Автор: инфодеск
Post Views: 378 Во тек се градежни активности за поставување на нова водоводна линија на улицата „Пирин Планина“. Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, ќе се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф90 мм во должина од 178 метри, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.Покрај редовните проверки и теренски активности, екипите на ЈП „Водовод“ Охрид, во периодот од 20-ти до 26-ти февруари, интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници.Отстранети беа...
Се уредуваше јавното зеленило низ Охрид
Post Views: 260 Екипите на Паркови и зеленило деновиве имаа активности за уредување на јавното зеленило низ Охрид.По претходни добиени решенија од локалната самоуправа, екипите на Паркови и зеленило спроведоа активности за кроење на крошни од дрвја во градскиот парк и во дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“. Со овие активности се врши припрема пред пролетната вегетација со цел крошните да добијат естетски изглед и да не пречат во движењето на пешаците и автомобилите – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Најмладите охриѓанчиња со поддршка за лицата со ретки болести
Post Views: 267 Здружението „Ретко е да си Редок” секоја година го обојува Охрид во боите за поддршка на лицата со ретки болести, за нивно соодветно лекување и вклопување во општеството.Во рамки на годинешните активности за привлекување на вниманието на јавноста на тие лица со ретки заболувања, Културолошка иницијатива „5 до 12“, во соработка со КУД „Ѓердан од Бисери” и МКОЦ „Соната” вчера на Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски” во Охрид реализираа културно-забавен настан, на кој поддршка на ретките им дадоа повеќе од 150 деца и нивните родители, како и голем број жители...
Пеплосана голема површина трска во Охрид
Post Views: 330 Територијалната противпожарна единица од Охрид вчера интервенираше на два пожари на отворен простор.Според информациите, изгорена е голема површина трска, во која егзистираат голем број птици и животни. Опожарени се и овоштарници, а од силниот ветер имало опасност да се загрозат поблиските куќи.Сторителите што ги подметнуваат пожарите мора да се санкционираат! Изгорена е голема површина трска, во која егзистираат голем број птици и животни, опожарени се и овоштарници, а од силниот ветар имаше реална опасност да се загрозат поблиските куќи, кои се...
Денеска започнува Велигденскиот пост
Post Views: 297 Денес, денот по Прочка, или кај народот наречен Чист понеделник, за верниците од Православна вероисповед започнува најстрогиот и најдолд Велигденскиот (или Великиот пост, како што го вика народот) кој трае од Прочка до Велигден.Велигденскиот пост трае од Чист понеделник до Лазарева сабота и уште Страстната недела од Цветници до Велигден, вкупно 48 дена. Вистинскиот пост започнува со Чист понеделник, денот по Прочка. Но неделата пред Прочка се вика Месопусна недела, народот ја вика и месопусни поклади зашто тогаш се запокладува, (се...
Дојава за бомба во Основниот суд Охрид
Post Views: 375 Утрово дојава за бомба и во Основниот суд Охрид.Денеска во 07:50 часот во СВР Охрид пријавено e дека на електронската адреса на Основен суд Охрид е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот и во тек се антитерористички проверки – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.Дел од бул. „Македонски просветители“ е затворена за сообраќај и минувачи. Секојдневните дојави за бомби во училиштата и државните институции траат со месеци...
Нападнат 20-годишен охриѓанец на бул. Туристичка
Post Views: 401 На 26.02.2023 година во 01:45 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е А.Д.(31) од Охрид.Тој, претходно на булеварот „Туристичка” во Охрид, физички го нападнал Е.М.(20) од Охрид и со остар предмет, кој е пронајден и одземен, му упатил закани, а потоа му одзел пари. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Во петок повторно претставата Енергични луѓе
Post Views: 378 Во петок на 3-ти март, поради зголемениот интерес повторно ќе биде изведена претставата „Енергични луѓе“ според авторот Василиј Шукшин, во режија на Александар Ивановски. Центар за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот.Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Елизабета Стефаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Марија Стефаноска.Сценографијата и графичкиот дизајн е потпис на Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева Петровиќ.Претставата, иако сместена во социјалистичките 70-ти од минатиот век, е исклучително...
Асфалтиран патот Охрид-Орман кај Алтанин мост
Post Views: 323 Деновиве се одвиваа градежни активности за асфалтирање на патниот правец Охрид – с. Орман кај Алтанин мост.Оваа делница беше оценета од страна на службите како критична и веднаш се пристапи кон санација – информира градоначалникот Кирил Пецаков.Од понеделник активностите за асфалтирање продолжуваат на улица „Никола Петров Русински” во урбана заедница Воска – Даљан.
Денеска е Прочка-Велики Поклади
Post Views: 436 Прочка или Велики поклади — ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на велигденскиот пост. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.Прочка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од...
Охриѓанец го нарушил јавниот ред и мир на ул. Партизанска
Post Views: 287 На 24.02.2023 година во 09 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е С.Т.(44) од Охрид кој, претходно на улицата „Партизанска” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир.При извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа остар предмет. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Охриѓанец вршел јавен превоз без лиценца
Post Views: 297 СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Д. (1967) од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено казнено дело „вршење јавен превоз без лиценца”.При контрола извршена на булеварот „Туристичка” во Охрид, полициските службеници сопреле патнички автомобил „Хундаи” со охридски регистарски ознаки што го управувал пријавениот и притоа, констатирале дека тој, врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен државен орган во согласно Законот за превоз во патниот сообраќај – информира Стефан Димоски,...
