Автор: инфодеск
Views: 80 Во Охрид времето денес ќе биде сончево и студено. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.Во Македонија следува период на стабилно време со ниски утрински температури. Денес ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Во петок во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд во јужните делови, информираат од УХМР.
Проектот „Мојот пријател полицаец” во охридските градинки
Views: 111 Отсекот за превенција при СВР Охрид, во детскaта градинка „Росица” во населбата „Лескајца” и централната детска градинка „Јасна Ристеска”, го спроведе превентивно-едукативниот проект „Мојот пријател полицаец”.-Пред 80 дечиња од градинките, полициски службеници низ интерактивен приод, се обидоа на најмладите да им дадат основни знаења за улогата на полицаецот во демократското општество и во заедницата, да им ја приближат полицијата како служба која на сите граѓани им служи, како вистински пријател и сервис на сите граѓани, да ја поттикнат довербата во...
Двајца охриѓани добија кривична за дивоградба во Велестово
Views: 114 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63 и 52 годишен охриѓанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”.-На катарстарска парцела во охридското село Велестово, тие неовластено и без соодветна градежно – техничка документација, како и без одобрение за градба издадено од надлежен државен орган, отпочнале градба на семејна куќа, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.Од овластен градежен инспектор градилиштето било затворено со службена лента и службен знак.
Петнаесет рибокрадци откриле езерската полиција и Државниот инспекторат за земјоделие во текот на јануари
Views: 94 Во текот на јануари оваа година, полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро”, во водите на Охридското езеро, самостојно, но и во соработка со Државниот инспекторат за земјоделие, извршија повеќе контролни патролни активности за заштита на државната граница и по Законот за рибарство и аква култура и Законот за внатрешна пловидба.– Притоа, откриени се 18 прекршоци и 15 прекршители кои се затекнати како вршат незаконски риболов, пронајдени се и подигнати вкупно 116 рибарски мрежи со различна големина на окца и со вкупна должина...
СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ дел од проектот за популаризација на воената професија
Views: 99 Проект за популаризација на воената професија вчера започна во средните училишта во Скопје, Велес, Охрид, Валандово, Тетово и Прилеп.Средношколците беа информирани за можностите кои ги нуди воената професија од претставници од Министерството за одбрана и Воената академија, заедно со професионални војници, подофицери и офицери од Армијата.Како што соопшти Министерството за одбрана, на информативните предавања младите имале можност да се запознаат со условите за прием на служба во Армијата и со можностите за личен и професионален напредок кои се дел од воената...
Сè поголем е интересот за угостителско туристичките струки
Views: 98 Расте интересот за угостителско туристичко образование. Главната причина се дуалните паралелки, кои се основа за подготовка на стручниот кадар. Угостителското средно училиште во Охрид е местото каде се образува најдефицитарниот кадар во земјава денес е современ образовен центар со сите услови.Објектот е комплетно реновиран, но најважно од се е што има кабинети и современа опрема за обавување на пракса што е клучно за дуалното образование, кое денес на младите им овозможува дирекно и брзо вработување, сигурна иднина но и солидни приходи и додека се...
Ги запознаваме ретките болести во охридско – струшкиот регион: Дентиногенезис имперфекта
Views: 64 Дентиногенезис имперфекта претставува хередитарна аномалија на структурата на забите со најизразени промени на дентинот.Се јавува и во млечна и во трајна дентиција. Оваа аномалија се вика дентиногенезис имперфекта кога е придружена со остеогенезис имперфекта, а кога е самостојна како хередитарен опалесцентен дентин.ПРЕВАЛЕНЦА – дентиногенезис имперфекта е ретка аномалија на забите, се јавува 1-5/ 10 000 население.ИНЦИДЕНЦА – инциденца на појавување на дентиногенезис имперфекта е 1 : 8 000.ЕТИМОЛОГИЈАДентиногенезис имперфекта се наследува...
Утре изменет возен ред на линијата Охрид – Горно Лакочереј
Views: 190 Поради градежните активности кои се изведуваат на локалниот пат од село Долно Лакочереј кон село Горно Лакочереј, од Општина Охрид ги известуваат граѓаните дека општинскиот линиски превоз на патници на линијата Охрид – Горно Лакочереј – Охрид од ден 05.02.2025 година (среда) ќе се одржува со изменет возен ред.Во периодот од 08:00 – 16:00 часот, автобусите нема да сообраќаат до Горно Лакочереј и истите ќе сообраќаат само до училиштето во Долно Лакочереј. Во останатиот период од денот автобусите на наведената релација ќе сообраќаат согласно постојниот возен ред.








