Автор: инфодеск
Views: 111 Комплетен атриовентрикуларен септален дефект (CAVSD) претставува вродена срцева маана која се карактеризира со абнормален развој на септумот и валвулите помеѓу преткоморите и коморите на срцето. Во нормални услови, оксигенираната и деоксигенираната крв меѓусебно не комуницираат. Кај КАВСД постои отвор кој овозможува нивно меѓусебно мешање, со што се оневозможува извршување на физиолошките функции на кардиоваскуларниот систем. Во зависност од големината на атриовентрикуларниот септален дефект, ќе варира симптоматологијата на болеста со различен степен на заситеност на крвта со...
Започнаа уписите за пролетниот циклус на „Полетарче“
Views: 62 Црвен крст Охрид информира дека започнуваат со уписи за пролетниот циклус на програмата „ПОЛЕТАРЧЕ“ преку која деца на возраст од 3-5 години преку игра, забава и дружење ќе ја развиваат и јакнат самодовербата, ќе стекнуваат вештини важни за успешно извршување на училишните задачи преку креативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на просторните и временските односи, вежби за говорот и речникот, јазична и математичка писменост, социо-емоционални вежби, вежби за насочување...
Спасен повреден планинар со скршеници на ногата во кичевско Лавчани
Views: 72 РЦУК – Охрид, известува дека преку Едиствениот број за итни повици 112 вчера во 14:12 часот, добиена е пријава повреден планинар со скршеници на ногата, локација над с.Лавчани поточно на местото викано Два Камења, Општина Кичево. Лицето се наоѓало на непристапен терен. Поради непристапноста на теренот и не можноста за пристап на моторно возило, повреденото лице беше превземено и пренесено од локалното население со коњ до селото Лавчани, каде што Итна медицинска помош и ПС – Кичево го превземаа повреденото лице и го пренесоа до специјализирана болница за ортопедија и...
Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација во Охрид одржа Национален семинар за тренери и судии
Views: 126 Саботата во Спортската сала на Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид, под водство на Марјанчо Лазаревски, се одржа Национален семинар за лиценцирани судии (А,Б класа) и судии, каде учество зедоја членови од клубовите на федерацијата.-После зимскиот распуст и празниците, и покрај зимските вируси, одзивот беше повеќе од очекуваното, при што спортската сала беше преполна, што тоа не радува дека имаме членови кои се лојални и кои се трудат да учат и да постигнуваат уште поголеми успеси, можеме да се пофалиме како федерација дека имаме 23 лиценцирани тренери од кои...
Серија земјотреси на Санторини, загриженост за потенцијално голем земјотрес
Views: 87 Денес училиштата во Санторини се затворени, а екипите за итни случаи се распоредени на вулканскиот грчки остров, откако сеизмичка активност предизвика загриженост за потенцијално моќен земјотрес. На жителите на островот им се советува да избегнуваат големи настани на отворено и да се држат настрана од четири мали пристаништа, вклучувајќи го и пристаништето Фира, кое главно опслужува бродови за крстарење.Од минатата среда повеќе од 200 земјотреси се почуствувани меѓу Санторини и Аморгос, најголемиот со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала. Грчките власти соопштија...
„Браќа Манаки“ добитник на Специјалната награда за достигнување од Британските награди за кинематографија
Views: 65 По повод 45-годишнината од постоењето на Британските награди за кинематографија (BSC), Меѓународниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ доби Специјална награда за достигнување.-Фестивалот Браќа Манаки е најстар фестивал посветен на уметноста на кинематографијата во светот. Основан во 1979 година, фестивалот е именуван по двајца пионери на киното, Јанаки и Милтон Манаки. Со независноста на Македонија во 1991 година, фестивалот прерасна во Меѓународен филмски фестивал, кој го слави светското кино и истакнува нови таленти, како пред така и зад камерата. Фестивалот се одржува во...
Преподобен Максим Исповедник
Views: 70 Цариграѓанин по род и најпрвин беше висок дворјанин на дворецот на царот Ираклиј, но потоа стана монах и игумен на еден манастир недалеку од престолнината. Најголем бранител на Православието од т.н. монотелитска ерес, која се изроди од ереста Евтихиева. Имено, како што тврдеше Евтихиј дека Христос има една природа, така монотелитите тврдеа дека Он има една волја. Свети Максим се спротивстави на тоа тврдење и се најде како противник на царот и патријархот. Но, не се исплаши, туку до крај истраја во докажувањето дека Господ Христос имаше две волји, соодветно на двете природи. На...
Променливо облачно со слаб локален дожд
Views: 53 Променливо облачно со слаб локален дожд, преку ноќта понекаде на повисоките планини ќе провејува слаб снег. По одделни котлини претпладне ќе има појава на магла. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец.Температурите денес ќе се движат во интервал од 4 до 10 степени Целзиусови.Преку ноќта и утре поради продор на постудена воздушна маса ќе има појава на слаб снег и до среда ќе се задржи северниот ветер кој повторно ќе засилува. Во среда и четврток краткотрајно ќе биде стабилно, а во петок и на почетокот на викендот понекаде ќе има појава на слаб...








