Skip to main content

Автор: инфодеск

Парулеска: Tаеквондото е мојот живот

Post Views: 751 Христијана Парулеска ги донесе европското злато и сребро во Охрид. Дочекана од своите другарчиња од клубот, градоначалникот Кирил Пецаков и голем број охриѓани на градскиот плоштад, таа кажа дека благодарение на градот и атмосферата која ја дочекала успеала конечно да ја совлада и возбудата после освојувањето на европскиот таеквондо трон.Европското злато во традиционално такевондо при ITF за кадети е остварување на нејзиниот сон. Парулеска вели дека за да се постигне ваков успех треба труд и посеветеност. За неа овој спорт е животот.„За мене во моментов...

Продолжи со читање

ОУ „Св.Климент Охридски“ доби специјализирана подлога за гимнастика

Post Views: 596Специјализирана мобилна подлога за гимнастика и корективна гимнастика, како и останати спортски реквизити денес доби Општинското Основно Училште „Св.Климент Охридски“. Станува збор за реквизит кој многу ќе помогне во спроведувањето на спортските активности на часовите по Физичко и здравствено образование. Подлогата е донација на компанијата „Ховер крафт Адриа“, која неодамна отвори погон во Охрид, информираше Градоначалникот на Општина охрид Кирил Пецаков. Станува збор за инвестиција во образованието и спортот за нашите најмали, влог кој во иднина...

Продолжи со читање

Започна обединувањето на МПЦ-ОА со ПОА на Вранишковски

Post Views: 326 Денеска почнува процесот на интеграција на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и Православната охридска архиепископија (ПОА) соопшти портпаролот на МПЦ, митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј по завршување на седницата на Светиот архиерејски синод.„Одлуките се носеа главно едногласно, без никакви издвојувања, и денеска почна процесот за интеграција на ПОА во МПЦ-ОА“, изјави владиката Тимотеј и додаде дека одлуките не може да се соопштат за јавноста затоа што е потребно да се усогласат со Српската православна црква.Откога...

Продолжи со читање

Една деценија НАТГ „Аматер“

Post Views: 510 Независната аматерска театарска група „Аматер“ од Охрид одбележува една деценија постоење. Приказната која започна пред 10 години од четворица матуранти ентузијасти, успешно продолжи до денес. По повод годишнината, премиерно ќе ја изведат театарската претстава „Чернодрински се враќа дома“ на текст на Горан Стефановски.„Пред неколку години сакавме да ја спремаме оваа претстава, но заминавме во друг правец, но во вистинско време испадна шансата да ја спремиме оваа претстава, текстот „Чернодрински се враќа дома“ баш за овој јубилеј, десетти, бидејќи има многу...

Продолжи со читање

Започна мисијата на Бернската, Рамсарската конвенција и УНЕСКО во Охридскиот регион

Post Views: 334 Стручниот тим на Министерството за животна средина и просторно планирање предводен од министерката Шукова, денес ги прими претставниците на Секретаријатот на Бернската конвенција во делот на заштита на природното наследство, кои се во мисија во нашата државата во врска со Отворениот фајл за Република Северна Македонија: Наводни негативни влијанија врз Охридското Езеро и Националниот парк Галичица – кандидати за Емералд подрачја, поради развојот на инфраструктурата.Во поздравното обраќање министерката Шукова ги презентираше активностите на Министерството и...

Продолжи со читање

Најчитатели и најчитани книги во охридската градска библиотека

Post Views: 313 По повод 23 Април Светскиот ден на книгата и авторското право вчера во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид се одржа посебна свеченост на која беа прогласени најчитатели за 2022, најчитаните автори и дела а на над 30 донатори на книги им беа врачени благодарници.Со мисла од големиот Цицерон дека „Еден дом без книги е како тело без душа“, најчитателката во возрасна категорија избрана од страна на охридската Библиотека, Силвија Крстевска која во 2022 прочитала 91 книга упати апел до младите да читаат:-Читањето е отворен прозорец кон светот и апелирам...

