Skip to main content

Автор: инфодеск

Светски поетски фестивал „Прличев и Еминеску – поглед кон иднината“

Post Views: 339 НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во соработка со Меѓународната академија „Михаи Еминеску“ од Крајова – Романија од 19 до 22 април ќе биде домаќин на Светскиот поетски патувачки фестивал „Прличев и Еминеску – поглед кон иднината“.Во Охрид се очекува да допатуваат поетите: Јон Деаконеску, Константин Барубу од Романија, Тибор Залан -Унгарија, Бојко Ламбовски – Бугарија, Атила Балаж – Словачка, Градимир Гојер – Босна и Херцеговина, Јетон Келеменди и Љуљзим Тафа – Косово и македонските поети: Зоран Анчевски, Славе Ѓорѓо Димоски и Иван...

Продолжи со читање

Британската “This Мorning” во живо од Охрид

Post Views: 340 Директно вклучување од Охрид и Скопје во најгледаната дневна телевизиска емисија “This Мorning” која се емитува во Велика Британија.Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот е организатор на информативно патување за новинари и репортери од дневното шоу “This Мorning” во период од 17ти до 20ти април. Нивниот интерес е да направат репортажа за недопрените убавини на нашата земја која е “budget friendly” за туристите.„Целта на ова патување е промоција на Северна Македонија и главниот град Скопје како дестинации погодни за туристите од Велика...

Продолжи со читање

Градоначалникот Пецаков го поништи јавниот повик за субвенционирани клими

Post Views: 332 Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уред за 2023 година е поништен, известуваат од Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад во чии рамки се спроведува проектот „Подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух во општина Охрид – субвенционирање на граѓаните при купување на модерен систем за затоплување – инвертер клими за 2023 година“.„Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување-инвертер клима уред за 2023 година, објавен на 06.04.2023 година СЕ ПОНИШТУВА...

Продолжи со читање

Охриѓанец ја нападнал невенчаната сопруга

Post Views: 428„На 17.04.2023 во 13.30 часот во СВР Охрид, 22-годишна жена од Охрид пријавила дека на 16.04.2023 околу 20.30 часот била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг од Охрид. – информираат од СВР Охрид.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Продолжи со читање

Се менува дрвената конструкција на Антички

Post Views: 345 Од НУ Завод и Музеј Охрид денеска известија дека започнати се зафати за демонтажа и поставување на нова дрвена конструкција на античкиот театар.„Просторот каде ќе се изведува демонтажата и поставувањето на новата дрвена конструкција ќе биде затворен заради безбедност на посетителите.“ – посочуваат од НУ Завод и Музеј.

Продолжи со читање

Не пропуштајте ја последната изведба на „Да БолиТ“

Post Views: 238 По повод 12 години од првото стендап шоу на Никола Toдороски, уште една изведба на последното негово соло шоу „Да БолиТ“ во еден неверојатен простор. Никола и Rebel ве покануваат на незаборавно дружење и смеа.Специјални гости кои ќе се погрижат за вжештување на атмосферата:Илија БогданоскиНикола Братучед СиљаноскиЈован ЦветкоскиЗоран ДоневНабавете си влезници затоа што забрзано ги снемува.Онлајн по цена од 250 ден. или со резервации на 075283066.НАПОМЕНА!!Сместувањето се врши по принцип на прв дојден, прв послужен. Сместувањето на публиката во...

Продолжи со читање

Мечка со мало мече прави пустош врз пчеларници во охридско

Post Views: 711 Речиси три месеци сопствениците на пчеларници на просторот од Горица до Свети Стефан, се жалат дека мечка ги уништува нивните пчелни семејства. Покрај тоа тие укажуваат дека мечката која најверојатно има мало мече може да е агресивна и да ги нападне луѓето што живеат во населбата Шипокно или рекреативците.Покрај тоа што ги уништува пчеларниците мечката претставува потенцијална опасност и за луѓето, бидејќи токму по оваа патека се движат граѓаните, но и учениците од населбата Шипокно кои учат во училиштето во Рача, како и голем број рекреативци.Од...

Продолжи со читање

Ќе се обележуваат велосипедските патеки на Јабланица и Караорман

Post Views: 314 Ќе се обележуваат велосипедските патеки на Јабланица и Караорман. Планините во Југозападниот регион во земјава нудат безгранични можности за развој на алтернативен туризам.Величествените глетки го запираат здивот, возвишената убавина на планинските села со автентична архитектура плени воздишки, а изобилството ендемична флора и фауна едноставно ги воодушевува посетителите.Овој проект ќе придонесе за поголема безбедност на планинарите и велосипедистите.Се залагаме за мапирање на патеките на Jабланица, Kараорман, Галичица. Нивно обележување за да е...

Продолжи со читање

Адвокати бараат измена во законот за плати на функционерите

Post Views: 422 Адвокатска канцеларија од Струга поднесе иницијатива до сите парламентарни политички партии за измена на чл.11 од Законот за плата на избрани и именувани лица, со што основицата за пресметка на платата на фукционерите ќе се утврди како минималната исплатена месечна плата по вработен за претходната година.Целта е функционерите да покажат солидарност со својот народ во време на криза. Оваа измена на законот е оправдана поради економската криза, а воедно на овој начин ќе се изврши усогласување на платите на избраните и именуваните лица согласно стандардот во...

Продолжи со читање

Во сообраќајка загина 31-годишен жител на Враништа

Post Views: 464 На 16.04.2023 во 13:55 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Елевци – с.Евла, Центар Жупа, патничко возило „фолксваген широко“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.М.(31) од с.Враништа, излетало надвор од коловозот.На местото на несреќата починал возачот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош – информираат од МВР.

Продолжи со читање

Скопјанец и охриѓанка провалиле во викендица во Струга

Post Views: 328 На 16.04.2023 полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода лице (30) од Скопје поради сомнение дека во вечерните часови на 15.04.2023 противправно задржал 19-годишна девојка од Охрид, со која се познавале, во викенд куќа во струшко село, во која неколку часа претходно заедно влегле со употреба на сила, се вели во соопштението на МВР.По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Продолжи со читање

Облачно време со повремени врнежи од дожд

Post Views: 302 Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Минималните температури беа во интервал од три до 10 степени, а максималните од 9 до 16 степени.Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на циклонска активност во текот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи.Во следните три дена минималната...

Продолжи со читање