Автор: инфодеск
Post Views: 338 Вкупното количество на создаден комунален отпад во земјава во 2022 година изнесува 856 766 тони. Годишното количество на создаден комунален отпад по жител е 467 килограми, што е за 3.3 % повеќе од 2021 година.Рекордер по создаден комунален отпад во 2022 год. е Југозападниот регион со 183 521 тони. Собран комунален отпад 56 499тони што значи од отпадот кој се создава се собираат само 30%.Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во Скопскиот регион – 172 288 тони или 28.4 % од вкупното собраното количество отпад во државата. Во скопскиот...
Честитка од Градоначалникот Пецаков по повод Рамазан Бајрам
Post Views: 256 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков им го честита Рамазан Бајрам на сограѓаните од исламска вероисповед, посакувајќи им празникот да го дочекаат во добро здравје и расположение.„Драги сограѓани од муслиманска вероисповед, нека Рамазан Бајрам, по светиот месец на постот, кај сите муслимани мине во семејна среќа, со добро здравје, хармонија, љубов, почит и меѓусебно пријателство, во духот на вистинските вредности и традиционално добриот соживот кој години го негуваме во Охрид. „ – вели во празничната честитка Градоначалникот Пецаков.Додава...
Ако сакате домати купете си „изгор“ розеви
Post Views: 318 Зеленчукот со замрзната цена тешко се наоѓа во маркетите и на пазарите. Иако со одлука на Влада трговците кои продаваат овошје и зеленчук треба да доставуваат 70 проценти од количествата коишто ги продале во јануари и февруари, сепак тие вешто ги заобиколуваат наметнатите правила. Нема домати по 95 денари, но граѓаните можат да купат „розов“ домат по цена која е два до три пати повисока од највисоката цена која ја утврди владата.Министерот за економија Крешник Бектеши информираше дека наредната недела ќе се знае кои фирми не ги почитувале владините мерки за...
Започнаа чествувањата по повод смртта на Христо Узунов
Post Views: 467 Делегација на Општина Охрид, вчера, во рамки на чествувањата положи свежо цвеќе пред спомен бистата на Христо Узунов во истоименото основно училиште.Чествувањата продолжија вечерта со свечена програма по повод Патрониот празник на ООУ Христо Узунов во НУ Центар за култура „Григор Прличев“.Чествувањата ќе продолжат на 24.04 со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјето на Христо Узунов во Градскиот парк и со панихида на неговиот гроб во Цер, Кичево.
До недела сончево, од понеделник дожд
Post Views: 306 Времето денес сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во западните делови на државава ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.Во Охрид сончево со мала до умерена облачност. По свежото утро максималната дневна температура ќе се искачи до 18 степени.Во сабота попладне ќе има услови за локален пороен дожд со грмежи, а во недела ќе преовладува претежно сончево и топло време. Во почетокот на следната седмица времето ќе биде нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер,...
Ученици и млади ќе работат во хотелско угостителскиот сектор
Post Views: 359 На стартот на сезоната туристичкиот сектор бара начини за пополнување на недостигот настручниот кадар. На испразнетите места од вработените, кои масовно заминуваат на сезонска работа во странство и ова лето сезонски ќе се ангажираат ученици и млади од 16 години, кои лани докажаа дека можат да одговорат на зададените работни задачи.На еден искусен вработен во секторот може да му помагаат двајца млади помошници и пак да се постигне квалитетна услуга во хотелско угостителскиот сектор, велат од ХОТАМ.„Бевме позитивно изненадени од нив, многу добро изработија....
Сребро за Парулеска на Европското првенство во ИТФ таеквонодо
Post Views: 452 Христијана Парулеска од Охрид се закити со сребрен медал на Европското првенство во ИТФ таеквонодо во Јесоло, Италија, иако нијанси ја делеа од победа. Парулеска среброто го освои во форми (кати) 11-13 години црн појас први дан.Ова е успешен старт на нашата репрезентација, се очекуваат уште медали.„На првиот натпреварувачки ден, на наше задоволство, репрезентација го доби првиот медал (ЕП трае до 24 април). Наптпреварувањата продолжуваат и сметам дека имаме квалитетни натпреварувачи и реални очекувања за уште одличја“, изјави селекторот на македонската...
Охрид е новата жешка точка за британските туристи
Post Views: 1.148 Македонија е претстојната Европска дестинација за одмор со изобилство на сонце и прекрасни предели по поволна цена. Со овие зборови водителот во студиото на “ITV” го најави вклучувањето од Охрид во најгледаната британска утринска емисија This Morning.Охриѓанката Слаѓана Манчич Џонсон на социјалната мрежа Фејсбук објави видео од првото вклучување во живо од Охрид во утринското шоу.Од пред црквата Св. Јован Канео се вклучи репортерот Крег Дојл со звуци од македонска народна музика. Вака би сакал да ми започнува секое утро, кажа репортерот.„Да бидам искрен...
Субвенции за ПВЦ прозори, сончеви колектори и фотонапонски електроцентрали
Post Views: 708 Со буџет од 70 милиони денари Министерството за економија ќе ги кофинансира домаќинствата кои оваа година ќе купат и наместат ПВЦ или алуминиумски прозорци, сончеви термални колекторски системи, фотонапонски електроцентрали за производство на електрична енергија до шест киловати.Министерот за економија Крешник бектеши денеска на прес-конференција во Владата информираше за четири јавни повици кои ги објави Министерствотоз а економија од Програмите за поддршка на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.За надоместување на дел од трошоците за...
Jавна анкета и презентација за ЛУПД за проект “КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ“ КО Охрид 4
Post Views: 619 Општина Охрид организира јавна анкета и јавна презентација за ЛУПД за проект “КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ“, КО Охрид 4, Општина Охрид, ( со техн.бр. L3016 од октомври 2022 год.) изработен од Агенција за планирање на просторот- СкопјеПланскиот опфат за ЛУПД за проект “КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ”, КО Охрид 4, Општина Охрид со површина од35 ха, во рамки на катастарските парцели: КП 2113, КП 2112, КП 2100/1, КП 2100/4, КП 2099/1, КП 2099/2, КП 2085/1, КП 2085/2, КП 2128/1, КП 2128/2, КП 2129, КП 2127/1, КП 2127/2, КП 2126, КП 2114/1, КП 2114/2, КП 2111/1, КП 2111/2, КП 2110, КП...
„СУПер чистка“ за Денот на планетата Земја
Post Views: 271 По повод Денот на планетата Земја, во сабота (22.04. 2023г.) SUP клуб Охрид организира еколошка акција. Акцијата „СУПер чистка“ ќе се одвива на плажите околу Канео и места кои се достапни само по воден пат.„Најголемата закана за нашата планета е верувањето дека некој друг ќе ја спаси. Ве чекаме на супер дружба и уште една СУПер чистка акција.“ – порачуваат од SUP клуб Охрид.Секој кој сака да чисти и по вода добива бесплатна опрема и обука за управување со СУП.Опремата за чистење ќе биде обезбедена од SUP клуб Охрид. Сите кои сакаат да учествуваат...
Продолжува изградбата на детски игралишта во Охрид
Post Views: 419 Активностите за изградба на детски и повеќенаменски игралишта на територијата на Општина Охрид продолжуваат.Во моментов завршува првата фаза од изградбата на игралишта на три нови локации и тоа во Елшани, Рача и на улицата „Карпош Војвода“.После целосната изградба на овие игралишта активностите продолжуваат на други предвидени локации низ градот.