Автор: инфодеск
Views: 63 На 2-ри февруари 2025 година, во 03:30 часот, на улицата „Егејска“ во Охрид, лишено е од слобода 42-годишно лице од охридското село Долно Лакочереј, кое претходно, на улицата „Железничка“ управувајќи џип со охридски регистарски ознаки, не застанало и избегало од полициската патрола која се обидела да го сопре возилото.– Набргу, по преземени мерки, тој бил сопрен на улицата „Егејска“ при што било констатирано дека тој, моторното возило го управувал под дејство на алкохол поради што е исклучен од сообраќај и ќе му биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
4-годишно дете почина во струшката болница
Views: 104 СВР Охрид соопшти дека утринава починало 4-годишно дете во струшката болница. Според информацијата, случајот бил пријавен во 9:50 часот од медицински лица од Општата болница во Струга.– Медицински лица од Општата болница во Струга е пријавено дека, на Детското одделение во болницата било донесено четиригодишно дете од Струга, кое извесно време било во тешка здравствена состојба. И покрај итно укажаната медицинска помош, починало, изјави портпаролот Стефан Димоски.Полицијата во координација со јавен обвинител, презема мерки за целосно расветлување на настанот.
Ги запознаваме ретките болести во охридско – струшкиот регион 2025: „СИНДРОМ ВАН ДЕР ВУД“
Views: 76 Синдромот Van Der Woude е редок, вроден генетски дисморфичен синдром кој се карактеризира со парамедијални фистули на долната усна, расцеп на усната со или без расцеп на непцето или изолиран расцеп на непцето. Нарушувањето претставува најчеста причина за расцеп на усна и/или расцеп на непце, предизвикани од дефект на еден ген. Се јавува кај 2 % од сите новороденчиња со расцеп на усна/непце. Машките и женските новороденчиња се подеднакво погодени.ЕТИОЛОГИЈАVWS се наследува на автосомно-доминантен начин. Мутациите во генот IRF6 (1q32.2-q32.3), вклучени во епидермалниот...
Променливо облачно, кон крајот на денот врнежи од дожд
Views: 89 Променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утре и задутре ќе преовладува стабилно и постудено време со ниски утрински температури, кои од среда насекаде ќе бидат под нула. Во понеделник и среда ќе дува умерен до засилен северен ветер.Денешните температури во интервал од 2 до 9 степени Целзиусови.
Маркетите со намален промет од 46,59%
Views: 92 Вчерашниот бојкот го преполови вчерашниот вкупен промет за 46,59%, објави УЈП.Според споредбената анализа на податоците, во петок, 31.01.2025 година во однос на петок, 24.01.2025 година, во осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 46.59% Во петок, 31.01.2025 година, во однос на четврток, 30.01.2025 година, во осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 46.29%.УЈП најави дека ќе продолжи со мониторирање и анализа на овие трендови, како и на информирање на јавноста за сите важни податоци кои ќе имаат влијание на...
Владата работи на намалување на цените на становите, комерцијални станови ќе се градат и во Охрид
Views: 86 Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска присуствуваше на доделувањето на социјални станови во општина Кочани и изјави дека со одлуката за намалување на цената на комерцијални станови во Битола што ги гради државата, Владата започнува да ги нормализира цените на становите на пазарот. -Следен чекор е Охрид и Скопје каде ќе понудиме пониски цени од тие што се нудат на пазарот на недвижности, најави министерот.„Во следниот период ќе работиме на реализација на комерцијални станови. Јавноста е запозната со одлуката на Владата, комерцијалната зграда која...
Ги запознаваме ретките болести во охридско – струшкиот регион: Гителманов синдром
Views: 89 Гителманов синдром, или уште познат како фамилијарна хипокалемија-хипомагнезиемија, претставува болест од групата ретки заболувања кои ја зафаќаат бубрежната функција.Главната карактеристика на овој редок синдром е хипокалемиска метаболна алкалоза проследена со ниски нивоа на магнезиум и намалена екскреција на калциум преку урина. Поради ниските нивоа на калиум и магнезиум, кај болните со Гителманов синдром се забележува слабост во мускулите и грчеви.ПРЕВАЛЕНЦА – забележан кај 1 – 9 случаи на 40 000 население.ЕТИОЛОГИЈАДијагнозата се засновува според...
Денеска предавање за ендокринологија во просториите на Црвен крст
Views: 82 Денес, Д-р Џулиана Михајловска од тимот на клиниката „Жан Митрев“ ќе одржи предавање во просториите на Црвен крст во врска со ендокринологијата и дилемите и проблемите кои постојат кај општата популација, децата и младите, поврзани со вишок на килограми, дисбаланс на метаболизмот, нивото на шеќер во крвта, тегоби со штитната жлезда и друго.Настанот ќе се реализира со почеток во 11 часот.-Присутните на овој настан ќе имаат можност и за закажување на индивидуална средба и бесплатна консултација за евентуални симптоми, тегоби и здравствени проблеми поврзани со темите, со...








