Skip to main content

Автор: инфодеск

„СУП преку граница“- симболично преминување на границата на суп даски испрати порака за соработка и заедничка грижа за Охридското Езеро

Views: 230 Охридското Езеро и годинава беше место на несекојдневен спортски настан кој ги поврза двете држави и љубителите на водените спортови. На 26 и 27 август се одржа второто издание на „Со СУП преку граница“, маратонско СУП-веслање во должина од 30 километри, организирано од СУП Клуб Охрид, како дел од програмата на Ohrid Water Fest.По успешното прво прекугранично веслање минатата година, и ова издание понуди спортски предизвик, но и силна симболика a тоа е преминување на државната граница со СУП-даски и поврзување на македонскиот и албанскиот брег на Охридското Езеро.Во...

Продолжи со читање

Струга го чува сјајот на македонската народна носија, Ревијата годинава одбележува 55 години

Views: 177 Во Струга од 4 до 6 септември ќе се одржи традиционалната Ревија на народни носии – Струга 2026, манифестација која годинава одбележува значаен јубилеј, 55 години од првата ревија на македонски народни носии.Под мотото „Сјајот на македонската народна носија 55 години“, тридневната програма ќе понуди проекции, промоција на монографија, изложба, меѓународна вечер и завршна ревија, со која ќе се одбележи повеќедецениската традиција на оваа културна манифестација.Програмата започнува во петок, 4 септември, во 19 часот, во Центарот за култура во Струга, со проекција на...

Продолжи со читање

Пoлицијата пронајде 4 километри рибарски мрежи и над 116 килограми уловена риба меѓу Калишта и Радожда

Views: 183 Акциска контрола на Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро, пронајдени повеќе рибарски мрежи и поголема количина уловена риба.На 01.09.2026, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро во водите на Охридското езеро извршија акциски контроли поврзани со кривичното дело „незаконит риболов”, како и пронаоѓање рибарски мрежи и друг риболовен алат и прибор.Oд СВР Охрид информираат дека, на потегот помеѓу струшките села Калишта и Радожда пронајдени се дваесет т.н. висечки рибарски мрежи, кои се најстрого забранети за вршење...

Продолжи со читање

Светиот пророк Самуил

Views: 122 Петнаесетти и последен од Судиите на Израилот. Живееше илјада и сто години пред Христа. Роден е во племето Левиево, од родителите Елкан и Ана, во местото Рамат или Ариматеја, каде подоцна се роди и благообразниот Јосиф. Бездетната Ана со солзи го измоли Самуил од Бога и штом наполни три години Му Го посвети на Бога. Самуил живееше во Силоам крај ковчегот на заветот, а кога имаше дванаесет години имаше вистинско откровение од Бога за казната што му претстои на домот на првосвештеникот Илија заради расипаноста на неговите синови Офин и Финес. Тоа откровение наскоро и се изврши:...

Продолжи со читање

Охрид денес до 30°C, попладне можна појава на невреме со град

Views: 196 Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Минималните температури денес во Охрид од 18, а максималните до 30 степени Целзиусови.До почетокот на следната седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во четврток и петок ќе дува засилен до силен ветер, претежно од северен правец.

Продолжи со читање

Филмот „17“ на Косара Митиќ официјално е македонскиот кандидат за „Оскар“

Views: 169 Долгометражниот игран филм „17“, во режија на Косара Митиќ и во продукција на „Црна Мачка Продукција“ е избран за македонски кандидат за наградата Оскар, во категоријата најдобар меѓународен долгометражен филм.Одлуката ја донесе Комисијата за избор на национален кандидат за Оскар при Друштвото на филмските работници на Македонија, чиј состав е прифатен и одобрен од Американската академија за филмски уметности и науки: Марија Димитрова – претседател на Комисијата и продуцент, Антонио Митриќески – режисер, Дејан Димески – директор на фотографија, Иван Бартлинг – сценограф,...

Продолжи со читање

Свр охрид

Кривична пријава за лице од Пештани за узурпација на плажа

Views: 232 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 47-годишен жител на охридското село Пештани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.Според информациите од полицијата, пријавениот неовластено зазел катастарска парцела во државна сопственост, односно плажа на Охридското Езеро, која е под посебна заштита на државата и УНЕСКО.Како што информираат од СВР Охрид, тој неовластено ангажирал работници со цел изградба на импровизиран мост до соседната плажа.

Продолжи со читање

Дополнителни термини за прегледи за артериска циркулација на нозете во охридскиот Кардиолошки центар

Views: 234 ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања – Охрид во текот на септември ќе овозможи дополнителни прегледи на артериската циркулација на нозете со Доплер метода, како дел од кампањата за подигнување на свеста за периферната артериска болест (ПАБ).Од болницата информираат дека секојa среда во текот на септември, во втора смена (попладне), ќе бидат достапни по пет дополнителни прегледи. Заинтересираните граѓани треба да ги закажат прегледите преку системот „Мој Термин“.Активноста се реализира во рамки на месецот посветен на подигање на свеста за ПАБ,...

Продолжи со читање