Skip to main content

Автор: инфодеск

Зоран Ногачески

Градоначалникот на Општина Дебрца со преглед на реализираните инфраструктурни проекти и активности

Views: 136 По изминувањето на трите години од вториот градоначалнички мандат, градоначалникот Зоран Ногачески даде преглед-потсетување на поголемиот дел од реализираните инфраструктурни проекти и активности, извршени во периодот од 04.11.2021 до 31.12.2024 година.Реконструкција ( замена на метални цевки со нови полиетиленски фи 300 ) на дел од водоснабдителен систем “Св.Еразмо”, во должина 180 метри, вредност 3.782.826 денари.ОРОВНИКРеконструкција и адаптација на влезниот дел од училишната зграда, вредност 587.300 денари,Асфалтирање на три улици, во должина од 900...

Продолжи со читање

Денес го празнуваме споменот на Свети Григориј, епископ Ниски

Views: 71 Брат на светиот Василиј Велики. Најпрво беше презвитер, зашто беше оженет, а кога умре жена му, блажената Теозва, го избраа и го посветија за епископ во Ниса. Се одликуваше со огромна светска ученост и духовен опит. Учествуваше на Вториот Вселенски Собор. Се мисли дека тој го составил вториот дел од Символот на Верата. Голем беседник, толкувач на Светото Писмо и богослов. Заради поразот што го претрпеа од него, аријанците се имаа особено настрвено против него како кон страшен противник, па во времето на царот Валент, нивниот едномисленик, успеаја да го симнат од епископската...

Продолжи со читање

Променливо облачно со сончеви периоди

Views: 51 Променливо облачно со сончеви периоди почести во источните делови и со слаб југозападен ветер. По котлините ќе има појава на магла и ниска облачност која во текот на денот ќе слабее. Во котлините со магла дневната температура ќе остане преку денот само до неколку степени над нулата.Температурите во Охрид ќе се движат во интервал од 2 до 8 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Нов судски скандал: по пресуда во охридскиот суд, доказ за поткуп кај членови од Апелација

Views: 117 Порталот ВЕЧЕР објави за случај на намера за, како што пишуваат, “обработка“ на судскиот совет и судии од Апелација во Битола за да укинат пресуда од Основен суд Охрид и пресудат во полза на страната која пред охридскиот суд ја загубила парницата. Според написот станува збор за бракоразводна парница и решение за додела на малолетно дете на еден од родителите. Во текстот се тврди дека редакцијата на Вечер поседува докази и видео снимка за обид за влијание врз Апелација во Битола.Целосниот текст може да се прочита на линкот.Извор: ВЕЧЕР

Продолжи со читање

Општина Охрид

Општинската сала ќе се користи со надомест

Views: 83 Големата сала на Општина Охрид ќе се користи со надомест согласно одлуката на Советот и донесениот Правилник од 04.12 2024 година.  Како корисници на салата , може да се јават:Здруженија на граѓани, фондации, други правни субјекти и организации, политички партии, организатори на комерцијални настани, организатори на изложби, промотори на книги, работилници, обуки како и лица кои склучуваат граѓански брак.Висината на надоместокот за користење на големата сала е следна:Здруженија на граѓани, фондации, други правни субјекти и организации, политички партии,...

Продолжи со читање

Аеродром Скопје

Од Скопје ќе се лета и до Женева и Париз

Views: 103 Од Министерството за транспорт информираат дека од Меѓународниот аеродром Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии и тоа: Скопје -Женева и Скопје – Париз (аеродром Орли).Овие две дестинации се воведуваат на барање на дијаспората, а ќе ги оперира авиокомпанијата Изиџет со тоа што линијата Скопје – Париз ќе започне да се оперира од 2 април, додека линијата Скопје -Женева од 3 ноември, оваа година.Со овие две нови линии се зголемува бројката на 9 нови дестинации кои ги обезбеди Министерството за транспорт. Претходно се потпишаа договори за воведување на авио линии до...

Продолжи со читање

Младите од најмали нозе треба да се учат на рециклирање и селектирање отпад

Views: 112 Во четири охридски училишта се спроведува проектот Училишта без пластика. Формирани се еко секции и се работи на еколошка едукација и подигнување на свеста за рециклирање и селекција на отпадот. Целта на проектот е создавање одржлив систем за селектирање пластика, метал и ситен електронски отпад.Во училиштата честопати се спроведуваат собирни акции на пластични шишиња, но и креативни акции „од отпад создавање дела“.„Од осум училишта мометално во четири се спроведува програмата најавено ни е петто училиште кое ќе биде дел од нашето еко друштво. Поентата на еко секциите е...

Продолжи со читање

Се санира и реставрира „Куќата на Робевци“

Views: 75 Во тек е санација и реставрација на споменичниот комплекс Куќата на Робевци, еден од најзначајните објекти во Охрид како репрезент на охридската архитектура каде е сместена богата колекција на археолошки и етнолошки предмети. Зафатите започнаа кон крајот на минатата година, а се очекува да бидат завршени до март годинава.Станува збор за еден од најголемите проекти на НУ Завод и музеј – Охрид, за кој досега Министерството за култура има издвоено три милиони денари. Целта е Куќата на Робевци, магазата, депото и Лапидариумот да се сочуваат од забот на времето и да се...

Продолжи со читање