Автор: инфодеск
Views: 81 Симона Ѓорчева, музички менаџер и режисерот Ненад Витанов се новите селектори на музичкиот и драмскиот дел од програмата на НУ „Охридско лето“.Директорот Ѓорѓи Цуцковски најави дека заедно со селекторите ќе создадат свежа, интересна и квалитетна програма. Вели дека ќе се залага да се искористи високиот уметнички кадар од Европа а ангажманот на Симона Ѓорчева во Македонија е прв пример за тоа. Според него нејзиниот придонес ќе биде од огромно значење во создавањето на една нова, модерна и креативна културна вредност како дел од вековна традиција на Фестивалот.„Со...
Водокрст, подготвување за празникот на Светлините – Богојавление
Views: 59 Ден пред големиот христијански празник Богојавление – Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет.Празникот е познат под имињата Водокрштение и Водокрст или Водопост, како ден на строг пост, во кој се пости само на вода.Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот. Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ. Празникот е востановен во спомен на некогашните обичаи кои се изведувале на тој ден, кога биле крштевани луѓето кои го примиле христијанството.Денот на крштевањето на Исус...
Студено и сончево
Views: 61 Претпладне студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот сончево со мала до умерена облачност.Во деновите од викендов ќе преовладува стабилно време со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула, а дневните ќе бидат во постепен пораст. По котлините ќе има појава на магла и таму дневните температури ќе остануваат пониски. Од понеделник ќе има зголемување на облачноста, а локални врнежи од дожд, на планините од снег се очекуваат во текот на ноќта кон вторник и во вторник преку денот,велат од УХМР.Во Охрид денес температурите ќе се движат во...
Кумства и водичарски традиции во охридското село Свиништа
Views: 296 Празникот Водици (Богојавление) народот го празнува како еден од најголемите христијански празници, затоа што на тој ден Спасителот Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во водите на реката Јордан. Во охридските села Водици се прославува во таканаречени кумства, кои се формирани по роднинска линија или по маала. Во планинското село Свиништа овој празник има посебно значење за мештаните. Се прославува во седум кумства или компании. Во кумството на стариот свинишки род на староседелци Аџиовци, кое брои 30 фамилии, подготовките траеја преку целата...
За Водици бесплатен паркинг
Views: 86 ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста дека на ден 19. 01. 2025 (недела) јавниот градски паркинг со кој стопанисува претпријатието ќе е бесплатен за сите нејзини корисници. Одлуката традиционално се носи во име на големиот христијански празник Богојавление – Водици. ЈП “Билјанини Извори” на сите учесници на неделниот настан им посакува мирно езеро и добро здравје, стои во соопштението на претпријатието.
Собрани се средствата за помош на Ана Радеска
Views: 74 Охриѓани уште еднаш ја докажаа својата хуманост и собраа средства за помош на 16-годишната Ана Радеска, наша сограѓанка која боледува од ретката болест Аrnold Цhiari Мalformation и треба итно да се оперира во Бамберг, Германија.– Благодарение на сите вас, Ана на крајот на месецов ќе замине на потребната операција. Од срце ви благодариме за вашата хуманост и големина која ја покажавте, велат од семеството Радески.
Вечерва во 18 повторно навиваме за Македонија во борба против холанѓаните
Views: 108 Македонската ракометна репрезентација вечерва од 18 часот во Вараждин се подготвува за нова битка на Светското првенство 2025. По храбриот и инспиративен натпревар против силната Унгарија, нашите ракометари се подготвени да се соочат со уште еден предизвик – брзата и незгодна селекција на Холандија.По одличното издание против фаворизираната Унгарија, избраниците на Лазаров и вечерва ќе се сретнат со селекција која ќе ја има улогата на фаворит. Но нашите ракометари на премиерата покажаа дека со поддршка од македонската навивачка фаланга, која е се побројна во Вараждин можат...
Починаа новороденчиња близначиња во прилепско
Views: 64 Две новороденчиња, близначиња, на околу 20-тина дена старост починале вчера околу пладне, а јавен обвинител од основното јавно обвинителство од Прилеп нареди обдукција за да се утврди причината за нивната смрт. Според јавниот обвинител Стевчо Биноски, новороденчињата, машко и женско, биле во тешка здравствена состојба. Семејството од домот во прилепското село Славеј повикало Итна помош.„Семејството живее во екстремно лоши услови и има уште три деца. Наредив обдукција за да се утврди причината за смртта на новороденчињата. Известени се надлежните, меѓу кои и Центарот за...








