Автор: инфодеск
Views: 64 Градоначалникот на Општина Охрид информира дека со цел да се оддаде достојна почит и вечен спомен на почитуваниот охридски културен и просветен работник Методија Бараковски-Менде на негова лична иницијатива до Советот на Општина Охрид поднесена е Предлог одлука за Домот на културата во Урбана заедница „Кошишта“ да го носи неговото име.Предлог одлуката за новиот назив на културниот објект кој е во сопственост на Општина Охрид е доставена како дополнување на дневниот ред на 52 рата седница на Советот на Општина Охрид, која ќе се одржи утре и ги повика советниците да гласаат за...
Објавен е огласот за закуп на „Македонско село“, од 1 јуни комплексот почнува со работа
Views: 98Од Владата денеска објавија дека во печатените медиуми објавен е огласот за избор на концесионер за комплексот „Македонско село“, кој се наоѓа на падините на Водно, блиску до селото Нерези, со цел комплексот повторно да почне да работи и се врати на туристичката и културната мапа на Македонија. Комплексот се состои од 12 автентични куќи, со простории каде се претставени македонските занаети, делови се користат како хотелски соби, а некои имаат и ресторантски дел.Огласот е поделен на четири дела, односно постои можност различни концесионери да се пријават за закуп на...
Бахус класик релито на олдтајмери ќе се вози и во Охрид
Views: 94 Над 50 олдтајмери од Западна Европа и регионот кон крајот на септември и почетокот на октомври ќе бидат дел од меѓународно рели од премиум ранг што ќе се вози низ државава и ќе се промовира винскиот туризам.Директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Билјана Стефаноска денеска оствари средба со Благоја Петровски и Игор Стефановски од клубот „Бахус Класик“ од Скопје, организатори на овој настан .Проектот ќе ги презентира македонските културни знаменитости, традиционалната храна и вината. Организаторите имаат цел да направат седумдневно рели со возење...
Мицкоски: Го разбирам повикот за бојкот на маркетите, како чин на граѓански отпор против монополското однесување и општествената неодговорност на поединечни трговци
Views: 58 Премиерот Христијан Мицкоски, на денешната средба со Комисијата за заштита на конкуренцијата, Министерот за економија, Заменик министерот за економија и Директорот на пазарната инспекција најави засилени контроли кај трговците со цел да спречат какви било злоупотреби од нивна страна, сметајќи ги енормните цени кои ги плаќаат граѓаните како напад врз сопствената држава, граѓаните и заедничкиот интегритет.-Во духот на солидарноста, го разбирам повикот за бојкот на маркетите, како чин на граѓански отпор против монополското однесување и општествената неодговорност на поединечни...
Ева Ивановска од Делчево е автор на најдобрата беседа за 2025 година
Views: 73 Од Н.У Библиотека Григор Прличев информираат дека младата средношколка Ева Ивановска од Делчево е добитничка на престижната награда за најдобра беседа за 2025 година на Конкурсот за најдобра беседа на НУ „Григор Прличев“ од Охрид, годинава под наслов „Чувај се себеси“.Ева е ученичка во четврти клас во гимназијата „Методи Митевски – Брицо“.Наградата за најдобра беседа во вредност од 9000 денари и статуетка со ликот на Прличев на Ивановска ќе и’ биде бидат врачени на 6 февруари на манифестацијата „Прличеви беседи“ во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид,...
Излезе од печат 126. книга на академик д-р Миле Д. Миќуновиќ – „Што сторивме со спомениците и историјата?“
Views: 139 Излезе од печат 126-тата книга на академик д-р Миле Д. Миќуновиќ: Што сторивме со спомениците и историјата?, а во издание на Н.У Библиотека Григор Прличев. Во книгата се опишани 130 спомен – обележја во Охрид и Охридско, од кои 19 повеќе не постојат; 60 се запоставени и искршени; 8 се возобновени; 4 се преместени и 39 се одржуваат.-Нема поголема темнина од заборавањето. А со тоа и негирањето на постоењето. Затоа ни требаат спомениците. Како опомена и светилници за сите вградени животи во темелите на ова што сме денес. За да можеме и повеќе и подобро, за да им оставиме...
Уапсен 52 годишен охриѓанец пријавен за напад врз малолетничка
Views: 56 На 28.01.2025 во 20.00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 52 годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички нападнал, а потоа допирал по телото малолетничка од Охрид, информира портпаролот на секторот, Стефан Димоски.По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Градоначалникот Пецаков оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер
Views: 48 Градоначалникот Кирил Пецаков вчера оствари средба со амбасадорот на Австрија во Република Македонија, Мартин Памер.Амбасадорот беше придружуван од Петер Логар, проект менаџер на Програмата за поддршка на тиролската противпожарна бригада и Јоханес Пап, Заменик командант на Покраинската противпожарна бригада на Тирол, Сојузна покраина на Австрија.На средбата на која присуствуваа и претставници на Противпожарната единица од Охрид се разговараше за можноста за воспоставување на соработка, во делот на противпожарната заштита. Особено беше потенцирана потребата од активна...








