Автор: инфодеск
Post Views: 357 Во четврток на 23-ти февруари со почеток во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“, неверојатното шоу „Да болиТ“ со кое Никола Тодороски направи турнеја низ целата држава за последен пат во живо во Охрид.Во секоја секунда од секој ден на секого му се случува нешто Да БолиТ. Си се споредил со некој подобар – Да БолиТ. Другарка ти се мажила ти не – Да БолиТ. Другар ти замина странство ти не – Да БолиТ. Ти замина странство другар ти не – Да БолиТ. Уште живејш со родители и сите дома вкупно имате 1947 години – Да БолиТ....
Приведен крадец во Струга
Post Views: 410 Во Струга во 03:50 часот на улица „Скопска“, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода М.Р.(28) од Република Албанија, информираат од МВР.Тој бил затекнат при излегување од куќа, каде што претходно извршил тешка кражба, при што одзел пари и разни предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Бројот на загинати во Турција и Сирија надмина 17 000
Post Views: 402 Според податоците на властите од Турција и во Сирија, бројот на загинати сега изнесува најмалку 17.176.Бројот на жртви во Турција се искачи на 14.014 – рече турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во текот на посетата на погодените подрачја во јужниот град Газиантеп.Вкупниот број на смртни случаи во Сирија изнесува најмалку 3.162, вклучувајќи 1900 во подрачјата кои се под контрола на бунтовниците на северозападниот дел, и 1262 смртни случаи кои се под контрола на Владата.
Земјотрес почувствуван во Охрид
Post Views: 326 Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала денеска во 11:57 часот е регистриран во близина на албанскиот град Елбасан. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 11 часот и 57 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.9 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Преспа, Охрид и околината.Како што јавуваат читатели на твм.мк, земјотресот бил почувствуван и во околината на маастирскиот комплекс Св. Наум, Љубаништа, но и во соседна...
Ги запознаваме ретките болести : Канаванова болест
Post Views: 325 Канавановата болест за првпат била опишана во 1931 година од страна на американскиот патолог и истражувач д-р Миртел Канаван. Во својот труд, го опишала случајот на дете кое починало на 16-месечна возраст чиј мозок имал сунѓерестобел дел. Д-р Канаван била првaта којашто го идентификувала ова дегенеративно нарушување на централниот нервен систем, кое подоцна било именувано во нејзина чест.Канавановата болест е најчестото невролошко дегенеративно нарушување во детството. Претставува болест од групата генетски нарушувања наречени леукодистрофии, што доведува до...
До недела сончево и студено време
Post Views: 337 Во следните два дена ќе се задржи претежно сончево време со ниски утрински температури, кои во сабота ќе се спуштат и до -13 степени.Во недела ќе има зголемување на облачноста и услови за провејување на слаб снег на планините и на повисоките места. Од понеделник времето ќе биде стабилно со пораст на утринските и дневните температури, соопшти УХМР.
Вработените во ООУ Св. Климент Охридски со поддршка за ретките
Post Views: 313 Во знак на поддршка на лицата со ретки болести, вработените во ООУ ,, Св. Климент Охридски” – Охрид и директорот на училиштето Јордан Пуроски, ги обоија своите раце во боите на ретките болести.Тие испраќаат порака дека не треба да ги нагласуваме различностите туку заедно да изградиме подобра училишна средина и да го направиме училиштето подобро место за сите нас.Ако сонуваме сами, сонот останува само сон, но ако сонуваме заедно, еден ден сонот ќе стане реалност – гласи пораката на вработените во ООУ „Св. Климент Охридски“.
Охридските стрелци настапија на меѓународен куп во Србија
Post Views: 306 На самиот старт на натпреварувачката сезона, стрелците на ,,СК Охрид” и ЖСК ,,Лихнидос”, настапиjа на меѓународниот Куп ,,Војводина 2023″ во Нови Сад, Р. Србија.Истите зедоа учество во двата натпреварувачки дена, во поединечна конкуренција и Mix team. Во категорија на јуниори – пушка, Бојан Спасеновски, со резултат од 612.1 круг се пласира на 7-мата позиција, од вкупно 12 натпреварувачи, односно 11-то пласиран од вкупно 19 натпреварувачи во севкупен пласман – мажи. На истиот му недостасуваа само 5 круга за влез во финале. Во...
Претрес во Охрид, пронајдени оружје и муниција
Post Views: 481 На 08.02.2023 во 16.15 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.Т.(36) од Охрид.При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Sigsauer“ калибар 9 милиметри со рамка од осум куршуми, 454 куршуми за пиштол од различен калибар, ловечка пушка „Simson Suhl“, 21 куршум за ловечка пушка и една рачна граната.Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Финансиска донација, прв акт на солидарност
Post Views: 239 Во моментов, како прв одговор за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, максимален придонес се постигнува со донирање финансиска помош. Црвениот Крст веднаш по елементарната непогода ги активира механизамите со понуда за помош. 24 часа е отворена транскакциска смета и телефонски број за донации на парични средства од граѓани и правни лица. Сашо Точков, Претседателот на Црвен Крст Охрид, вели дека се во комуникација со Црвената полумесечина на Турција и со Сириско-арапската полумесечина. Од нив се очекуваат барања за конкретни...
Благојче Илиевски ја загуби битката со цистична фиброза
Post Views: 405 Најтешко болниот пациент од реткото заболување цистична фиброза, Благојче Илиевски починал. Веста ја потврдија од Здружението за цистична фиброза. Илиевски беше дел од Асоцијацијата која се бори за државата да го набави лекот „Трикафта“.Згасна еден живот- згасна еден свет! Асоцијацијата за цистична фиброза со преголема тага и скршеност известува дека денеска изгуби еден свој соборец, кој до последен здив веруваше дека ќе ја дочека новата терапија со Трикафта, надеж која заедно со него ја крепевме со последните атоми, стотина пациенти во државата, главно...
Жител на струмичко село ширел говор на омраза на фејсбук
Post Views: 230 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.П.(37) од струмичкото село Секирник, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.Тој, по објава од еден портал на социјална мрежа фејсбук, постирал коментар со недолична и заканувачка содржина со што промовирал и поттикнувал омраза и насилство – се вели во соопштението на СВР Охрид.
