Skip to main content

Автор: инфодеск

Времето денеска : Сончево, топло и ветровито

Post Views: 263 Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе биде од -4 до 4, а дневната од 15 до 23 Целзиусови степени.Утре, според УХМР, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Tемпературата утре во текот на денот ќе биде до 20 Целзиусови степени.

Продолжи со читање

Најава за можно враќање на евтината струја

Post Views: 316 Можно враќање на дневната евтина струја од 14 до 16 часот од 1 јули најави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски.Можно е враќање на дневната евтина струја, но ќе треба да почекаме за тоа до крајот на грејната сезона. Од октомври до средината на февруари имавме поволни услови, граѓаните заштедија 14 проценти енергија, сите домашни капацитети се во функција и за прв пат над 80 отсто од потребите за енергија ги задоволуваме од домашни капацитети. Позитивните трендови продолжуваат, намалени се загубите, а ЕСМ може да има...

Продолжи со читање

Конкурс за стипендии на одлични ученици од Општина Дебрца

Post Views: 345 Општина Дебрца објави Конкурс за доделување стипендии на одлични ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2022/2023 година.Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови:1. Да се редовни ученици од I година, кои во текот на основното образование постигнале континуиран одличен успех;2. Да се редовни ученици од II, III и IV година, кои во текот на средното образование постигнале...

Продолжи со читање

Општина Дебрца објави конкурс за стипендии на студенти на додипломски студии

Post Views: 308 Општина Дебрца објавува Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2022/2023 година.Право на стипендија имаат кандидатите кои студираат на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови:1. Да се редовни студенти од I година, кои во текот на средното образование постигнале континуиран...

Продолжи со читање

Изгласани 8 унапредувања и 14 вработувања во Општина Охрид

Post Views: 594 Мнозинството во Советот на Општина Охрид на денешната 24 седница даде согласност за Измените на Планот за вработување во општината за 2023 година. Измените предвидуваат 8 унапредувања и 14 нови вработувања.Вработувањата во општината како секогаш и на денешната седница беа причина за жестока дискусија и политички препукувања од советничката говорница. Во основниот план кој беше донесен во август минатата година беа предвидени само 5 нови вработувања; нема сразмерност меѓу планираните 4 пензионирања и новите вработувања; економската криза беше главен фактор за...

Продолжи со читање

Да се постават рампи за возила на патот Отешево-Охрид

Post Views: 398 Националниот парк „Галичица“ и Планинската спасителна служба од Охрид бара од ЈП „Државни патишта“ согласност за поставување физички препреки/бариери за возила на патот Отешево-Охрид.Моментално на патниот правец преку Галичица сообраќајот се одвива до месноста Корита, каде што се поставени знаци за забрана од понатамошно движење на возила. Потребата од физичка препрека на патот за чие поставување трошоците ќе ги сносат Националниот парк и Планинската спасителна служба, доаѓа по низата интервенции на извлекување заглавени возила. Ренџерската служба при...

Продолжи со читање

Меѓународен ден на мајчиниот јазик

Post Views: 301 Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, прогласен од УНЕСКО на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година, а наредната 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам.Во Декларацијата на УНЕСКО за културна разновидност, меѓу другото е наведено правото на секоја личност да се изразува и да создава на јазик што ќе го избере, а особено на мајчин јазик.На половината од околу шест илјади јазици што се зборуваат во светот им се заканува исчезнување, а во околу...

Продолжи со читање

Акција за чистење на отпад кај Велестово и Рамне

Post Views: 318 Акција за чистење на расфрлан комунален отпад на патните правци до с. Велестово и с. Рамне.Екипите на Јавна хигиена спроведоа активности за подигнување на расфрланиот ситен комунален отпад (пластични шишиња, лименки, картонска амбалажа и др.) оставени од несовесни граѓани на патните правци до с. Велестово и с. Рамне. Овие активности ги спроведуваме во соработка со Национален парк Галичица и еколошките друштва согласно потпишаниот меморандум за соработка за подигнување на еколошката свест и едукација на населението – информираат од ЈП „Охридски...

Продолжи со читање

Боеми од Пучини на 24-ти февруари во НОБ

Post Views: 342 На 24 февруари во 20 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе ремек-делото „Боеми“ од Џакомо Пучини.Приказната за животот на љубовниците Родолфо и Мими ќе се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев.Операта е во четири чина, дејството се одвива во Париз кон крајот на 19 век, а либретото се базира на „Сцени од животот на боемите” на Хенри Мургер. Сценографијата е на Зоран Николовски, а костимограф е Марија Пупучевска, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, хор-мајстор: Јасмина Ѓорѓеска....

Продолжи со читање

Oхридските стрелци повторно со одлични резултати

Post Views: 324 Повторно успешен настап на охридските стрелци, на првиот Куп во гаѓање со воздушно оружје меѓународна програма, кој се одржа на стрелиштето Марко Цепенков во Прилеп.Камбек на нашата најдобра стрелачка, Јована Милевска, која оваа натпреварувачка сезона на Куповите ја започнува во сениорска категорија. Таа во севкупен пласман – жени, се пласира на втората позиција, со резултат од 597,1 круг, односно првопласирана во сениорска категорија. Марија Ванѓеловска, во истата категорија се пласира на третата позиција со резултат од 569,1 круг, односно 13-та во...

Продолжи со читање

Гордана Лолеска во посета на Ротари клуб Охрид

Post Views: 450 На вчерашниот состанок на Ротари Клубот Охрид, по повод претстојниот Ден на лицата со ретки болести – 28 февруари, раководството и членовите на клубот имаа чест и задоволство да бидат домаќини на Гордана Лолеска, која е одговорна за кампањата ,,Ги запознаваме ретките болести“.На средбата се разговараше за ретките болести во светот и Македонија. Бројката на запишани пациенти во регистарот за ретки болести во Македонија изнесува 760 пациенти, со околу 70 различни болести, но бројката што од кампањата ја имаат е над 2000 лица, со околу 300 различни ретки...

Продолжи со читање

Спортски ден во Велгошти

Post Views: 270 ООУ „Живко Чинго“ од Велгошти во соработка со Сојузот за училишен спорт Охрид организира „Спортски ден“ за учениците во основните училишта во Општина Охрид по повод 142 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Тодор Александров.Натпреварите ќе се одиграат на 03.03.2023 година (петок) со почеток од 09:00 часот во училишната спортска сала во Велгошти која го носи името на македонскиот револуционер.Натпревари ќе се одиграат во следниве дисциплини:-Фудбал за ученици од шесто и седмо одделение (максимум 12 играчи);-Баскет за ученици...

Продолжи со читање