Продолжи со читање

91-годишен охриѓанец измамен за сума од 3000 евра

Post Views: 274 На 24.04.2023 во 13.40 часот во СВРОхрид, 91-годишен охриѓанец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 3.000 евра.„Според пријавеното, околу 11.30 часот на бул.„Македонски просветители“ лицето започнало разговор со него и побарало да му даде пари за да ги покаже на негов пријател од странска земја. Како што е пријавено, тој ги земал парите од негов пријател и откако му ги дал, лицето заминало и не се вратило, по што сфатил дека е измамен.„- информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Продолжи со читање

Врвни настапи и награди на музичките таленти од ОМУ „Методи Патче“

Post Views: 461 Од 21-23 aприл во Тревизо- Италија, се одржа XV Меѓунарoден натпревар “Giovani musicisti”. Оваа година учество зедоа млади музичари од повеќе од 15 држави од целиот свет ( Италија, Украина, Словенија, Хрватска, Македонија, Србија, Кина, Романија, Полска, Чешка, Германија, Австрија, Јужна Кореа, Албанија, Босна и Херцеговина и др).Трите претставнички од Охрид, ученички во ООМУ “Методи Патче”, постигнаа забележителни резултати и се закитија со значајни награди.Од класата по пијано на проф. м-р Ана Ѓорѓиоска, ученичката Катја...

Продолжи со читање

Кампања за вакцинација „од врата до врата“

Post Views: 339 По повод Европската недела на имунизација 2023, Министерство за здравство започна со теренски активности во рамки на широка кампања за промовирање на имунизацијата, што се реализира заедно со Светска здравствена организација и со финансиска поддршка од Европската Унија.Со кампањата ќе бидат опфатени 20 општини, каде е регистриран понизок опфат на вакцинација на деца согласно календарот за задолжителна имунизација, како и вакцинација против Ковид-19.Над 30 тимови од медицински лица од здравствените домови во државата одат „од врата до врата“, во посета на...

Продолжи со читање

Времен режим на сообраќај на улицата Пирин Планина

Post Views: 204 Се известуваат граѓаните што живеат и гравитираат на улица „Пирин Планина“ во населба Кошишта дека заради подготвителни работи за асфалтирање на улицата, од утре 26.04.2023 година (среда) ќе биде воведен времен режим на сообраќај.Се упатува апел до граѓаните да се придржуваат на сообраќајниот режим и да се воздржат од паркирање на возилата по должина на улицата.

Продолжи со читање

Синодот ќе одлучува за обединување на МПЦ-ОА со ПОА на Вранишковски

Post Views: 255 Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА денеска треба да одржи седница на која се очекува да биде донесена одлука за обединување со ПОА (Православна Охридска Архиепископија). Со тоа треба да се финализира договорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ, со кој беше обезбедена согласноста на Српската црква за автокефалност на МПЦ-ОА.Порталот Религија.мк вчера објави дека постои начелен договор со СПЦ околу тоа како да бидат интегрирани владиците на ПОА и кои епархии ќе им бидат дадени.Порталот пишува дека од добро упатени извори дознава дека сите четворица владици на ПОА ќе добијат...

Продолжи со читање

Шумахер интервју

Отказ за уредничката која објави Chatbot генерирано „интервју“ со Шумахер

Post Views: 265 Главниот уредник на германското списание Die Aktuelle, кој објави лажно интервју со Михаел Шумахер направено преку вештачката интелигенција, е отпуштен, објави медиумската група Funke.“Таа невкусна и погрешна статија никогаш не требаше да се појави. На никој начин не ги исполнува стандардите на новинарството кои ние и нашите читатели ги очекуваме од група како Funke”, рече Бјанка Полман, директор на списанијата Funke.Според неа, уредничката на списанието Актуел, Ен Хофман, која го води списанието од 2009 година, е отпуштена.Бјанка Полман...

Продолжи со читање