Автор: инфодеск
Post Views: 315 На 05.04.2023 во 21:40 часот, Д.Ј.(50) од Охрид пријави дека, во кругот на средно училиште во Охрид, неговиот малолетен син бил физички нападнат од тројца малолетници.Се преземаат мерки за расчистување на случајот – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Промоција на туристичките потенцијали на охридско-струшкиот регион на саем во Тирана
Post Views: 279 Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот е учесник на Expo tourism -интернационален саем за туризам во Тирана.Заедно со општина Струга од 6-ти до 8-ми април ги промовираат туристичките потенцијали на охридско–струшкиот регион и новите концепти на туристичка понуда во државава.Овој саем е еден од најважните настани на регионалниот туризам, кој има за цел да ја охрабри соработката и промоцијата на туристичките дестинации преку трговија, конференции и B2B средби – информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот....
Вечерва премиера на претставата Мали vs Голем
Post Views: 692 Вечерва со почеток во 20 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде изведена премиерата на театарската претстава „Мали vs ГОЛЕМ“ во изведба на детското драмско студио „ДрамаКидЗ“.Оваа претстава претставува коавторско дело на драматургот Кристина Тодороска Петреска и режисерот Ирена Стеријовска. Обработува теми од секојдневието на младите личности нивниот глас и размислувања, наспроти образовниот систем и воопшто светот на возрасните.Исклучително сум изненадена и почестена сум што имав можност да работам со толку талентирани деца. Со Тинка...
Велигденски базар на плоштадот Крушевска Република
Post Views: 553 ЈП „Градски Пазар“ заедно со Општина Охрид на ден 13.04.2023 година (Величетврток), со почеток во 11 часот, на плоштадот Крушевска Република, го организира седмиот по ред Велигденски базар.Ги повикуваме сите заинтересирани производители и продавачи да земат учество на базарот со изложување на своите велигденски украси и сувенири како и традиционални македонски специјалитети (ѓомлезе, питулици, торти, колачи). Сите заинтересирани производители и продавачи, своето учество на базарот можат да го пријават во административните простории на ЈП Градски пазар...
Студенскиот дом во Охрид нема да се реконструира етапно
Post Views: 307 Реконструкцијата на државниот студенски дом „Никола Карев“ во Охрид нема да биде етапна како што првично се планираше. Студентите и вработените за време на градежните зафати ќе треба да се дислоцираат за што се очекуваат насоки од МОН. Ќе се реконструира целата зграда, а ќе се менува како екстериерот, така и ентериерот на објект, мебелот и апаратите. Станува збор за сериозен инфраструктурен потфат, за чијашто реализација ќе треба време. Очекуваните резултати се значително подигање на квалитетот на животот на студентите во домот.Откако се направија анализите...
Градоначалникот Пецаков приреди Ифтарска вечера
Post Views: 260 Во пресрет на големиот празник Рамазан Бајрам, градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков, приреди Ифтарска вечера за граѓаните со муслиманска веросиповед. Ми претставува особена чест и задоволство што во духот на заедништвото и взаемното почитување, ја организираме оваа традиционална Ифтарска вечера, со цел да испратиме порака за поголема хуманост и солидарност. Рамазанскиот пост ги буди и ги поттикнува најголемите човечки вредности и ни дава поука дека добрите дела се основен предуслов за мир и благосостојба. Нека овој свет месец ви донесе радост,...
Прекинат Јавниот повик за субвенционирње на клима уреди
Post Views: 408 Општина Охрид ја известува јавноста дека поради големиот интерес и целосно исцрпување на предвидените средства од буџетот на општина Охрид, се прекинува Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување-инвертер клима уред за 2023 год.
Субвенции за набавка на инвертер клима уреди
Post Views: 1.679 Општина Охрид со цел да ги стимулира жителите на општината (домаќинствата) за примена на посовремени уреди за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината, на жителите кои имаат купено посовремен уред за затоплување – инвертер клима уред во 2023 година ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на уредот во висина од 50%, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.Повеќе информации на следниот линк
Во сабота промоција на книгата Приче из нашег млина
Post Views: 191 Во сабота на 8-ми април во големата сала на Општина Охрид со почеток во 12 часот ќе се одржи промоција на книгата „Приче из нашег млина“ од авторките Бранка Дувњак и Славица Галиќ, во издание на реномирана издавачка куќа „Медицинска нaклaдa“од Загреб, Хрватска.Настанот е во организација на Црвен крст Охрид, во соработка со Културно Информативниот Центар на Македонија во Загреб, Хрватска и Oпштина Охрид.Ова е книга за школата за медицински сестри Млинарска во Загреб – прва во земјата во тоа време, за годините на нивното образование, за...
Охриѓанец повреден со остар предмет
Post Views: 314 На 05.04.2023 година во СВР Охрид, пријавено e дека во 02:40 часот, во Општата болница во Охрид, со повреди бил донесен А.Ј. од Охрид.Според пријавеното, тој бил повреден при физички напад со остар предмет во угостителски објект во Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Отворена лабораторија во НП Галичица
Post Views: 541 Во рамки на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, а спроведуван од страна на Exploring Society “Ursus Speleos” //\\ Истражувачко Друштво “Урсус Спелеос” и Црвен крст Охрид, во просториите на Јавната Установа Национален парк Галичица во Охрид денеска беше отворена лабораторија наменета за надополнување на активностите во полето на еколошка едукација и надополнување...
Казнети 17 возачи во Охрид, 55 во Струга
Post Views: 282 На 04.04.2023 во периодот од 12 до 18 часот, на подрачјето на СВР Охрид спроведени се засилени сообраќајни контроли.Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 89 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-17, Струга-55, Кичево-13, Дебар-04) – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.