Автор: инфодеск
Views: 141 Наша сограѓанка која често поминува на Туристичка, ни прати видео на кое се гледа како тротоарите кои се наменети за пешаците, посебно во делот во близина на градскиот пазар, се окупирани со возила, и се жали како со количка со бебе не е безбедно да помине.– Еве како ние со количка поминуваме кај улицата после пазарот, истата песна е и од другата страна цел тротоар фатен со коли од пералната. Срамота и мизерно е ова, не дај Боже да си лице со посебни потреби, ни пиша нашата сограѓанка.
Крушево и Македонија го слават 44-тиот роденден на Тоше
Views: 104 Македонската легенда, великанот Тоше Проески, денес на 25 јануари, ќе дуваше 44 свеќи на тортата. Во Прилеп на денешен ден е роден Тоше Проески – музичар, миленик на бројни генерации. Музичката кариера ја започнал со настапот на „Мелфест“ во 1997 година. Денес на Гумење во Крушево во 12 часот ќе се одржи програма насловена „Ангел си ти,“ посветена на 44-тиот роденден на македонската музичка икона Тоше Проески, кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година, кај Нова Градишка, Хрватска.Министерот за култура и туризам, Зоран...
Почина Архиепископот на Албанската православна црква Анастасиј
Views: 77 Утрово, на 95 годишна возраст почина Архиепископот на Албанската православна црква Анастасиј. Тој почина во атинската болница, каде се лекуваше поради критичната здравствена состојба.-Со неуморна ревност и пожртвувана служба повеќе од три децении, Архиепископот Анастасиј, по избор и со благослов и заложби на Сесветиот Вселенски Патријарх г. г. Вартоломеј, ги положи и ги зацврсти темелите на црковниот живот, изгради стотици свети храмови, ја воскресна пастирската служба, основа образовни и филантропски институции и едуцираше ново, посветено свештенство. Тој беше вистински...
Утрото магловито, после пладне сончево
Views: 72 Претпладне со појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, особено на повисоките места и на планините, поради што висината на снежната покривка и понатаму ќе се намалува. По котлините ќе биде магливо и постудено. Локални врнежи од дожд се очекуваат во среда.Во Охрид денес температурите во интервал од 1 до 12 степени Целзиусови.
Маратонско судење против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко
Views: 82 Во Основниот суд во Струга денес рочишта за седум судски предмети против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Пет се однесуваа за незаконско поставување на директори на училишта, Одбраната остана на ставот дека немало никакви неправилности при именувањето на директорите. Сведочеше поранешниот министер за образование од ДУИ Јетон Шаќири.„Во конкретниов случај кога бев министер за образование и наука, тоа може да се потвди и од Секторот за основни и правни работи не е доставен кај мене целосен извештај, поради тоа што во комплетирање на документација или нешто...
Во земјава сè уште е ниска свеста за органодарување
Views: 71 Органодарителството во земјава се уште е во зародиш. Свеста е ниска и нема доволно донори. Дарувањето органи се смета за хуманост без граници, во моменти кога се губи најмилиот, да се носи одлука да се дари живот некому кому лекарите му прогнозирале месеци или денови до смртта.Во земјава има неформален список од лица кои се изјасниле дека сакаат да бидат органодарители во случај на смрт, но и покрај таква изјава согласно законот последната одлука ја носи најтесното семејство.„Многу малку се зборува на оваа тема, во земјава има закон за трансплантации според кој сите ние...
Српските студенти денеска започнуваат генерален штрајк
Views: 77 Српските студенти денеска започнуваат генерален штрајк, воедно повикувајќи на „општа граѓанска непослушност“. Граѓаните ќе го поддржат штрајкот со тоа што нема да одат на работа, на предавања и нема да ги извршуваат секојдневните обврски.Најавено е дека во 11:52 часот на повеќе локации во Србија ќе продолжи оддавањето почит кон загинатите во несреќата на железничката станица во Нови Сад, по што ќе се одржи генерален штрајк.И адвокатите денеска ќе започнат тридневен прекин на работа, кој ќе трае до 26 јануари, поради прекршување на владеењето на правото и закана за...
Охридскиот кардиолог д-р Сци-Мед Никола Бакрачески започна со прегледи и дијагностички испитувања во кардиолошкиот оддел на Плодност Интермед
Views: 196 Доц. д-р Сци-Мед Никола Бакрачески веќе започна со прегледи и дијагностички испитувања во кардиолошкиот оддел на Плодност Интермед, како што велат од болницата привлекувајќи големо внимание од страна на пациентите и потребата од кардиолошка грижа.– Со помош на огромното искуството и врвната професионална експертиза на д-р Бакрачески, во координација со д-р Елена Шишковска Степановска се изведуваат ехокардиографија (трансторакална и трансезофагеална) и други напредни кардиолошки дијагностички испитувања, со кои овозможуваме прецизна проценка на срцевата функција и...








