Skip to main content

Автор: инфодеск

Во Црвен крст одржана работилница за знаковен јазик

Views: 84 Во рамките на одбележување на месец февруари – месец на ретките болести, на вчерашниот редовен состанок на Клубот на млади при Црвен крст Охрид се одржа работилница за знаковен јазик. Истата беше одржана од страна на Ангел Крстески – член на координативно тело и толкувач Лора Лазаревска.-Преку оваа интерактивна сесија, ги совладувавме основните знаци, разговаравме за значењето на инклузијата и направивме уште еден чекор кон подобро разбирање и поддршка на лицата со оштетен слух, велат од општинската организација на Црвен крст.Инаку, Лора е толкувач на...

Продолжи со читање

Апликацијата за лоцирање отпад и депонии TrashPinger достапна на Play Store

Views: 129 Mобилната апликација TrashPinger која ја создадоа ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски”- Охрид е веќе достапна за преземање од Play Store.-Со ова, нашиот ангажман во програмата UPSHIFT што ја реализираше Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (LEAD) во рамки на проектот „UPSHIFT-ers for air quality“ спроведуван од УНИЦЕФ со финансиска поддршка од Шведска и Фондот за иновации и технолошки развој на Македонија е завршен во целост, велат од Здружението.Креаторите на апликацијата се Климент Маријаноски, Ана Спироска, Ана Атанасовска, Дарко Крлески,...

Продолжи со читање

Почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“

Views: 84 Директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов потврди дека Игор Југ, еден од осудените за случувањата во Собранието на 27 април, починал синоќа на 54-годишна возраст.Југ беше осуден на 12-годишна казна затвор за случувањата во Собранието на 27 април, отслужи осум години од затворската казна, а во моментот кога настапила смртта бил на отпуст поради влошено здравје.Неговото последно јавно излагање беше во поткастот „Претрес со Ландов“, каде отворено зборуваше за тортурата низ која поминал, затворските денови и неговата иделогија.

Продолжи со читање

Дојави за бомби во повеќе училишта низ Македонија

Views: 100 Утрово десетина основни училишта низ Македонија се евакуирани поради дојава за бомби. Во моментов тимови на Министерството за внатрешни работи (МВР) вршат проверки во училиштата.Изминатите денови голем број училишта во повеќе хрватски градови добија дојави за закани со бомби. Медиумите неофицијално јавија дека заканите биле испратени од истиот сервер кој наводно се наоѓа во Африка.Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Продолжи со читање

Св Кирил и Методиј

Туристичките водичи да се регистрираат во регистарот на општината каде живеат

Views: 100 Според член 3 став 2 од Законот за туристичка дејност на Република С. Македонија сите физички лица кои вршат туристичка дејност, а во случајов,  туристички водичи и  туристички придружници, имаат законска обврска да се регистрираат во регистарот кој го води градоначалникот на општината во која се водат според адреса на живеење.-Општина Охрид ги повикува сите погоре споменати даватели на туристички услуги (туристички водич и туристички придружник), да се регистрираат доколку не го сториле тоа претходно и да ја ажурираат својата регистрација доколку во меѓувреме ги...

Продолжи со читање

Свети Григориј Богослов, архиепископ Цариградски

Views: 110 Роден во Назијанз од татко Елин и мајка христијанка. Пред Крштението учеше во Атина заедно со свети Василиј Велики и Јулијан Отстапник. Често му пророкуваше на Јулијан дека ќе биде отстапник од верата и гонител на Црквата, како што и стана. Врз Григориј особено влијаеше неговата мајка, Нона. Кога го заврши школувањето, Григориј се крсти. Свети Василиј го ракоположи за епископ Сасимски, а царот Теодосиј Велики наскоро го повика на испразнетиот престол на Цариградскиот архиепископ. Состави многубројни дела од кои најславни му се теолошките, заради што е и наречен Богослов. Особено...

Продолжи со читање

Сончево со температури до 7 степени

Views: 51 Сончево со мала до умерена, а претпладне зголемена облачност ќе има во централните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Во Охрид денешните теператури ќе бидат во интервал од -2 до 7 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека продолжува период на стабилно и суво време со студени утра, на повеќе места со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината. Повремено наутро ќе има услови во котлините и особено долж Повардарието за појава на утринска магла и зголемена ниска облачност.

Продолжи со читање

Венец и визита во чест на охридскиот Хомер

Views: 71 По традиција во рамки на одбележувањето на годишнината од смртта на Григор Прличев  беа положени лавров венец и свежо цвеќе пред спомен – бистата на Прличев во паркот пред НУ Библиотеката „Григор Прличев“. Пригодно обраќање имаше Претседателот на Друштвото на писатели на Македонија,  Живко Грозданоски по што во библиотеката со богата културна програма се одржа Прличевата визита.Годинешните свечености во чест на Прличев завршуваат вечерва  со свечената приредба по повод Патрониот празник на ООУ Григор Прличев што ќе се одржи во Центарот за култура. Почетокот на...

Продолжи со читање