Автор: инфодеск
Post Views: 581 Чистиот планински воздух и прекрасната снежна глетка на надморска височина од 1600 метри на локалитетот „Косто Бачило“ во Националниот парк „Галичица“ ја надополнуваат моќта и убавината на природното богатство со кое изобилува планината.Се искачивме од страната на Стење, село во Општина Ресен вгнездено во источното подножје на планината Галичица. За време на патувањето по ново-направениот планински пат Галичица не плени со сета своја раскош. Магловито утро, но сепак пријатно и свежо. Поради снегот патувањето до Центарот за репродукција на елени, го...
Охрид и Македонија ќе бидат претставени на ЕМИТТ, саем во Турција
Post Views: 335 Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот е учесник на 26-тата меѓународна изложба за туризам и патување ЕМИТТ-East Mediterranean International Tourism & Travel Exhibition.На репрезентативен штанд заедно со македонскиот туристички сектор меѓу кои, Бадем Тур, ЈК Травел, хотел Фама, СУ хотел, општина Струга и ПЦС Тур ќе ја промовираат нашата земја како важна туристичка дестинација за турските туристи.Од 12-ти до 15-ти април илјадници странски посетители ќе се запознаат со природните убавини, историските, културните знаменитости и ено-гастро...
Вечерва претпремиера на комедијата Несфатената цивилизација
Post Views: 561 Вечерва со почеток во 20 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ ќе биде одиграна претпремиерата на претставата „Несфатената цивилизација“. Комедијата премиерно пред охриѓани ќе се најде во четврток на 13-ти април во 20 часот.Прашањата за зачувување на нашиот социолошки и културолошки идентитет, како и универзалните теми за моралот, честа и етиката се основата на најновата театарска претстава во изведба на Народниот театар од Охрид, „Несфатената цивилизација“ работена по истоимениот текст на бугарскиот автор Добри Војников, напишан пред повеќе од век и...
Започнати, а недовршени работи низ градот од страна на ЈП
Post Views: 673 Наши сограѓани преку рубриката „Ти си твојот град“ повторно се жалат на започнати, а недовршени работи низ градот од страна на Јавните претпријатија.Овој пат ни испратија слики од улицата „Галичица“.Тендерашите на сијалици да си ја завршат работата, а не само пари да лапаат, реагираат граѓаните
Вечерва Велигденски концерт Воскресение твоје
Post Views: 259 Во организација на НУ „Охридско лето”, а по повод големиот верски празник Велигден вечерва во црквата „Света Софија” во Охрид со почеток од 20 часот ќе се одржи концерт „Воскресение твоје” со Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска” од Скопје под диригенската палка на Летка Димовска Полизова, ќе настапат солистите Надежда Рубен, Јасмина Димитровска и Анета Баталаковска.Од НУ „Охридско лето” велат дека ваквата новина е на радост на публиката. Според директорката на Фестивалот, Наташа Поповиќ, целта е да се создадат можности...
Денеска е Велика Среда
Post Views: 244 На Велика Среда се читаат библиските текстови кои се во контекст со претходните денови и во врска со настаните од денот (на Утрената: Јован 12,17-50; на Литургијата: Матеј 26,6-16).Последното претсмртно помазание на ГосподаХристос е помазан со миро во Витанија (Матеј 26,6-13; Марко 14,3-9; Лука 7,37-50; Јован 12,1-8). Според евангелските сведоштва, Господ Исус Христос и апостолите ноќта ја поминале „во Витанија, во куќата на Симона Прокажениот“ (Матеј 26,6).Во Евангелието, коешто се чита на Предосветената Литургија (Матеј 26,6-16), се вели дека токму...
Петок и понеделник неработни денови
Post Views: 291 Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празници, петок, 14 април 2023 година, Велики Петок, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.Понеделник, 17 април 2023 година, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани.Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед им го честита големиот христијански празник Велигден.
Хуманитарни пакети за семејства во социјален ризик
Post Views: 459 Во пресрет на Велигденските празници, а како израз на висока опстествена одговорност и хуманост, традиционално и оваа година членовите на ОСМТГ Командерија Св. Наум Охридски-Охрид во соработка со Црвен крст Охрид, ќе доделат хуманитарни пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена на 30 семејства во социјален ризик од Охрид и Дебрца.Настанот ќе се реализира денес, 12.04.2023 г., во 12 ч. пред седиштето на Црвен крст Охрид.
Охриѓанец физички ја нападнал сопругата
Post Views: 384 На 10.04.2023 околу 23:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.С.(32) од Охрид кој во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. Тој беше задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Солидно исполнети хотелските капацитети за Велигденските празници
Post Views: 285 За Велигденските празници хотелските капацитети на охридското крајбрежје солидно исполнети. Претежно домашни гости и туристи од соседните земји ќе го поминат продолжениот празничен викенд во Балканскиот Ерусалим.Оваа година интересот за Велигденските празници е доста поголем за разлика од минатата година. Пополнетоста на хотелските капацитети се движи од 50% до 60% со гости претежно од нашата земја, како и гости од Србија и Црна Гора. А секако се очекува интерес и од другите земји од регионот – истакна Наташа Цветаноска, хотелиер.Иако за...
Беседа во чест на шпанскиот поет Хусто Хорхе Падрон
Post Views: 410 Со беседа во Паркот на поезијата Струга денес му оддаде почит на шпанскиот поет Хусто Хорхе Падрон. Тој е добитникот на златниот венец во 1990 година на СВП, а бил голем вљубеник во Струга и земјава.Падрон е познат по тоа што ја промовирал македонската литература и култура ширум светот.Особено ме радува тоа што се случува во Струга, во паркот на поезијата затоа што ретки се земји и градови со фестивали со ваков формат кој што како добитници ги имаат најпознатите поети од втората половина на 20 и првите декади од 21 век – вели Тодорче Тасевски,...
Одржана 26-тата седница, усвоени повеќе одлуки
Post Views: 282 Дневниот ред на денешната 26-та седница на Совет на Општина Охрид беше надополнет со 6 точки. Општината предложи измена и дополнување на годишна програма за поставување урбана опрема за 2023 година, предлог одлука за утврдување почетна цена за поставување покриени и непокриени шанкови со локации, предлог одлука за поставување покриени и непокриени шанкови со локации на подрачјето на Општина Охрид за периодот 2023 – 2026 година, како и програма за поставување реклами на автобуските постојки и одлука за примање донација за две основни училишта....