопија (слабовидност/мрзливо око) и пречки во видот кај децата. Додека PFV не напредува во текот на животот на детето, растот на окото може да резултира со интраокуларни промени во окото и засегнатите деца можат да продолжат да развиваат компликации, вклучувајќи...
Охридските бреинобреин генијалци освоија 6 златни и 13 сребрени медали
Views: 79 Уште еден голем меѓународен успех на охридските бреинобреин генијалци на 13-от Интернационален Бреионобреин натпревар кој на онлајн платформа се одржа на 25 јануари 2025 година. Во конкуренција од 23.128 илјади учесници од 78 земји, 19 ученици од Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид, кои учествуваа на овој натпревар, освоија 6 златни медаљи и 13 сребрени медаљи.-Овој успех се должи на посветеноста, вложениот труд и упорната работа на децата, на посветениот и професионален ангажман на тренерите и на поддршката од родителите. Поттикнати од овој успех...
Денес прв еко пазар во Охрид
Views: 114 Денес во Охрид ќе се одржи првиот еко пазар организиран од Младински Центар Охрид.Посетителите ќе имаат можност за продажба и купување од втора рака на стара и зачувана облека, играчки, книги, слики и сл.Организаторите велат дека оваа акција е од големо значење бидејќи облеката и предметите добиваат продолжен животен циклус, текстилниот и пластичниот отпад ќе се намали, ќе се разбивае стигмата за second-hand облека, заедно ќе поттикнеме солидарност и хуманост, одговорно купување и поддршка на „бавната мода“, како и дружење и размена на идеи.Настанот е на...
Започна поставувањето на нов водоводен крак во должина од 600 метри во село Сливово
Views: 66 Општина Дебрца, во соработка со ЈПКД-Дебрца, започнаа со поставување на нов водоводен крак во должина од 600 метри во село Сливово. Овој проект има за цел да го подобри снабдувањето со вода за пиење и да го зголеми квалитетот на животот на жителите на ова село. -Работите се во тек, а завршувањето на проектот се очекува во најскоро време, информираат од Општина Дебрца.
Прогласени „Најдобрите од спортот“ во Општина Охрид за 2024 година
Views: 89 Во рамки на манифестацијата „Најдобрите од спортот“, Општина Охрид ги додели наградите и признанијата за најуспешните спортисти во индивидуален и во клупски спорт за 2024 година. На пригодната свеченост која се одржа вчера во Големата сала на Општина Охрид пред присутните се обрати градоначалникот, Кирил Пецаков.–Спортот е многу повеќе од медали и трофеи. Спортот е борба со себеси и со своите потенцијали, вистинско училиште за животот, каде што се учат најважните лекции за дисциплина и истрајност.Почитувани спортисти, тренери, спортски работници, ценети гостиНавистина...
ООУ „Григор Прличев“ го одбележа својот патронен празник
Views: 92 Со богата свечена приредба која се одржа вчеравечер, ООУ „Григор Прличев“ го одбележа својот патронен празник.Пред бројната публика, на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ беа изведени бројни музички композиции подготвени од оркестарот и хорот на училиштето. Исто така, публиката имаше можност да ги слушне првонаградните литературни творби на училишниот конкурс посветен на патронот и да ја проследи монодрамата „Јас, Деспина Каваја“.Во рамки на свечената програма беше изведен мјузиклот „Шеќерна приказна“, како и неколку танцувачки точки, на кои настапија...
Започна изградбата на детско игралиште во центарот на Вевчани
Views: 101 Градоначалникот на Општина Вевчани информира дека започна изградбата на детско игралиште во центарот на Вевчани.-Особено ни е драго што го реализираме овој проект бидејќи е на барање на поголем број родители и дечиња од Вевчани, вели градоначалникот на Вевчани.Средствата за реализација се обезбедени од Владата на Република Македонија








