Автор: инфодеск
Post Views: 380 На денешното судење охридското обвинителство ги презентираше материјалните докази меѓу кои и видео-снимка како доказ на која се гледа како три лица го тепаат Христијан Пендиков вечерта на 19 јануари во центарот на Охрид.Судијата Бојан Мартиноски, кој го води процесот, судењето го продолжи со изведување на материјалните докази. Од страна на обвинителството во судница беше пуштена и снимка од безбедносна камера од инцидентот на критичната вечер.На видео записот се виде како две лица тепаат едно лице. Кои се лицата допрва треба да се утврди. Впрочем за тоа...
Пожар на трска во близина на Подмолје
Post Views: 371 На 04.04.2023 во 18.35 часот, во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар на трска во крајбрежниот езерски појас во близина на охридското село Подмолје.Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица Охрид – информираат од СВР Охрид.
Прилепчанец ширел говор на омраза на фејсбук
Post Views: 327 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ц.Б.(38) од Прилеп поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.Тој по објава од еден портал на социјалната мрежа Фејсбук, напишал коментар со што промовирал и поттикнувал омраза и насилство – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Пендиков повторно не се појави во судница, обвинетиот Спасески не се чувствува виновен
Post Views: 436 Со воведните зборови, односно презентирање на обвинителниот акт од страна на обвинителството започна главната расправа во судскиот процес за претепувањето на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков, на 19-ти јануари пред угостителски објект.Првообвинетиот Илија Спасески, кој се товари за кривично дело „нанесување на тешки телесни повреди од омраза поради национална и етничка припадност“ се изјасни дека го разбира обвинението, но дека не се чувствува виновен.Оштетениот, Христијан Пендиков и денеска не се појави во судницата. Неговиот...
Мали против Голем
Post Views: 506 Утре вистинско театарско доживување за најмладата, но и за возрасната театарска публика во градов. Премиера на театарската претстава „Мали vs ГОЛЕМ“ во изведба на детското драмско студио „ДрамаКидЗ“, кое работи во рамки на НУЦК „Григор Прличев“. За многу работа, посветеност, но и за многу забава и многу нови другарства зборуваат младите актери возбудени пред вечерашната генерална проба и секако пред утрешната премиера. Велат, тешко не било ништо, а интересно им било буквално се.Инаку, „ДрамаКидЗ“ започна со работа од октомври 2022 година и брои 26 членови...
Зголемени цените на угостителските услуги
Post Views: 236 Цените на угостителските услуги во март во споредба со февруари годинава се зголемени за 0,5 проценти. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,2 проценти, Алкохолни пијалаци за 0,2 проценти, Безалкохолни пијалаци за 0,1 процент и Ноќевања за 1,7 процент.Во март годинава во однос на март лани цените на угостителските услуги се зголемени за 12,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.Податоците на ДЗС покажуваат дека во периодот јануари − март годинава во однос на истиот период од минатата година цените...
20 години детски фестивал Поточиња
Post Views: 386 На 13-ти и 14-ти мај во Македонска Филхармонија по јубилеен 20-ти пат, ќе се одржи детскиот фестивал „Поточиња“.Најавена е голема роденденска забава, а на репертоарот се нови 16 детски песни, заедно со пригодно јубилејно чествување со добропознатите хитови изведени на „Поточиња“.За атмосферата и изненадувањата ќе се погрижи незаменливиот водител – маскотата Поки ( актерот Мартин Јорданоски ).Билетите по цена од 300 денари се пуштени во продажба преку продажната мрежа МК Тикетс. Претставите се закажани во 11:00, 13:00 и 19:00 часот во двата дена.
Потпишан договор со ЕБОР за решавање на проблемот со цврстиот отпад
Post Views: 291 Стартува проектот за воспоставување на регионалните системи за управување со отпад во државата. Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова денеска потпиша договор со Европската банка за обнова и развој за грант средства обезбедени од Шведска агенција за меѓународна развојна соработка наменети за техничка поддршка за спроведување на проектот „Регионален проект за цврст отпад“.Реално започнуваме со имплементација на она што го најавувавме. Овој процес е многу значаен за државата бидејќи самиот проект опфаќа 5 региони, од кои во 4 досега...
Денеска облачно со слаби врнежи од дожд
Post Views: 293 Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, на планините и некои повисоки места врнежите ќе бидат од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.Утре времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во јужните делови претпладне ќе има локални врнежи од слаб дожд, на планините од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.Дневните температури ќе се движат од 3 до 14 степени.
Почна судскиот процес за Пендиков
Post Views: 349 Со изведување писмени и материјални докази денеска почна главната расправа од процесот што пред охридскиот Основен суд се води против Илија Спасески, првообвинетиот за нападот врз секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков.Претставник на Обвинителството на денешното судско рочиште го прочита обвинителниот акт, според кој првообвинетиот во предметот се товари за извршено кривично дело „нанесување тешки телесни повреди“, на што обвинетиот Илија Спасески пред Судот се произнесе дека не е виновен.Претставникот на одбраната, адвокатот Димитрија...
Свикана дваесет и шестата седница
Post Views: 377 Свикана дваесет и шестата седница на Советот на Општина Охрид на 11.04.2023 година (вторник) со почеток во 9 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.ДНЕВЕН РЕДПредлог-одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на Годишниот Извештај за спроведување на утврдените тарифи за одведување отпадни води за 2022 година на ЈП „Нискоградба“ – Охрид.Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за задолжување со наменски кредит на ЈП „Охридски Комуналец“ – Охрид.Предлог-одлука за разрешување член во Управниот одбор на...
Две можни, но различни визии за иднината на регионов се во игра
Post Views: 366 Две визии за зачувување на природното и културното наследство кое ни е оставено како наследство. Едната е да се зачува ова единствено природно и културно богатство со кое располагаме, што пак ќе донесе вистински бум во развојот на туризмот и онаа другата визија за иднината нејзин див, неконтролиран развој, нелегални градби, непочитување кон животната средина и иднина во која ќе го уништиме природното и културно богатство кое го имаме, кажа Евро амбасадорот Дејвид Гир, при неговата посета на Општина Дебрца.Што треба да се направи? Сите заеднички...
