Skip to main content

Автор: инфодеск

Свети харалампиј

Свети свештеномаченик Харалампиј

Post Views: 319 Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Харалампиј.Уште од стари времиња, нашите предци, со доаѓањето на празникот на Свештеномаченикот Харалампиј Магнезијски, го сметале како предвестител и почеток на Пролетта. Затоа на денот на неговиот празник се носи мед во храмот, за осветување и употреба на гладно срце по лажичка за лекување, како и за во храната, Тој е заштитник на пчелите, пчеларите и на болните.Житие:Овој голем светител беше епископ во Магнезија и во својата сто и тринаесетта година пострада за Христа. Кога настана страшното гонење на...

Продолжи со читање

Дигитална информативна табла поставена во ООУ Св. Климент Охридски

Post Views: 241 Дигитална информативна табла е поставена во ООУ „Св. Климент Охридски”, истата е направена со маскота која е афтентична за училиштето и избрана од училишната заедница на предлог на ученикот Сара Велјанова.Покрај информативниот карактер, дигиталната информативна табла воедно ќе биде мотивациска табла на која ќе бидат истакнувани учениците со високи постигнувања на општински, регионални и државни натпреварувања и воедно ќе претставува стимул за сите останати ученици – велат од ООУ „Св. Климент Охридски“.

Продолжи со читање

Советот на млади оствари средба со претставници на средните училишта

Post Views: 366 На иницијатива на Секторот за спорт, млади и невладини организации, денес во просториите на Општина Охрид, се одржа работна средба помеѓу Советот на млади на Охрид и претставници на улилишните заедници од средните училишта.Целта на средбата е да се мотивираат средношколците за поактивно вклучување во креирањето на младинските политики. Претставниците на Советот на млади, Јован Цветкоски и Димитар Поп Стефанија, пред учениците ги претставија досегашните активности на советот и изразија отвореност за сите идеи и проекти кои се од интерес на младите....

Продолжи со читање

Во март ќе биде објавен нов повик за субвенционирани летови

Post Views: 224 На почетокот на март, ќе биде распишан новиот јавен повик за субвенционирање нови авиолинии од Меѓународниот аеродром во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, откако претходниот беше поништен. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска во Охрид кажа дека во моментов течат роковите за жалба, по што ќе следи новата постапка за избор на авиокомпании кои ќе добиваат субвенции од државата за отворање нови линии од двата аеродрома.Очекувам кон почетокот на март да го распишеме новиот повик. Комисијата која работи на подготвување на оваа...

Продолжи со читање

Потпишана Меѓународна спогодба за спасување во воздухопловство

Post Views: 285 Во Охрид денес беше потпишана Меѓународна спогодба за соработка во рамки на регионалниот советодавен комитет за трагање и спасување во цивилното воздухопловство( RASARAC ). Цивилните воздухопловни власти на Северна Македонија, Словенија, Србија и Црна Гора се согласија на соработка, размена на искуства и развој на капацитети во областа за трагање и спасување со цел интервенции при вонредни околности. Со потпишување на спогодбата, се утврдува рамка за унапредување на прекуграничната соработка на државите членки на комитетот, чие претседавање годинава го презема...

Продолжи со читање

Дебата за климатски промени, животна средина и родова перспектива во Струга

Post Views: 363 Презентација на програмата за животна средина и родова перспектива на Општина Струга за минатата 2022 година беше целта на дебатата „Климатски промени, животната средина и родовата перспектива“, што се одржа во Струга во организација на „Зелен институт“.Во рамките на дебатата, како што информира координаторката за еднакви можности при Општина Струга, Сервер Шашко, била направена анализа на програмата за животна средина со акцент на влијанието на климатските промени.Влијанието на климатските промени од година во година е се по изразено. Сведоци сме на...

Продолжи со читање

Се расчистува дива депонија кај Градинар

Post Views: 361 Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ денеска имаат акција за расчистување на мапирана дива депонија на просторот од поранешен Градинар.По претходно добиен налог од општинскиот инспекторат, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ пристапија кон расчистување на мапираната дива депонија на просторот од поранешен Градинар. Количествата на расфрлан кабаст отпад, градежен шут и друг отпад се енормни, па активностите ќе се реализираат и во наредните денови – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Продолжи со читање

Во Охрид потпишана спогодба за потраги и спасување во воздухопловството

Post Views: 293 Агенциите за цивилно воздухопловство на Република Македонија, Република Србија, Република Словенија и Република Црна Гора денеска во Охрид ја потпишаа Спогодбата за потраги и спасување како дел од заедничките операции на земјите од регионот во цивилната авијација.Со Спогодбата се зајакнува меѓусебната соработка на ниво на Агенции во градење, развој на капацитети, размена на искуства и знаења, подобрување на оперативната прекугранична соработка.Директорот на Агенцијата за Цивилно воздухопловство, Томислав Тунтев истакна дека со ова се врши хармонизација на...

Продолжи со читање

Во Охрид приведен битолчанец баран по централна потерница

Post Views: 251 На 21.02.2023 во 17 часот, полициски службенци од СВР Охрид го лишија од слобода Б.А.(23) од Битола.Тој беше баран по централна потерница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда” по член 131 од Кривичниот законик. Тој е задржан во полициска станица и ќе биде предаден на надлежното ОЈО – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Презентиран каталогот за стандардизација и визуелна унификација на урбана опрема

Post Views: 311 Денеска во Општина Охрид се одржа презентација на Правилникот и каталогот за стандардизација и визуелна унификација на урбаната опрема на локациите кои беа опфатени со Анализата на визуелното оптеретување на градот Охрид.На презентацијата присуствуваа сопственици на угостителски објекти, занаетчии, сместувачки капацитети, трговци, туристички работници и останати субјекти кои ја обавуваат својата дејност во стариот дел на градот и охридската чаршија.Со Правилникот и каталогот за стандардизација и визуелна унификација на локациите се пропишуваат видот,...

Продолжи со читање

Градинарски производи

Исплатени субвенциите за градинарско производство

Post Views: 293 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на директните плаќања по обработлива земјоделска површина за градинарско производство и цвеќе на отворено и во пластеници.Корисници на оваа поддршка се земјоделски стопанства кои имаат пријавено обработени површини со домати, пиперка, лубеница, диња, тиква, грав, боранија, грашок, компир, краставици, корнишони, зелка, кељ, кромид, лук, праз, тиквички, зелена салата, брокула, спанаќ, карфиол, модар патлиџан, рукола, морков, целер, пашканат, цвекло, аспарагус,...

Продолжи со читање

Продолжува собраниската седница за реконструкција на Владата

Post Views: 279 Со расправа за предлогот за разрешување на министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи денеска продолжува 104-тата седница на Собранието посветена на владината реконструкција.Според последните најави за збор по предлогот за разрешување на Чупи се пријавени вкупно 39 пратеници.Претходно, во рамки на оваа прва точка од седницата заврши расправата за предлозите за разрешување на министерот за здравство Беким Сали и за информатичко општество и администрација Адмирим Алити.На дневниот ред на 104-тата седница се и назначувањата на новите министри...

Продолжи со читање