Skip to main content

Автор: инфодеск

Откриена бесправна сеча на огревно дрво во Лешани и Велмеј

Post Views: 592 На ден 18.03.2023 година, шумочуварската служба од Подружницата Галичица во Охрид во заедничка акција со Шумската полиција од Охрид, на м.в. Никутинец, атар на село Лешани, откри бесправна сеча на огревно дрво во количина од 10 метри просторни.Истиот ден, друга патрола на Шумската полиција од Охрид, во атар на селото Велмеј, откри исто така бесправна сеча на огревно дрво.Бесправно посечената дрвна маса е одземена и записнички предадена во Подружницата Галичица во Охрид. И за двата случаи ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежните органи.

Продолжи со читање

Не наседнувајте на SMS порака со линк од лажен сајт на УЈП

Post Views: 544 Управата за јавни приходи информира дека кон граѓаните се испраќаат СМС-пораки со кои се бара да извршат задолжителна пријава на лажна веб-страница https: ujp-gov.mk/potvrda.СМС пораката од број од мобилен е со содржина: УЈП: Извршете ја задолжителната пријава https://ujp-gov.mk/potvrda. На линкот има повеќе форми каде што се бара да се пополнат лични информации (име, презиме, адреса, итн, детали од платежна картичка и слики од документи). “–Никако не отворајте ја оваа лажна веб-страница бидејќи од вас бара да пополните полиња со вашите лични...

Продолжи со читање

Казнети 16 пешаци во Охрид, 13 во Струга

Post Views: 242 На 03.04.2023 во периодот од 10.00 до 15.00 часот, преземени се сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид.Притоа, полициските службеници затекнале 32 пешаци кои небезбедно преминувале коловоз надвор од обележан пешачки премни или минувалиште (Охрид-16, Струга-13, Кичево- 3). Против нив биле поднесени соодветни платни налози – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Се одржува јавната чистота на повеќе локации низ градот и околината

Post Views: 354 Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ денеска реализираа низа активности за одржување на јавната чистота на повеќе локации низ Охрид и околината.Беше извршено чистење на дива депонија во близина на метеоролошката станица. Подигнат е расфрлан отпад покрај патот до с.Елшани, се чистеше и метеше во селото и населба Лагадин, како и во с.Косел во близина на реката. Екипите го подигнаа натрупаниот отпад од езерските бранови во крајбрежниот појас плажа Грашница, месноста „На Дол” Трпејца , плажата кај Љубаништа во близина на река Черава и градски кеј. Се...

Продолжи со читање

Стружанец нападнат со тврд предмет во Орман

Post Views: 487 На 03.04.2023 во 10:45 часот во СВР Охрид, од Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо”, пријавено е дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.И.(42) од Струга.Според пријавеното, на 02.04.2023 во селото Орман. А.И. бил нападнат со тврд предмет од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Стружанецот Даниел Шикоски првиот театарски режисер со хендикеп во земјава

Post Views: 447 Стружанецот Даниел Шикоски е првиот театарски режисер со хендикеп во последните педесет години во земјава, кој дипломирал со просек 10.Има три факултетски дипломи, театарска драматургија, академија за филмско сценарио и новинарство. Работи на магистратура за театарска режија.Неговиот оштетен вид не го попречува до целта, вели сака да докаже дека и лицата со попречености може да бидат успешни и самостојни.Ништо не е тешко ако се сака, бидејќи најголемата препрека пред успехот е стравот. Кога ќе влезеш во некоја работа и кога ќе го поминеш тој страв си...

Продолжи со читање

Облачно со врнежи од дожд и во следните два дена

Post Views: 273 Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, на планините и некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.Минималната температура ќе биде од – 2 до 4 степени, а максималната температура од два до 13 степени.Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во следните два дена времето ќе биде променливо облачно и студено со повремени слаби врнежи кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег. Ќе дува...

Продолжи со читање

Цар Борис Трети избришан од Централен регистар

Post Views: 259 Бугарскиот културен центар „Цар Борис Трети“ од Охрид утрово е избришан од Централниот регистар, откако министерот за правда Кренар Лога на 30 март го потпиша решението со кое се забранува здружение да го користи името на оваа контроверзна личност.Централен регистар денеска постапи по одлуката на Лога, која  доаѓа откако Владината Комисија за употреба на имиња на историски личности, даде негативно мислење со образложение дека  именување на здружението со таков назив предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество....

Продолжи со читање

Научни истражувања во пештерите на НП Галичица

Post Views: 244 Во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“, поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, во тек се комплексни научни истражувања во пештерите во Националниот парк Галичица.Експертски тим од Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ – Скопје спроведува спелеолошки, биоспелеолошки, петрографски и микроклиматски испитувања во пештерите на Галичица. Тимот работи на утврдување на состојбата на пештерските екосистеми и на...

Продолжи со читање

Јавен оглас за поставување билборди и информативни табли

Post Views: 487 Врз основа на Програмата за поставување на урбана опрема на територијата на општина Охрид („Сл.Гласник на општина Охрид“ бр.14/22)  и Записник од Комисија за одлучување по барања за поставување урбана опрема како дополнение на годишната програма за поставување урбана опрема бр. 09-629/2 од 17.01.2023 година, како и врз основа на член 4 од Одлуката за поставување урбана опрема – рекламни паноа- билборди и информативни табли на канделабри на подрачјето на општина Охрид („Службен гласник на општина Охрид“ бр. 1/23 ), а во со гласност со Одлуката за утврдување на...

Продолжи со читање

Се поставува нова водоводна линија на ул. Браќа Миладиновци

Post Views: 282 Екипи на ЈП „Водовод“ започнаа со градежни активности за изведба на нова водоводна линија на улица „Браќа Миладиновци“.Се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф63 мм во должина од 135 метри. Активностите се со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите – информира градоначалникот Кирил Пецаков.

Продолжи со читање

Кривична против жител на Калишта за бесправно градење

Post Views: 358 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против М.Е.(69) од село Калишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „бесправно градење”.Во февруари 2022 во Струга, пријавениот во својство на инвеститор започнал со изведување на доградба на деловен објект, спротивно на основниот проект – информираат од МВР.

Продолжи со читање