Автор: инфодеск
Views: 97 Општина Охрид преку Одделението за култура надлежно за спомен-обележјата на подрачјето на општина Охрид, нивна санација, реставрација, чистење и одржување го реализираше проектот Дигитализација на споменици и спомен-обележја.Во периодот на месец октомври и ноември 2024 година, направен е увид на 20 спомен обележја во општина Охрид. Наведените спомен обележја се дигитално мапирани и за истите е подготвен текстуален опис кој ги содржи општите информации и карактеристики за споменичните целини, како и фотографии од моменталната состојба. Со изработка на оваа дигитална...
Денес седница на Управувачкиот комитет за координација на системот за управување со кризи
Views: 70 Денес во просториите на Центарот за управување со кризи ќе се одржи седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи. На седницата ќе бидат разгледани согледаните слабости на системите за управување со кризи, за заштита и спасување и за противпожарна заштита, како и предлозите за нивно надминување.Со седницата ќе раководи министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, а ќе присуствуваат и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и раководителот на Групата за...
Во тек се уписите во Центарот за развивање на животни вештини – БРЕИНОБРЕИН
Views: 58 Во тек се зимските уписи во Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид за деца од 4-14 годишна возраст. Заинтересираните лица може да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.Детални информации за оваа програма заинтересираните ќе можат да добијат на отворениот ден за Бреинобреин...
Јавен повик за еднократна финансиска поддршка за лице кое е згрижено во згрижувачко семејство
Views: 103 Врз основа на член 22 став 1 точка 7, член 50, став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02), член 15 став 1 точка 7, член 34 став 1 точка 15 од Статутот на општина Охрид, како и програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2025 година, Градоначалникот на општина Oхрид објавува:ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЕДНАКРАТНА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ЛИЦЕ КОЕ Е ЗГРИЖЕНО ВО ЗГРИЖУВАЧКО СЕМЕЈСТВО НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ОХРИД.Повеќе информации на линкот.
Денес го празнуваме споменот на Свети Филип, митрополит Московски
Views: 66 Денес, 22 јануари, го празнуваме споменот на Свети Филип, митрополит Московски.Роден е на 11 февруари 1507 година. Еднаш, како млад, стоејќи в црква слушна како свештеникот чита од Евангелието: „Никој не може да им служи на двајца господари“, се уплаши од овие зборови како да му се обраќаат исклучиво нему, во тој миг се просветли и замина во Соловецкиот манастир, каде што после долготрајно и тешко искушеништво се замонаши. Со време стана игумен, заблеска како сонце, и целата руска земја слушна за него. Затоа, царот Иван Грозни и го доведе на испразнетото место на митрополитот...
Променливо облачно со сончеви периоди
Views: 67 Променливо облачно со сончеви периоди. По котлините ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во југоисточните од северозападен правец.Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со пораст на дневната температура. По котлините ќе се задржи магливо и постудено со пониска дневна температурата. Локални слаби врнежи од дожд се очекуваат во петок, информираат од УХМР.Во Охрид денес температурите ќе се движат во интервал од 3 до 8 степени Целзиусови.
ССМ: Минималните трошоци од синдикалната кошница растат, платите треба да се зголемат за најмалку 20%
Views: 121 Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во јануари изнесуваат 63 252 денари и се зголемени за 391 денар во однос на декември. Во делот за храната и пијалоците, за 63 основни производи содржани во синдикалната минимална кошница се бележи зголемување од 123 денари. Ова го покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија објавени на прес конференција на тема дали новогодишната кошничка ги дала посакуваните ефекти.Загрижува податокот што за 12 месеци, односно од почетокот на минатата година досега минималните трошоци во делот на храната и пијалоците се...
Се распаѓа некогаш репрезентативниот Еврохотел во Струга
Views: 238 Руиниран апартманскиот комплекс на струшкото крајбрежје, познатиот „Еврохотел” се распаѓа. Новата управа на заедницата со низа обвинувања кон поранешниот управител. Велат, оставил нефункционален покрив од кој протекува во апартманите, распаднати заеднички простории полни со ѓубре, ограбени ресторани, шанкови и останати простории. Обвинуваат за комплетна негрижа за објектот.-Како оставштина ни остави да кажеме еден руиниран објект со еден куп проблеми. Од нефункционален кров од еден куп правни имотни...








