Автор: инфодеск
Views: 79 Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата повторно се враќа во собраниска процедура во рамки на денешната 31.седница, откако претходно претседателката Гордана Сиљановска Давкова не го потпиша указот за прогласување на Законот.Законот беше изгласан на 24 декември во рамки на 27-та пленарна седница, со обично и Бадинтерово мнозинство. Со непотпишувањето на Указот, законските измени се враќаат во Собранието, а доколку повторно бидат изгласани, претседателката ќе биде должна да го потпише Указот. Амандмани предложени од Левица бараат во член 9 став...
Љутков: Театрите ќе добиваат однапред делегиран буџет
Views: 91 Министерот за култура и туризам Зоран Љутков најави дека ќе се промени начинот на финасирање на програмските активности на Центрите за култура и театрите во Македонија. Наместо како што беше досега, да добиваат финансии поединечно за претстава за која конкурирале по јавниот повик за програми на Министерството за култура, тие ќе добиваат одредена сума на средства, со кои тие ќе работат во текот на годината.„На тој начин и самите менаџери на институциите ќе носат многу поголема одговорност кон програмата. Дали ќе се формираат како уметнички Совет, дали ќе има уметнички...
АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, снег на Буково, Ѓавато и Плетвар
Views: 86 Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет во утринските часови се бележат во Маврово и на планинските премини Буково, Ѓавато и Плетвар, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради појава на магла од 100 – 150м. има на патните правци Скопје – Тетово и Велес – Катланово. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ...
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Views: 90 Претпладне по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Преку денот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските, а со врнежи од снег на повисоките места и на планините. Врнежите ќе бидат со слаб, а во западните делови со умерен интензитет.Денес ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските, а снег на повисоките места и на планините. Врнежите ќе бидат со слаб, а во западните делови со умерен интензитет. Потоа во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините во претпладневните...
Во струшка Нефрологија недостигаат лекари и медицински персонал
Views: 139 Околу 25 лекари, медицински сестри, болничари и хигиеничари недостасуваат во Јавната здравствена установа Специјалната болница за Нефрологија Струга.И покрај дефицитот од медицински персонал, менаџментот вели дека успешно се справуваат со секојдневните предизвици. Очекуваат дека со најавата на Министерството за здравство за нови вработувања ќе се зголеми бројот на медицинскиот персонал, а со тоа и квалитетот на услугите.–„Имаме дефицит на лекари, медицински сестри, болничари, хигиеничари. Моментално бројот на вработени е 226, но имаме ветување дека набргу со...
Од полноќ поскапуваат горивата
Views: 115 Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,16 отсто во однос на одлуката од 17 јануари.Од 21.1.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС...
Започна вештачкиот мрест на охридската пастрмка
Views: 130 Во рамки на првата акција за вештачкиот мрест на Охридската пастрмка викендов беа изловени 63 полово зрели единки, а од нив се оплодени и инкубирани 70.000 икри, информираа од Државниот Инспекторат за земјоделство. Рибите кои беа уловени, на крајот на акцијата беа вратени во жива состојба во водите на Охридското Езеро.Активностите се одвиваа во соработка помеѓу Државниот Инспекторат за земјоделство и Хидробиолошкиот завод Охрид, а целосната програма е финансирана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.Инспекторите и понатаму ќе ги...
Поради поскапувањата Хрватите се спремаат за масовен бојкот на продавниците
Views: 80 Во Хрватска се шири повикот за масовен бојкот на продавниците поради рекордни цени. Со порака на социјалните мрежи се повикуваат граѓаните да не купуваат ништо во продавниците и бензинските пумпи во петок на 24 јануари.Во пораката која повикува на организиран бојкот на шопинг на 24 јануари се вели:„Одговорете на бојкотот! Не одете во продавници тој ден. Не купувајте ништо (освен ако не е итен случај). Одолејте се на силниот порив да купувате во име на повисока цел. Нека бидат (полу)празни дуќаните во петок 24.01.2025. За доброто на сите нас!“„Десет проценти од луѓето...








