Автор: инфодеск
Post Views: 287 Синдикалната организација на Државниот испитен центар (СОДИЦ-СФДМ) од денеска стапи во Генерален штрајк, поради недобивање на согласност на Барањето за изменување и дополнување на колективниот договор од страна на Министерството за финансии, a со цел заштита на економските и социјални права на своите членови, соопштија оттаму.„Сите процеси кои се во надлежност на Државниот испитен центар (Државна матура, државно тестирање, обука и испит за директори, приправнички испити, меѓународно тестирање ТИМС итн.) ќе бидат запрени до добивање на согласност од...
Променливо облачно време денес во Охрид
Post Views: 317 Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на ситен град.Утринските температури во Македонија во интервал од 6 до 10 степени , а дневните од 12 до 22 степениВо Охрид променливо облачно со услови за врнежи од дожд, утринската температура до 6 степени, а максималната дневна до 18 степени.
Енергетска ефикасност за 13 пречистителни станици со помош на ЕБОР
Post Views: 283 На денешниот состанок на претставниците на Министерството за животна средина и просторно планирање, Европската банка за обнова и развој и дел од општините во државата беа презентирани можни решенија за енергетска ефикасност за 13 пречистителни станици за отпадна вода во Северна Македонија, изработени во рамки на Студијата за пред-изводливост финансирана од ЕБОР.„Изградба и функционирање на пречистителните станици за отпадни води се обврска. Не треба да размислуваме дека нивното одржување значи значителен трошок, туку мора да размислуваме како нивната работа да...
Горивата поевтинуваат од 1,5 до 3 денари по литар
Post Views: 260 Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 2,5 до три денари за литар, а цената на бензините се намалува за 1,5 денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,2 отсто.Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 81, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 83,5 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за три денари за литар и ќе се продава за 71 денар, додека цената на Екстра лесното масло...
Одземена лиценцата на ТикТок анестезиологот
Post Views: 343 Одлуката за времено одземање на лиценцата за работа на анестезиологот д-р Ваљтон Дервиши, кој снимаше и на социјалната мрежа ТикТок емитуваше пациенти и медицински персонал, ја донесе Судот на честа при Лекарската комора кој заседаваше денеска.Специјалистот анестезиолог нема да смее да работи во струката седум години, што согласно правните прописи е максимална казна што може да се изрече за етички прекршок во работењето.„Судот на честа утврди дека докторот сторил повреда на Кодексот на медицинска деонтологија на ЛКРСМ, како и Меѓународниот кодекс на...
Општина Струга воведува интегрирано образование
Post Views: 487 Струга воведува интегрирано образование. Преку проектот „Градиме нови мостови” во градинките, основните и средните училишта во струшко започнаа со работа мешани мултиетнички паралелки.Целта е создавање на воспитно образовна клима која ги негува интеркултурните и интеграциските процеси за надминување на културните разлики. Преку заеднички наставни и вон наставни активности се постигнува меѓусебно зближување.Мешани групи ученици, под ист покрив заеднички следат настава.„Во нашето училиште почнаа да се реализираат тие мултиетнички паралелки,...
„Влези, не се соблакај“ на 5-ти мај пред охриѓани
Post Views: 546 На 5-ти мај на сцената на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ гостува познатата актерка Весна Петрушевска со стендап-претставата „Влези, не се соблакај“.Претставата е исповед за животот на Петрушевска, во која во час и половина низ солзи и смеа се раскажуваат нејзините подеми и падови, како и најзначајните моменти од нејзиниот живот, детството, младоста, мажачката и инцидентот со автомобилот што ѝ падна во Вардар.Актерката низ хумор раскажува како го запознала и се венчала со својот поранешен сопруг, но и за врската со помладото момче, со кого...
На 3-ти мај ќе се прска против комарци
Post Views: 327 На 03.05.2023 година (среда) ќе се изврши теристична дезинсекција против ларви од комарци на територија на Општина Охрид на површина од 500 хектари. Се работи за реализација на првиот дел од ларвицидниот третман во рамки на годишниот план за дезинсекција.Активностите се одвиваат согласно склучениот Договор за набавка на услуга за превентивна дезинсекција против возрасни комарци и ларви од комарци во соработка со Министерството за транспорт и врски. Прскањето ќе го спроведе Центарот за јавно здравје од Охрид.
УЈП го продолжи рокот за ДДВ-04
Post Views: 267 Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите за три работни дена. Крајниот рок за поднесување на овие даночни пријави за даночните периоди од 01.01.2023 – 31.03.2023 и за 01.03.2023 – 31.03.2023 година од месечните и тримесечните обврзници за ДДВ наместо 25 ќе се смета 28 април.Поместувањето на терминот е направено поради повеќето неработни денови во текот на овој месец. Според објаснувањето од УЈП, рокот е продолжен согласно Законот за даночна постапка, а со цел да...
Охриѓанец нападнат и ограбен во кругот на општа болница
Post Views: 327 На 24.04.2023 во СВР Охрид било пријавено дека во кругот на ЈЗУ – Општа болница Охрид, П.К.(25) од Охрид бил физички нападнат од едно лице, кое му одзело пари.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Одбележани 118 години од смртта на Христо Узунов
Post Views: 413 Во рамки на чествувањата по повод одбележување на годишнината од херојската погибија на Христо Узунов, денес делегација на Општина Охрид положи свежо цвеќе пред неговата спомен- биста во градскиот парк.Делегација на општината присуствуваше и на панихидата и се поклони на гробот на познатиот охридски револуционер во Цер – Кичево.Деновиве со културно уметничка програма ООУ „Христо Узунов“ го одбележа патрониот празник.
Нова водоводна линија на крак од Абас Емин
Post Views: 357 ЈП ВОДОВОД Охрид започна со изведба на нова водоводна линија на крак од улицата „Абас Емин“.Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, ќе се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф63 мм во должина од 83 метри, информираат од јавното претпријатие.Изминатава недела екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 17ти до 23ти Април, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување.Отстранети беа дефекти на следните...