Skip to main content

Автор: инфодеск

УИНТ го одбележа Интернационалниот ден на жените и девојчињата во науката

Post Views: 306 Веќе четврта година по ред Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле”, го одбележува 11 февруари, Интернационалниот ден на жените и девојчињата во науката.Преку зборовите на проректорката проф. д-р Устијана Речкоска Шикоска, како и професорки, дипломки и студентки се потенцираше важноста на присуството на жените и девојчињата во науката, кои преку пренесените факти и искуство ги поттикнаа присутните, пред се ученици од гимназиите и стручните училишта во Струга и Охрид, подетално да се заинтересираат и информираат што би...

Продолжи со читање

Поништен повикот за субвенции на нови авиолинии

Post Views: 229 Комисијата за евалуација, на понудите што на повикот ги доставија авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс“ констатирала дека не ја доставиле пропишаната комплетна документација и го поништила повикот.Од страна на Комисија составена од членови од неколку државни институции се изврши евалуација на доставените понуди и притоа Комисијата констатира дека авиокомпаниите не ја доставиле комплетната документација пропишана во условите од јавниот повик. Согласно тоа, Комисијата донесе одлука за поништување на јавниот повик – соопшти попладнево...

Продолжи со читање

Актуелната криза ја продлабочува женската сиромаштија

Post Views: 333 Нервозно, беспомошно, депресивно и уплашено се чувствуваат жените соочени со ефектите од економската криза. Вакви одговори дадоа граѓанките на анкетата која ја спроведе ТВМ насловена „Кризата низ призмата на родовата еднаквост“. Сите анкетирани, без исклучок, одговориле дека ги чувствуваат последиците од економската криза, а 23,5 % одговориле дека значително ги чувствуваат ефектите од поскапувањата.На 73,5% од анкетираните инфлацијата им ги променила животните навики во домаќинството во поглед на задоволување на потребите за храна, греење, облека,...

Продолжи со читање

Жител на Требеништа пронајден починат во својот дом

Post Views: 350 На 09.02.2023 година во 13:50 часот, во СВР Охрид пријавено е дека, во својот дом во селото Требеништа, општина Дебрца, пронајден починат е М.Л.(63) од истото село.Екипа од итната медицинска помош констатира смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Нацрт Закон за прогласување на Охридско езеро за споменик на природата

Post Views: 890 Во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа работна средба со преставници на невладините организации, во насока на отпочнување со активности за донесување на Нацрт на Закон за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата.Заменик министерката Христина Оџаклиеска во своето воведно обраќање се осврна на важноста од донесувањето на овој Нацрт закон за Охридското Езеро, согласно препораките на УНЕСКО, за да се овозможи заштита, зачувување и одржливо користење на природните вредности на...

Продолжи со читање

Романската православна црква ја призна афтокефалноста на МПЦ-ОА

Post Views: 417 Светиот синод на Романската православна црква донесе одлука за признавање на афтокефалноста на МПЦ-ОА според томосот издаден од СПЦ на 5 јуни 2022 година.Според вчерашната одлука на Синодот на Романската православна црква, што ја пренесува црковниот сајт orthodoxtimes.com, признавањето е под името „Архиепископија Охридска и на Северна Македонија, со седиште во Скопје“, а поглаварот се именува со „Негово Блаженство, Стефан, Архиепископ Охридски, Скопски и на Северна Македонија“.Порталот orthodoxtime.com пишува дека со одлуката да го признае српскиот...

Продолжи со читање

Конкурс за книжевна награда за најдобра детска песна Тоде

Post Views: 282 Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и другите уметности „Креативна верига“ објави конкурс за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“, во чест на поетот и писател за деца, Тоде Илиевски.Жирито во состав: Горјан Петревски, Николина Андова Шопова и Живко Грозданоски, ќе ги издвои трите најдобри песни, за кои се предвидени и парични награди:9 000 денари – I место;6 000 денари – II место;3000 денари – III место.На 7 март се полнат 71 година од раѓањето на Тоде Илиевски, поет и писател за деца и млади, хуморист, сатиричар,...

Продолжи со читање

Мој термин

МЗ : Мој термин функционира непречено

Post Views: 371 Од Управата за електронско здравство информираат дека националниот систем за електронска евиденција во здравството, „Мој термин“, функционира непречено.Пациентите можат континуирано да се лекуваат во сите здравствени установи и матичните лекари можат да вршат секојдневни прегледи, да издаваат упати и рецепти, кои се подигнуваат во аптеките без застој – се наведува во соопштението.

Продолжи со читање

Кривична за четворица прилепчани кои узурпирале плажа во Љубаништа

Post Views: 428 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ц.Б.(64), М.И.(67), П.С.(41) и Б.Р.(63), сите од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено казнено дело „узурпација на недвижности”.Тие, на 19.08.2022 година, во атарот на охридското село Љубаништа, неовластено зазеле плажа покрај брегот на Охридското Езеро во државна сопственост и без одобрение од надлежен државен орган, противправно поставиле камп единица, составена од шатори, камп приколки и моторни возила адаптирани за кампување – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на МВР

Post Views: 355 Деновиве во МВР пристигнале пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на министерот за внатрешни работи, во соработка со полициската канцеларија на Европол, во која во вид на повик за појавување во суд од страна на Сектор за прекршоци, во која примачот на пораката се известува дека е предмет на наводни правни постапки за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено. Притоа, примачот на пораката се повикува да го контактира испраќачот преку вибер линк.МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од...

Продолжи со читање

20 милиони евра од граѓаните преку ПЦР тестови заработило приватното здравство

Post Views: 280 Државниот завод за ревизија го објави конечниот извештај од извршената ревизија на усогласеност на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО).Ревизорите забележале дека поради одредени слабости 19,9 милиони евра пари од граѓаните за три години во пандемијата, дадени за ПЦР тестови, се прелеале во приватното здравство. Утврдена е застарена и амортизирана серверска структура во фунционирањето на Фондот. Исто така, дека има недостиг на ИТ – кадар и стратегија, што пак се потврди деновиве, со хакерскиот напад врз сајтот на ФЗО.Ревизорите утврдиле уште...

Продолжи со читање

Струшката болница доби современ апарат за скрининг на рак на дојка

Post Views: 434 По пауза од 5 години во Општата болница во Струга повторно ќе се прави мамографија на дојка. Струшката болница денеска доби современ апарат за скрининг на рак на дојка. Во просек од 2 до 4 случаи од 1000 скрининг мамографии покажуваат рак на дојка, а во 8 до 10% од случаите потребни се биопсии за дијагноза, истакна директорот на болницата Арменд Арслани.Мамографот којшто е инсталиран во болницата е современ, со ниска доза на зрачење, со контролирана компресија и висока резолуција на графиката. Со овој апарат ќе обезбедиме здравствени услуги за пациентите од...

Продолжи со читање