Автор: инфодеск
Post Views: 296 На плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот во тек е голема хуманитарна продажна акција. Истата е во организација на ОО Црвен крст Охрид и компанијата „Комфи Ангел“ од Прилеп.Акцијата ќе трае до 17 часот, а изложени се надалеку познатите производи на „Комфи Ангел“, постелнини, перници, јоргани, душеци и др. Посетителите имаат единствена можност производите да ги набават по промотивно-хуманитарни цени.Дел од собраните средства ќе бидат наменети за помош на ранливите категории на граѓани во Охрид. Но, дел ќе има и за бегалците од Украина кои престојуваат...
ФА Бисери врши упис на нови членови
Post Views: 353 Фолклорниот ансамбл „Бисери“ при НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид врши упис на нови членови и тоа во следниве категории:Играорки/Играорцичленови во народен оркестарИнформации од понеделник-петок од 11-17 часот на следните телефонски броеви071-391-086 Маја075-340-494 ЃокоИнаку, членувањето во ФА „Бисери“ е бесплатно!
Со показна вежба одбележан Денот на пожарникарите
Post Views: 279 Во Охрид се одбележа Денот на пожарникарите. По тој повод беше презентирана показна симулативна вежба извлекување на повредени во тешка сообраќајна несреќа. Статистички гледано, во Охрид, годишно се случуваат од 390 до 420 интервенции. Во пресрет на летото и сушниот период пожарникарите повикаа граѓаните да бидат посовесни и одговорни.Овој период немаме некој поголем интензитет на пожари, посебно пожари на отворен простор, бидејќи вегетацијата е веќе зазелената. Меѓутоа, во наредниот период се очекуваат. Статистички, изминатите години, пожарите се движат горе...
Изложба Излишно на Наташа Гелева
Post Views: 306 Во рамки на годишната програма на НУЦК „Григор Прличев“ Охрид, на 26-ти мај, со почеток во 19 часот во изложбениот салон, ќе биде отворена изложбата на фотографии насловена „Излишно“, на уметницата Наташа Гелева.„Циклусот од 30 фотографии „Излишно“ се занимава со документација на објекти во распаѓање, јавни објекти кои своевремено служеле на заедницата, а денес сведочат за нашата негрижа и изгубени вредности на солидарност, социјална и економска несигурност, општество кој го става граѓанинот на последно место.Соочувајќи се со излишноста на овие објекти, истовремено...
Три лица од Охрид вршеле јавен превоз без лиценца
Post Views: 403 СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во охридското село Долно Лакочереј, против сопствениците и управителите И.В. и М.В. како и против Н.Ј.-возач во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца”.При контрола извршена на 08.05.2022 година, полициските службеници, на улицата „Питу Гули” во Охрид, сопреле автобус со охридски регистарски ознаки, сопственост на правното лице, управуван од пријавениот Н.Ј. Притоа, констатирале дека тој нема лиценца за вршење јавен...
СВР со детали за сообраќајката на ул. 7-ми ноември
Post Views: 210 На 19.05.2022 во 16:20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улица „7-ми ноември”, мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.Т. (19) од Охрид, удрил во пешак С.Ш. (53) од Охрид.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и пешакот, констатирани во ЈЗУ „Свети Еразмо” – Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Њујорк тајмс објави нови снимки од Буча
Post Views: 284 „Њујорк тајмс“ објави видео снимки на кои се гледа група украински затвореници во Буча кои се цел на руските војници и се принудени да се движат, неколку моменти пред да бидат погубени.Снимката е направена на 4 март, а на неа се гледа група од девет украинци подгрбавени, некои се држат за панталоните и појасите на лицето пред нив, а некои со рацете над главата. Тие поминуваат во колона низ улица.На почетокот и на крајот на колоната се гледаат двајца вооружени руски војници кои ги пренасочуваат.The execution of the captured fighters and the homeowner in...
23-то издание на детскиот фестивал Распеано рибарче
Post Views: 570 Вкупно 13 нови детски музички композиции беа изведени на 23-тото издание на детскиот музички фестивал „Распеано рибарче“ кој се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“.Во името на локалната самоуправа која е покровител на настанот, се обрати советничката во Советот на Општина Охрид, Ана Крстеска.Голема радост за сите нас е овој прекрасен и распеан ден. Мило ни е што по двегодишна пауза во Охрид повторно одѕвонува веселата детска песна, која ни носи милина во душата и ги топли нашите срца. На ова 23 издание на единствениот детски фестивал во нашиот град...
Дојави за бомби во повеќе од 100 училишта низ Србија
Post Views: 287 Пријави за бомби во повеќе од 100 училишта низ Србија, наставата ќе се одржува онлајн, пишуваат српските медиуми. Училиштата ќе ги информираат учениците и нивните родители за начинот на организирање на наставата и враќање во училишните клупи, велат оттаму.Дојавите за подметната направа стигнале на адресите на е-пошта на неколку основни и средни училишта во Србија, соопшти Министерството за образование на соседната земја. Заради безбедност на учениците, училиштата го информирале министерството за заканата и полициски екипи се на терен, се додава во соопштението.Медиумите...
Градоначалникот Пецаков оствари средба со Даглас Хеј
Post Views: 228 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, се учесници на програмата за размена на политички лидери поддржана од Амбасадата на САД во Македонија и имплементирана од Американскиот Совет на млади политички лидери (American Council of Young Political Leaders).Продуктивна средба со Douglas Heye, служел на водечки комуникациски позиции во Претставничкиот дом и Сенатот на Соединетите Американски Држави, како и директор за комуникации на Републиканскиот Национален Комитет. Оваа програма се фокусира на теми што се однесуваат...
Етничките македонци од Пустец ќе го прослават 24 мај
Post Views: 313 Етничките Македонци од Пустец и цела Албанија, за првпат досега, подготвуваат богата со содржина и масовна прослава на 24-ти мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.Манифестациите, во соорганизација на Македонското друштво “Сонце”, од Албанија и Друштвото за литература и култура “Мацково” од Македонија, ќе се одржат во центарот на Мала Преспа и седиштето на општината, населбата Пустец.Прослава ќе има и во селото Глобочани, кај паметникот на големиот писател, Македонец, Стерјо Спасе, односно во Спомен – музејот “Стерјо...
Скопјанец ширел расизам и ксенофобија преку Фејсбук
Post Views: 233 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.К.(23) од Сарај, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено ккривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.Тој, на 09.12.2021 година, по објавен текст од интенет портал на социјална мрежа Фејсбук, напишал коментар со кој поттикнал омраза и насилство против одредена група на граѓани – информираат од СВР Охрид.