Автор: инфодеск
Post Views: 123 Брат и сестра, од Никомидија. Во времето на едно страшно гонење на христијаните од царот Максимијан, некои верници од Никомидија се имаа засолнето и сокриено надвор од градот. Младиот Евлампиј го испратија в град да донесе леб. Кога влезе во градот, ја виде царската наредба за прогонство и убивање на христијаните залепена на ѕидот, ја симна и ја искина. За ова веднаш беше изведен пред судија. Кога судијата почна да го советува да се одрече од Христа, тогаш и Евлампиј почна да го советува судијата тој да се одрече од лажните идоли и да Го признае Христос како...
УХМР: Следува период на променливо облачно време
Post Views: 91 Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.Во Охрид минималните температури од 10, а максималните до 19 степени Целзиусови.Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре и во понеделник врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи, а во понеделник наместа и пообилни. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец кој ќе надминува брзина од 70 km/h.
Промовирана книгата „Охридски фолклористи“
Post Views: 115 Денеска во спомен куќата на Григор Прличев се одржа промоција на најновиот труд „Охридски фолклористи“ од авторите, проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо – Димоски. Со настанот започнаа чествувањата по повод 23- Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба.Пред вљубениците на пишаниот збор за значењето на делото обраќање имаше Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески.-Во очи големиот празник, 23 Октомври во прекрасниот амбиент на прлчичевата куќа се собравме да го промовираме најновиот труд „Охридски Фолклористи“ од...
Во Битола отворена првата регионална очна болница – „Систина Очна Болница by Промедика Офталмологија“
Post Views: 111 Вчеравечер, во присуство на бројни гости, претставници од медицинската фела, јавниот живот, соработници и пациенти, свечено беше отворена Првата регионална очна болница во Битола – Систина Очна Болница by Промедика Офталмологија. Со ова, жителите на Битола и целиот Пелагониски регион добиваат пристап до врвна офталмолошка хирургија и нега, блиску до својот дом.Оваа нова болница е резултат на речиси една деценија посветена работа, искуство и доверба стекната преку Дијагностичкиот центар Систина Офталмологија Битола, кој сега прераснува во современа...
Претставата „Јованче и Марика“ за најмладите овој петок во Охрид мол
Post Views: 134 Во рамки на проектот на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“, овој петок ќе се одржи детската интерактивна претстава „Јованче и Марика“ во изведба на „Балада продукција“.Претставата ќе се одржи во Охрид мол со почеток во 19:00 часот.
Пукање и пожар во шаторите пред српскиот Парламент во Белград
Post Views: 103 Неколку шатори горат пред Собранието на Србија, а три пожарникарски тимови се обидуваат да ги изгаснат. Според белградски медиуми, приведено е едно лице. Како што е објавено на социјални мрежи, на пожарот му претходеле истрели од еден од шаторите, но засега не се знае дали се истрели од огнено оружје. РТС објави неофицијални информации дека причина за пожарот наводно била плинска боца.Ovako je počelo u ćacilendu u 10:19Neko je pucao iz vatrenog oružja i onda kenuo i požar iznutra pic.twitter.com/bA4ylB4JGp— Marinika Tepić (@MarinikaTepic) October...
Објавен конкурс за најдобра поема „Григор Прличев“ за 2025 година
Post Views: 126 НУЦК “Григор Прличев” -Охрид објави конкурс за најдобра поема „Григор Прличев“ за 2025 година.Конкурсот за избор на соодветната поема трае заклучно до 22 ноември 2025 година. Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер, поемата не смее да биде помала од 912 стихови и секој педесетти стих треба да е нумериран. Делото треба да е напишано со големина на фонт минимум 11 (единаесет), испечатено еднострано на А4 формат во 4 (четири) еднакви шифрирани примероци. На конкурсот еден автор може да пријави само едно дело, коавторски...
Светиот апостол Јаков
Post Views: 105 Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи апостоли. Роден брат на евангелистот Матеј. Сведок на словото на вистината и на чудата на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, сведок на Неговото страдање, Воскресение и Вознесение. По слегувањето на Светиот Дух на Педесетница, на апостолот Јаков му падна во дел да го проповеда Христовото Евангелие во Елефтеропол и околните места, потоа во Египет, каде што и пострада за својот Спасител. Со голема сила и на збор и на дело, свети Јаков ја разнесуваше благовеста за воплотениот Бог Слово, уривајќи го идолопоклонството, од...
Променливо облачно со услови за повремен дожд
Post Views: 93 Променливо облачно со услови за појава на повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.Од УХМР велат дека следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, освен утре и во сабота кога ќе преовладува стабилно време. Во петок и сабота ќе дува засилен ветер од југозападен, а од недела од јужен правец.Денес температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 11 до 17 степени Целзиусови.
Прекин во водоснабдувањето во село Лескоец
Post Views: 114 Поради интервенција на водоводната мрежа денес од 09:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицara „Рашанец’ во село Лескоец.
Утре промоција на книгата ,,Охридски фолклористи”
Post Views: 120 Во рамките на Програмата на Општина Охрид за чествување на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, утре ќе биде промовирана книгата ,,Охридски фолклористи” од авторите проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски, а во издание на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.Во програма предвидено е обраќање на претставник на Општина Охрид, на уредникот на едицијата ,,Охридско книжевно наследство” Митре Велјаноски, како и на промоторот проф. д-р Велика Серафимоска. Исто така предвиден е настап на Митко Колјушевски...
Четврток, 23 октомври – неработен ден за сите граѓани
Post Views: 130 Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека 23 октомври 2025 (четврток), Денот на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани.Денот на Македонската револуционерна борба се празнува од 2007 година кога бил донесен и изгласан новиот закон за државни празници.На 23 октомври во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска револуционерна организација (ВМОРО), со цел за извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба.Министерството за труд и социјална политика на...