Автор: инфодеск
Views: 80 Преку јавна набавка, во вредност од 1.8 милиони денари во ЈЗУ Општа Болница Охрид се обезбедени околу 500 хируршки инструменти од различни видови. Инструментите се наменети за одделенијата: хирургија, урологија, гинекологија со акушерство и оперативен блок.–Средствата се обезбедени преку донација, а со оваа набавка значително ќе се зголеми квалитетот на работа во операционите сали кои функционираат во склоп на ЈЗУ Општа Болница Охрид, изјави в.д. Директорот Спец. Д-р Горан Маркоски.
Работна средба „Учи паметно-работи стручно“ денес во РЦСОО „Ванчо Питошески“
Views: 87 Денес во просториите на РЦСОО „Ванчо Питошески“ ќе се одржи работна средба на тема „Учи паметно-работи стручно“. Настанот ќе започне во 13:00 часот.На средбата обраќање ќе има помошник раководител на Сектор за јавни дејности при Општина Охрид, Јоне Станковски, додека презентација на позитивните искуства и образовните профили ќе имаат директорите на РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид, Тони Андрески, на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ – Охрид, Сашо Недески и на СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ – Охрид, Ристе Јанкоски. Предвидена е и презентација на искуства од страна на обучувач од...
Прличеви беседи 2025
Views: 131 Богата програма за годинашната традиционална манифестација „Прличеви беседи“, со што ќе се одбележи годишнината од смртта на поетот и преродбеник Григор Прличев.Чествувањата ќе започнат среда 5 февруари 2025 година во 11:45 часот со изложба на ликовни дела од колекцијата на НУЦК Охрид во Изложбениот салон.Во 12:00 часот предвидена е Свеченост посветена на лауреатот награда ГРИГОР ПРЛИЧЕВ и настап на хорот при НУЦК “Григор Прличев”- Охрид, изведба на 1762 лето, како и обраќање на претставници од НУЦК “Григор Прличев”- Охрид и Општина Охрид. Ќе биде претставена...
Македонија одбележува 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер и визионер Гоце Делчев
Views: 101 Македонија денеска одбележува 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер и визионер Гоце Делчев.Во чест на раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност Гоце Делчев, повеќе делегации од земјава, меѓу кои и премиерот Христијан Мицкоски, ќе положат цвеќе во црквата „Св. Спас“ во Скопје. Поради одбележувањето, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим околу црквата „Св. Спас“. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“ на потегот од ул.„Иљо Војвода“ до крстосница со ул.„Прохор Пчински“.Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во...
Спомен на Светиот апостол Тимотеј
Views: 110 Еден од седумдесетмината апостоли. Роден во Листра Ликаониска од татко Грк и мајка Еврејка. Мајка му и баба му ги пофалува светиот апостол Павле за нивната нелицемерна вера (2Тим. 1, 4-5). Во Листра Тимотеј за првпат се сретна со великиот апостол и самиот беше сведок кога Павле исцели еден куцоног од раѓање. Подоцна Тимотеј му беше речиси постојан сопатник на Павле, обиколувајќи ги со него Ахаја, Македонија, Италија и Шпанија. Голем ревнител за верата, извонреден беседник и благодушен, Тимотеј многу придонесе за распростирањето на христијанската вера. Павле го нарекува вистински...
Променливо облачно и ладно време во Охрид
Views: 73 Променливо облачно со повеќе сончеви периоди во северните делови. Во утринските и претпладневните часови во југоисточните делови ќе има повремена појава на слаб дожд кој ќе преминува во слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Минималните температури во Охрид од 0, а максималните до 6 степени Целзиусови.Утре особено долж Повардарието и во источните делови ќе засилува северен ветер. Утре и во четврток краткотрајно ќе биде стабилно со сончеви периоди во денот, а во петок и на почетокот на викендот понекаде ќе има зголемена облачност и особено во јужните...
Филип Кузмановски е петти најдобар стрелец на Светското првенство
Views: 92 29-то Светско првенство и официјално заврши, а Данска заслужено го доби 4тиот златниот медал , каде во финалето ја совлада Хрватска со 26-32. Македонската репрезентација заврши на 15-место, каде за малку не се пласираа пласман во 1/4 финалето. Ракометарите покажаа дека играат храбро и борбено, и дека се подготвени за нови и повисоки достигнувања.Матијас Гидсел, данскиот репрезентативец беше прогласен за најкорисен играч на СП, а воедно е и најдобар стрелец на турнирот со 74 голови од девет одиграни натпревари (74/107). На второто место на листата на најјдобри стрелци на...
Разбиена криминална група за фалсификување пари во Македонија и Србија
Views: 115 На 2 јануари 2025 година е реализирана голема меѓународна истрага координирана од ЕУРОПОЛ, македонската и српската полиција, а под раководство на надлежните јавни обвинителства. Во акцијата е сузбиена организирана криминална група инволвирана во фалсификување и пуштање во оптек на лажни пари на териториите на повеќе држави. Истрагата утврдила дека од крајот на 2023 година до февруари 2025 година групата, составена од македонски и српски државјани, изработувала фалсификувани пари во специјално опремен стан во Скопје. Со помош на машини со гравирани плочи, кои имитирале сигурносни...








