Автор: инфодеск
Post Views: 370 По повод 8-ми април – Меѓународниот ден на Ромите, градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до припадниците на ромската заедница.Меѓународниот ден на Ромите не потсетува дека почитувањето на различностите е нашата најголема сила кон остварување на заедничките стремежи за подобра иднина на новите генерации. Ромската заедница со својата културолошка уникатност е значајна алка во сите општествени процеси и многу важен дел од мултиетничкото живеење во Охрид и Македонија.Посакувам заедно да продолжиме да ја негуваме толеранцијата, да ги надминуваме...
Денеска е Лазарова сабота, ден пред Цветници
Post Views: 438 Лазарова сабота или Лазарици или Лазаровден — еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус којшто е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден.На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го...
Решенија за субвенционирање на трошоци за комунални услуги
Post Views: 382 Општина Охрид врши обезбедување на правото на остварување на социјална заштита на граѓаните, од средствата на Буџетот на Општина Охрид, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици.За таа цел беше објавен Јавен повик за поднесување на барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги.Решенијата може да ги погледнете на следниот линк
Собраните средства од хуманитарните паркинзи донирани на Центарот за аутизам
Post Views: 248 Финансиските средства кои беа собрани во рамки на проектот „Хуманитарни паркинзи“ реализиран од страна на ЈП „Билјанини Извори“ и Општина Охрид, денеска беа донирани на Центарот за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“, кој функционира во охридската Општа болница.Се работи за износ од 62.420 денари и истиот бил наплатен од двете хуманитарни паркинг места на улица „Кеј Македонија“, со кој претпријатието располагаше во период од 20.07.2022 до 31.12.2022 година. Одлуката за доделување на средствата ја донесе Управниот...
Годишнина од смртта на Благојче Крстаноски
Post Views: 505 По повод годишнината од загинувањето на македонскиот бранител Благојче Крстаноски, делегација на Општина Охрид денеска положи свежо цвеќе на неговото спомен обележје во селото Ливоишта.Благојче Крстаноски бил македонски бранител и професионален војник во АРМ. Загинал на 7 април 1999 на самата граница од снајперски оган од косовска страна. Тој бил првата жртва на вооружените сили во независна Македонија, чесно и пожртвувано извршувајќи ја својата должност во одбрана на својата татковина.Благојче Крстаноски е посмртно одликуван со медалот за...
Свежо цвеќе во чест на Методи Патчев
Post Views: 547 Делегација на Општина Охрид, денеска положи свежо цвеќе на спомен обележјето на Методи Патчев во градскиот парк, по повод годишнина од неговата смрт.Свежо цвеќе положија и членови од фамилијата Патчев, претставници од Општинското основно музичко училиште „Методи Патчев“, од Здружението што го носи неговото име, од Сојузот на борци на Република Македонија и претставници на политички партии.
Пред велигденските празници АХВ ги засили инспекциските контроли
Post Views: 268 По налог на директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, инспекциските служби на АХВ пред велигденските празници спроведуваат засилени инспекциски контроли на продажбата на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи. Налог е издаден и за засилување на инспекциските контроли на граничните премини за пратките со јајца кои се увезуваат во земјава, каде акцент со контролите е ставен на датумот на пакување и означување, временскиот рок на траење, кој за овој производ не смее да биде подолг од 28 дена, односно за јајцата...
Препознавање и справување со семејно насилство
Post Views: 407 Во просториите на Здружението на глуви и наглуви лица во Охрид, се одржа предавање на тема ,,Препознавање и справување со Семејно насилство”.Предавањето беше во организација на Женски Центар ,,Бисера” од Охрид и Локалната агенција за развој од Струга, во рамките на проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи”. Предавањето го водеше Ирина Трајаноска.Проектот е координиран од Црвениот крст на Република Северна Македонија и Црвениот крст на Србија и поддржан од...
Со дуално образование ќе се надополнува недостигот на кадар
Post Views: 512 Со дуално образование Струга ќе го надополнува недостигот на кадар на пазарот на трудот. Пекари, слаткари и текстилци се едни од најбараните стручни кадри.Стручното училиште „Нико Нестор“ преку практична настава во компаниите, во текот на четиригодишното образование ги подготвува учениците да може да одговорат на потребите на пазарот.Практичното работење во една компанија сите четири години практичната настава ја изведува во истата компанија. Предност за компанијата односно најголемата придобивка за компанијата е тоа што после четири години добива...
Бакарната уметност од рацете на охриѓанката Ленче
Post Views: 325 Дваесет и три години, охриѓанката Данче Наумоска, изработува предмети од бакар. Дел од нејзиното творештво чинат најразлични предмети, рељефни слики, во последно време и накит. Наумоска работи во најразлични техники, патинирање, посребрување, позлата, рељеф, потоа користи бои, се со цел нејзиниот краен производ да биде скроен по желба на купувачот. Вели, уникатноста е начинот на кој може да се опстои во време кога сите купуваат производи онлајн. Данче изработува и бакарен накит, иснпирацијата биле флората и фауната од Охридското езеро.Моите производи се...
Приведени две лица од Велгошти
Post Views: 279 На 07.04.2023 во 01:25 часот, на локалниот пат за охридското село Велестово, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода А.Д.(29) од Охрид и С.К.(26) од охридското село Велгошти.При контрола на патничко возило „фиат пунто” со охридски регистарски ознаки, во кое се превезувале, кај нив пронајдена и одземена е марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Охридско лето со Велигденски концерт Воскресение твоје
Post Views: 267 Националната установа „Охридско лето“ организира Велигденски концерт „Воскресение твоје“ со Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“ од Скопје. Концертот ќе се одржи на 12 април во црквата „Света Софија“ во Охрид со почеток во 20 часот.„Св. Злата Мегленска“ преку своето 27-годишно континуирано работење стана хорски расадник и културен храм каде со огромна љубов и посветеност ги поттикна и ги стави во функција сите хорски состави на афирмирање на православната хорска музика ширум светот.„Св. Злата Мегленска“ во јавноста се промовира како културен...