Автор: инфодеск
Views: 115 Неконтролираната урбанизација, несоодветното управување со отпадот, загадувањето на водените ресурси, уништувањето на шумите и трската остануваат само дел од еколошките предизвици со кои се соочува Охридксиот регион.Експертите велат регионот е пред сериозен ризик од деградација, што директно го загрозува и статусот на заштитено светско природно и културно наследство под УНЕСКО.Еден од клучните проблеми е и застарената правна рамка за заштита на Охридското Езеро, која не ги следи потребите.„Охридското Езеро моментално е заглавено во правен вакуум. Се зборува за...
УИНТ „Св. Апостол Павле“ домаќин на Ohrid TechAthlon 2026
Views: 109 Во периодот од 6 до 8 ноември 2026 година, на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ (УИНТ) во Охрид ќе се одржи настанот Ohrid TechAthlon 2026. Настанот е организиран од Охрид Тех Сити во соработка со Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид.Главната цел на Ohrid TechAthlon 2026 е да ги поврзе технолошките таленти, иноваторите и претприемачите, да промовира развој на практични вештини, да го зајакне стартап екосистемот во Охрид и регионот, како и да ја унапреди соработката помеѓу академската,...
Од Охрид до Калифорнија: Ирма Гогова го објавува својот прв спот „BLUE”
Views: 133 Охриѓанката Ирма Гогова, победничка на „Ohrid SUPERSTAR” и учесничка на аудициите за „America’s Got Talent” и „American Idol”, на 30 октомври 2026 година го објави својот прв официјален музички спот, „BLUE”, на YouTube.Од родниот Охрид, преку Скопје, па сè до Калифорнија, Ирма го продолжува својот пат кон остварување на музичките амбиции. „BLUE” е поп-издание со кое се претставува пред пошироката публика и со кое започнува ново поглавје во нејзината музичка кариера.Од сликарство и дизајн до музикаИрма е дипломиран сликар и...
Левица бара одговори од инспекциските служби за ѕидот кај Ајван плажа
Views: 113 Од Левица – Локален огранок Охрид информираат дека на последната седница на Советот на Општина Охрид, советничката Виолета Аврамоска побарала одговор од општинскиот инспекторат за тоа што е констатирано при инспекцискиот надзор на спорниот потпорен ѕид кај т.н. Ајван плажа.Од партијата посочуваат дека Аврамоска побарала да се утврди кој го изградил ѕидот, дали е отстранет и дали сторителот ќе биде санкциониран. Бидејќи на седницата немало присутен претставник од инспекторатот, таа побарала одговорите да ги добие писмено.„Револтот на граѓаните дополнително расте поради...
Општина Охрид ги објави проектите кои ќе ги финансира од областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2026 год
Views: 98 Општина Охрид го објави решението за избор на проекти и програмски активности од областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2026 година. Со решението се утврдени проектите и програмските активности кои ќе добијат финансиска поддршка од општинскиот буџет.Листата на избрани проекти и корисници на средства е достапна на следниот линк:РЕШЕНИЕ-ЗА-ИЗБОР-НА-ПРОЕКТИ-И-ПРОГРАМСКИ-АКТИВНОСТИ-ОД-ОБЛАСТА-НА-ЕДНАКВИТЕ-МОЖНОСТИ-НА-ЖЕНИТЕ-И-МАЖИТЕ-ЗА-2026-ГОДИНА.pdf
Општина Охрид објави јавен оглас за доделување дозволи за општински линиски превоз
Views: 130 Општина Охрид објави Јавен оглас бр. 04/2026 за доделување дозволи за вршење општински линиски превоз на патници на повеќе релации.Со огласот се опфатени следните линии:Охрид – Орман – Долно Лакочереј – ОхридОхрид – Ливоишта – ОхридОхрид – Св. Наум – ОхридОхрид – Свиништа – Куратица – ОхридДозволите се доделуваат за период од пет години, сметано од денот на нивното издавање. За дел од линиите е предвидено делумно субвенционирање од страна на Општина Охрид, согласно утврдените услови. Линијата Охрид – Св. Наум – Охрид нема да биде субвенционирана во месеците јуни,...
Светиот пророк Осија
Views: 297 Син Веириин од племето Исахарово. Живееше и пророкуваше 800 години пред Христа. Неговите боговдахновени зборови се наоѓаат во неговата книга составена од четиринаесет глави. Му упати многу укорувања на Израилот и на Јуда за идолопоклонството, пророкуваше за казната Божја за гревовите, ја прорече пропаста на Самарија и на Израилот заради богоотстапништвото, а и милоста Божја кон Јудиното колено. Го прорече укинувањето и престанокот на старозаветната жртва и доаѓањето на Господа и богатството на даровите коишто Он ќе ги донесе со Себе на земјата. Живееше до длабока старост и мирно...
Денес во Охрид променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Views: 79 Денес во Охрид времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.Минималните температури од 4, а максималните до 15 степени Целзиусови.









